„Операциите на отворено срце се едни од најкомплексните зафати во хирургијата, поради итноста на оперативниот зафат и не е исто како планирана операција на срце. А најмладиот пациент со срцев удар, кој за среќа преживеа, беше пред повеќе од 15 години, кога работев во тогашната Кардиохируршка болница, и беше на само 16-годишна возраст“, вели за CRNOBELO.com, кардиологот Д-р Маја Врчаковска.