За повеќето луѓе, Ориент Експрес е повеќе идеја отколку материјален ентитет. Неговото постоење најмногу ни го доближи Херкул Поаро, решавајќи го најпознатиот случај токму во Ориент Експрес. Но како изгледал вистинскиот Ориент Експрес и како станал толку мистериозен и интригантен? Во 1883 година бил поставен патот кој ги поврзувал Париз и Истанбул (во тоа време нарекуван Константинопол). Возот, наречен „Експрес Ориент“, тргнувал од Париз до Истанбул, преку Стразбур, Минхен, Виена, Будимпешта, Букурешт, Белград, Ниш и Пловдив. Ова бил првиот луксузен воз во Европа. Иако патувањето од Париз до Истанбул траело речиси 68 часа, брзо станало популарно меѓу европската аристократија, а во 1891 година Експрес Ориент станува Ориент Експрес.