Создадени за најголемите фанатици и богаташи - Кои се 10 најскапи автомобили во светот?

Во светот може да се најдат многу различни видови на скапи автомобили, па дури и такви на кои не може да им се одреди цената.

Koi-se-10-najskapi-avtomobili-vo-svetot-01.jpg

Тоа се најчесто автомобили направени или модифицирани по специјална нарачка или станува збор за само еден модел на автомобил направен за специјален купувач, којшто често пати не може ни да се регистрира. Затоа е и очекувано тие автомобили да имаат астрономски цени.

За разлика од нив, подолу може да ги погледнете најскапите автомобили на светот, а доколку имате многу пари за фрлање, би можеле да ги купите и вие и да ги возите на улица редовно регистрирани:

10. Lamborghini Centenario LP 770-4

Моделот е произведен по повод 100-годишнината од основачот на компанијата Феручио Ламборџини и чини 1.9 милиони долари.

Koi-se-10-najskapi-avtomobili-vo-svetot (10).jpg

9. Koenigsegg Regera

Овој хибриден суперавтомобил има 1500 коњски сили и ќе ве чини 2 милиони долари.

Koi-se-10-najskapi-avtomobili-vo-svetot (9).jpg

8. Koenigsegg One: 1

Уште еден шведски суперавтомобил на листата, овојпат со само 1340 коњски сили, но лимитирана серија од само 6 автомобили, па затоа и цената е 2 милиони долари.

Koi-se-10-najskapi-avtomobili-vo-svetot (8).jpg

7. Bugatti Chiron

Подновената верзија на претходниот модел на Бугати има мотор од 8000 кубика и 1500 коњски сили, а за да го добиете ќе мора да издвоите 2.5 милиони долари.

Koi-se-10-najskapi-avtomobili-vo-svetot (7).jpg

6. Ferrari F60 America

Овој модел е направен за да се обележи 60-годишнината од постоењето на Ферари во Северна Америка и произведени се само 10 парчиња, секој по цена од 2.5 милиони долари.

Koi-se-10-najskapi-avtomobili-vo-svetot (6).jpg

Продолжува на следната страна...



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg