Volvo Cars Road Show - Гамата на Volvo на патување низ Македонија
Викендов кој измина, претставници од медиумите имаа шанса да се запознаат со Volvo XC40, XC60, V60 и S90 на првото Volvo Cars Road Show во организација на Volvo Cars Macedonia.
Се возеше по маршута Скопје – Штип – Струмица – Дојран – Скопје и секој од медиумите имаше можност да се запознае со карактеристиките на автомобилите од гамата на Volvo Cars. На прес-конференцијата која се одржа на половина од патувањето, во Дојран, Филип Поповиќ од Volvo Cars Macedonia не запозна со плановите на компанијата: „Би сакал да истакнам дека сум сигурен дека овие киломентри кои ги поминавте викендов Ви се најбезбедно извозените километри во Македонија, благодарение токму на Volvo.“ – рече Поповиќ.
Менаџерот го најави официјалното отворање на новиот Volvo Centar на ул. Перо Наков бр.25 за втората половина на месец мај, заедно со пристигнувањето на новиот модел Volvo S60. Поповиќ не ја пропушти приликата да ја истакне новата ценовна политика на брендот во Македонија (фер и коректна!), како и пониските цени за редовен сервис и одржување на автомобилите, како на новите, така и оние од постарите генерации Volvo.
Воедно, ги повика сите сопственици на автомобили Volvo да го посетат сервисот на Премиум АГС лоциран на ул. Перо Наков бр.25 и да се запознаат со својот нов Volvo советник. При првата посета, бесплатна е комплетната проверка и компјутерска дијагностика.