Volvo Cars – Freedom to Move во Скопје
На денешната средба со претставници на медиумите, ексклузивниот увозник на Volvo за Македонија – Премиум АГС истакна дека е вистинско задоволство што за првпат во Македонија еден бренд се претставува со модерен Pop Up Showroom, изграден по највисоки стандарди. Во текот на три дена, од Volvo Cars Macedonia очекуваат преку 100 тест возења на сите модели на Volvo, како и повеќе илјади посетители.
Освен што за првпат на едно место се достапни за тест возење сите модели на Volvo, хајлајт е и фактот што за првпат во Македонија, публиката може да се запознае со новите S60 и V60 Cross Country.
Од Volvo Cars Macedonia најавија дека во финална фаза е и изградбата на првиот специјализиран салон за Volvo во Македонија, а очекуваат свеченото отворање да биде во текот на месец јуни.
Freedom to Move караванот ќе биде поставен пред Skopje City Mall и во четврток од 10:00 часот изутрина, а освен што можете да ги разгледате автомобилите и да направите тест возење, можете да се запознаете и со E.V.A. Иницијативата на Volvo – проект кој има за цел еднакви возила за сите.
Volvo Cars преку E.V.A. Иницијативата ги сподели со целиот свет драгоцените податоци од нивните 40-годишни тестови и истражувања во областа на безбедноста, а од сега секој може да учествува и во специјалниот натпревар на Volvo – да придонесе за безбедноста во сообраќајот и да добие награда: патување во Гетеборг – Шведска.
Во Pop Up салонот на Volvo пред Skopje City Mall, побарајте го специјалниот формулар за учество во натпреварот, дајте ја Вашата идеа која мислите дека може да придонесе во безбедноста на сообраќајот и можеби токму Вие ќе бидете наградени со патување за двајца во Гетеборг – Шведска, домот на Volvo Cars.