Премиера на еден од најпопуларните модели на BMW - BMW Серија 3

Легендарниот BMW Серија 3, никогаш не изгледал подобро. Моќен спој на две вистински легенди: Влатко Стефановски и BMW Серија 3.

premiera-na-eden-od-najpopularnite-modeli-na-bmw-bmw-serija-3-01.jpg

Скопје, 28.03.2019 - Поатрактивен од било кога, новиот BMW Серија 3 седан ја доживеа својата македонска премиера. Компанијата М Кар, ја претстави седмата генерација на спортскиот седан. Зрачејќи со динамичен дизајн, агилно управување, исклучителна ефикасност и иновативни елементи на опремата, новиот BMW ги присвојува сите карактеристики што се белег на еден BMW модел, а потоа неколкукратно ги подобрува. Седанот не само што го претставува јадрото на гамата на BMW Серија 3, туку е и срцето на BMW брендот.

BMW Серија 3, автомобил кој е продаден во повеќе од 15 милиони примероци ширум светот, за многумина беше и остана врвот на сите спортски седани. Новиот BMW Серија 3 седан доаѓа со значително зголемена спортска маестралност, нов дизајнерски јазик, опширни подобрувања во неговиот премиум амбиент и пионерска технологија за помош при возење, контрола и поврзување. Се карактеризира со сосема нови интерпретации на традиционалните елементи на дизајнот како "Хофмаистер Кик", бубрезите и фаровите.

premiera-na-eden-od-najpopularnite-modeli-na-bmw-bmw-serija-3-02.jpg

Компанијата М Кар воедно го претстави и најновиот проект на македонска музичка легенда, Влатко Стефановски и легендарниот BMW модел. Познтатиот музичар, креираше своја верзија на препознатливото BMW звучно лого, кое увозникот го промовираше со кампања за новиот BMW Серија 3 Седан.

Денеска, покрај лансирањето на новиот BMW Серија 3 на македонскиот пазар, ви претставуваме едно афтентично звучно лого креирано од Влатко Стефановски за BMW. Влатко од неодамна е наш задоволен клиент и член на BMW семејството, на што сме особено горди и задоволни од фактот што тој откако имаше време да го проба и искуси неговиот BMW автомобил, иако не станува збор за BMW Серија 3, од него имаме само пофални критики, изјави Марко Јовановски- генерален директор на М Кар, на официјалната промоција.

premiera-na-eden-od-najpopularnite-modeli-na-bmw-bmw-serija-3-03.jpg

„Пред година дена ми дојде време да сменам автомобил и откако ги прошетав сите салони во нашиот град, мојот избор беше BMW X1. Помина една година откако го купив овој автомобил и досега имам поминато скоро 30.000 км, што зборува за моето интензивно патување и големото задоволство при возењето на тој автомобил. Сум возел многу брендови пред BMW и сум пробал многу автомобили, имам големо искуство во возењето и патувањето и морам да кажам дека од се што сум возел досега, ова искуство на возење BMW е неспоредливо со ништо друго. Каде и да тргнам стигнувам релаксиран, одморен и со минимум стрес. Затоа оваа наша соработка е на обострано задоволство.“ изјави познатиот музичар Влатко Стефановски, на официјалната промоција.

BMW Серија 3 повеќе од 40 години претставува олицетворение на концептот за спортско задоволство во воз ењето во глобалната премиум-класа со средна големина. Влатко Стефановски, со музичка кариера подолга од 40 години, е еден од најголемите македонски музичари на сите времиња. Со оваа уникатна изведба на препознатливото звучно лого на BMW од страна на Влатко, чест ни е да ја обелодиниме нашата симболична соработка со Влатко, кој како пријател на куќата ќе биде присутен во нашите активности оваа година, изјави Билјана Колемишевска, на официјалната промоција.

premiera-na-eden-od-najpopularnite-modeli-na-bmw-bmw-serija-3-04.jpg

Новиот дизајнерски јазик на BMW го прикажува модерниот и динамичен карактер на новиот BMW Серија 3 седан со прецизно повлечени линии и впечатливо обликувани површини. Тој е подолг за 76 милиметри од својот претходник, поширок за 16 милиметри и само 1 mm повисок. Меѓуоскиното растојание на автомобилот што е подолго за 41 милиметар и зголемената ширина на растојанието меѓу тркалата (предни + 43 mm, задни: 21 mm), пак, имаат директно и позитивно влијание врз неговото држење и агилност.

Големата BMW полукружна маска и предните светла што почнуваат од неа се доминантните теми на предниот дел на автомобилот. Нивната препознатлива двонасочна поделба е акцентирана од привлечен засек во предниот браник што се издигнува во обликот на предното светло.  Најголемо внимание се посветува на новиот 10.25-инчен централен информативен екран кој е прикачен на инструмент таблата. Квалитетот на материјалот и дизајнот на секој внатрешен елемент е на највисоко ниво досега во BMW Серија 3.

premiera-na-eden-od-najpopularnite-modeli-na-bmw-bmw-serija-3-05.jpg

Помеѓу најважните карактеристи во иновација се: head-Up дисплеј со поголема површина на проектирање (+ 70%); Голем избор на системи за помош на возачот; BMW Live Cockpit Professional со BMW оперативен систем 7.0; Интелигентен личен асистент; Дигитален клуч; BMW Ласерски светла; Асистент за враќање во рикверц.

Почетните модели од понудата се 320i, 330i (190 КС или 252 КС)  318d, 320d, 320dx, 330d. Oд средина на месец јули, се очекуваат и M340i xDrive и 330e plug-in hybrid (ултраспортска BMW M Performance верзија и особено ефикасен модел со plug-in хибриден погонски систем.)

Новиот BMW Серија 3 е веќе во продажба, со почетната цена од 38.900,00 евра, за моделот 318d.

premiera-na-eden-od-najpopularnite-modeli-na-bmw-bmw-serija-3-06.jpg

premiera-na-eden-od-najpopularnite-modeli-na-bmw-bmw-serija-3-07.jpg

premiera-na-eden-od-najpopularnite-modeli-na-bmw-bmw-serija-3-08.jpg

premiera-na-eden-od-najpopularnite-modeli-na-bmw-bmw-serija-3-09.jpg

premiera-na-eden-od-najpopularnite-modeli-na-bmw-bmw-serija-3-10.jpg

premiera-na-eden-od-najpopularnite-modeli-na-bmw-bmw-serija-3-11.jpg

premiera-na-eden-od-najpopularnite-modeli-na-bmw-bmw-serija-3-12.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg