„Сакав да си го одземам животот по несреќата, но добив втора шанса“: Златко од Виница по ампутацијата на нозете инспирира со храброста

„Во болница сум бил донесен во клиничка смрт. Ме оперирале и префрлиле на интензивна нега со ампутирани нозе. Ме ставиле во вештачка кома, бидејќи следувала уште една операција. Јас дознав дека ми ги ампутирале нозете откако се разбудив по втората операција. Тоа беше голем шок. Докторот ми објасни дека тоа бил единствениот излез за да ми го спасат животот“, раскажува Златко Ѓорѓиев (37) кој доживеа несреќа во Швајцарија по која остана без нозе.

sakav-da-si-go-odzemam-zhivotot-koga-ostanav-bez-noze-no-odluchiv-da-zhiveam-za-najbliskite-zlatko-od-vinica-inspirira-so-svojata-prikazna-01.jpg

Златко Ѓорѓиев (37) од Виница веќе 8 години живее во Фулинсдорф, Швајцарија со сопругата и двете деца. Таму создале убав живот за себе, кој им се смени во само еден краток миг, кога Златко доживеа несреќа по која му беа ампутирани двете нозе. 

Кога дознал дека останал без нозе, тој дури и помислил да си го одземе животот. Но, денес е среќен што е жив и покрај семејството.

Не ја губи надежта и верува дека го чека подобро утре откако ќе добие протези и повторно ќе почне да оди.

Сега, преку својот профил на Инстаграм, Златко постојано објавува инспиративни пораки и си дава сила на себе, но и мотив на другите да не се откажуваат.

За CRNOBELO.com, овој млад човек со многу емоции ја раскажа својата инспиративна и храбра приказна.

Вели сега го живее својот втор живот и се надева дека ќе ги мотивира оние што се нашле во слична ситуација да не се откажуваат, колку и да им изгледаат работите тешки во животот.

sakav-da-si-go-odzemam-zhivotot-koga-ostanav-bez-noze-no-odluchiv-da-zhiveam-za-najbliskite-zlatko-od-vinica-inspirira-so-svojata-prikazna-08.jpg

Инспиративната приказна на Златко:

Кога и како се случи несреќата во која ги загуби двете нозе?

Уште кога ќе помислам на денот, си велам „Добро што не беше петок“. Несреќата се случи на 13 март 2023 година.

Работам како возач на кипер и тука законски е пред да тргне камионот, истиот треба да биде исчистен за да не паѓа материјал по асфалтот при возење.

Така, чистејќи го задниот дел, истиот багер што ме натовари, крена наназад и не виде дека стојам зад него.

Беа секунди во прашање, немав време да се поместам и единствено ми остана да скокнам колку што можам нагоре.

Багерот само ми ги приклешти нозете под колената.

За среќа, брзата помош реагираше брзо и во рок од 15-20 минути веќе бев преместен во Универзитетската болница во Базел.

sakav-da-si-go-odzemam-zhivotot-koga-ostanav-bez-noze-no-odluchiv-da-zhiveam-za-najbliskite-zlatko-od-vinica-inspirira-so-svojata-prikazna-10.jpg

Дали беше свесен пред да ти ги ампутираат нозете и лекарите ти кажаа дека мора да го направат тоа, или те оперираа веднаш по несреќата без твое знаење, а за да ти го спасат животот?

Во болница сум бил донесен во клиничка смрт и веднаш префрлен во оперативна сала.

По повеќечасовна операција сум префрлен на интензивна нега со веќе ампутирани нозе и ставен во вештачка кома до наредниот ден, бидејќи следуваше уште една операција.

Јас дознав откако се разбудив од втората операција.

Главниот доктор што ја водеше операцијата ми образложи сè и ми објасни дека тоа бил единствениот излез за да ми го спасат и продолжат животот.

Иако повредата била под колената, морале да амутираат над нив за да спречат инфекција.

sakav-da-si-go-odzemam-zhivotot-koga-ostanav-bez-noze-no-odluchiv-da-zhiveam-za-najbliskite-zlatko-od-vinica-inspirira-so-svojata-prikazna-06.jpg

Која ти беше првата помисла кога дозна дека остана без нозе? Како ти влијаеше тоа психички?

Тоа беше голем шок. Сопругата беше до мене кога се разбудив и дознав за страшната вистина.

Помислив „До тука било“. Во главата ми се вртеа секакви мисли, дури и најлошите. Таа вечер сакав дури и животот да си го одземам.

Во разговор со стручен тим сфатив дека, да, ги загубив нозете, но тука сум, моето срце уште чука, можам да ги прегрнам најблиските да разговарам со нив.

Сфатив и дека и од тоа има полошо.

Одлучив да живеам за мене, за мојата фамилија, за најблиските.

Веќе од наредниот ден почнав да го живеам мојот втор живот.

sakav-da-si-go-odzemam-zhivotot-koga-ostanav-bez-noze-no-odluchiv-da-zhiveam-za-najbliskite-zlatko-od-vinica-inspirira-so-svojata-prikazna-07.jpg

Кој ти е најголема поддршка од тогаш до денес?

Семејството. Сопругата ми беше втор психијатар.

Ме натера да сфатам дека тука не е крајот.

Има многу луѓе што живеат со ампутации, а јас ќе бидам најдобриот.

sakav-da-si-go-odzemam-zhivotot-koga-ostanav-bez-noze-no-odluchiv-da-zhiveam-za-najbliskite-zlatko-od-vinica-inspirira-so-svojata-prikazna-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
По ампутацијата на двете нозе, Златко од Виница повторно вози автомобил: „Командите се на воланот, о... „Земав часови за возење со рачни контроли за гас и сопирачка. Воопшто не ги кори...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...
Марија од Радовиш 10 години е во количка: „Не дозволив тоа да ми е пречка во животот - возам АТВ, ма... „Мобилноста ја изгубив како последица на тешка сообраќајна несреќа. Пред по...
Сташа Божиновска ја преточи азбуката во накит: „Ова е мој личен обид да го зачувам богатството на ма... „Кога имав 14 години, татко ми одлучи да ја продаде семејната компанија „Бо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg