Видео запис од отворањето на новиот продажен салон на Kia Motors Macedonia во Струмица
Погледнете како изгледаше свеченото отворање на Новиот продажен салон на Kia Motors Macedonia во Струмица на ден 29.03.2019 петок.
Во присуство на долгогодишни соработници, медиуми и пријатели на импортерот, отворањето на салонот беше проследено со обраќање на Генералниот Директор на КММ, г-дин Владимир Билбилов, кој ги најави новитетите за оваа година – сосема новиот ProCeed кој ќе пристигне во Shooting Brake конфигурација и долгоочекуваниот целосно нов кросовер Kia Niro кој ќе се нуди како конвенционален хибрид, плаг-ин хибрид или во целосно-електрична изведба.
Покрај овој продажен салон, директорот го најави и понатамошното проширување на продажната мрежа на КММ и во други градови ширум државата се со цел КММ да продолжи со најдобриот третман за своите клиенти во продажно – сервисниот сектор во автомобилската индустрија.
Посетете го новиот продажен салон на КММ во Струмица на улица бр.315 Градошорци, општина Василево.