Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ја завршам кариерата“

„Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариерата. Ноќта ми се јави брат ми, да ми каже дека татко ми починал. Тој боледуваше, но ни на крај памет дека може да се случи најлошото. Бев во дилема дали да играм или не, но на крај одлучив да играм покрај сета тага и болка. Добив некоја дополнителна сила, го освоивме првенството и по натпреварот веднаш дојдов дома на неговиот погреб“, вели нашата ракометна легенда Кире Лазаров за CRNOBELO.com.

kire-lazarov-so-karolina-bevme-partneri-za-matura-poradi-pogreshna-dijagnoza-mislev-deka-porano-kje-ja-zavrsham-karierata-01.jpg

Кире Лазаров, селекторот на македонската ракометна репрезентација и некогашен капитен на националниот тим, е еден од најдобрите ракометари на сите времиња. На кариерата можат да му позавидат многу спортисти од цел свет. А тој, иако можеше да избира што понатаму, реши да се врати во Скопје и да биде тренер на РК „Алкалоид“.

Во Скопје со него се врати и целото семејството. Синот Благојче и ќерката Лана одлично се прилагодиле на животот тука, по годините поминати низ Европа.

Со децата и со сопругата Љубица го минува секој слободен миг. Па како семејство неретко знаат да седнат во кафеана низ градовите во Македонија, на убава храна или лезетско кафе, и едноставно да уживаат.

kire-lazarov-so-karolina-bevme-partneri-za-matura-poradi-pogreshna-dijagnoza-mislev-deka-porano-kje-ja-zavrsham-karierata-13_copy.jpgНа разговор со Кире Лазаров

А Кире, и покрај тоа што е еден од најголемите, со кариера и резултати што уште долго никој нема да ги надмине, во разговорот е пријатен, искрен и насмеан.

Со многу љубов зборува за семејството и за спортот. Но и за приватниот живот, за брат му, за победите и поразите кои го болат.

И првпат во интервју за CRNOBELO.com, Кире раскажа и за моментот кога помислил дека предвреме ќе мора да ја заврши кариерата, а за кој вели дека му бил еден од најстрашните во животот.

„Лекарите ми рекоа дека имам тромб и тука е крајот на кариерата. Ова не сум го кажал никому, го нема дури ни во автобиографијата“, искрен е Лазаров.

kire-lazarov-so-karolina-bevme-partneri-za-matura-poradi-pogreshna-dijagnoza-mislev-deka-porano-kje-ja-zavrsham-karierata-16.jpg.jpg

Прочитајте го целото интервју:

Иако си еден од најдобрите светски ракометари на сите времиња, вистина ли е дека како дете си бил поталентиран за кошарка, но ете, друштвото пресудило да почнеш со ракометот?

Кошарката ми беше прва спортска љубов, затоа што за кошарка е доволно само еден кош и да играш во маало, на улица. А со ракометот не можеш, потребни се повеќе играчи.

Воопшто не жалам што на крај го избрав ракометот, но не се сомневам дека и да бев кошаркар и таму ќе го постигнев можеби скоро истиот успех затоа што бев талентиран. Кошарката како спорт повеќе ме привлекуваше.

Но, друштвото ми беше ракометно, а татко ми во тоа време беше ракометар, тренер, и едноставно, друштвото ме зарази да почнам со ракомет. Се инфицирав и го засакав како спорт, но додека играв секогаш употребував кошаркарски елементи во мојата игра, а луѓето го препознаваа тоа.

kire-lazarov-so-karolina-bevme-partneri-za-matura-poradi-pogreshna-dijagnoza-mislev-deka-porano-kje-ja-zavrsham-karierata-11_copy.jpg

Од почетокот го носеше бројот 7 на својот дрес. Вистина ли е дека си го избрал поради Тони Кукоч? И дали сега кога не играш во репрезентацијата, ќе го повлечат овој број, како што прават во чест на најголемите фудбалски, ракометни и кошаркарски ѕвезди?

Имав повеќе спортски идоли во животот и некои од нив го носеа бројот 7. Еден од нив е Кукоч, левучар, кој во тоа време играше во „Југопластика“ од Сплит.

Седумката ми е убава и како бројка, и ја носев на дресот на македонската репрезентација повеќе од две децении.

Мислам дека нема да има официјално повлекување, но кој и да ја земе таа бројка нема да се чувствува лагодно, бидејќи ќе се бара многу од него.

viber_image_2023-05-25_21-25-39-786_copy.jpg

Во средно училиште учеше во ист клас со Каролина Гочева, и тоа јавноста го дозна на промоцијата на твојата автобиографија „Секогаш на победа“. Како изгледаа твоите средношколски денови? Бевте ли блиски со Каролина, се дружевте ли?

Со Каролина седевме во иста клупа, а бевме и партнери за матура.

Во тоа време таа беше поголема ѕвезда од мене. Јас бев млад ракометар на своите почетоци, а таа веќе беше етаблирана пејачка, квалитетна и многу популарна.

И нејзините и моите обврски беа толку многу големи што ретко се гледавме на училиште. Да се натпреварувавме кој ќе имаше повеќе изостаноци поради обврските што ги имавме, мислам дека тоа ќе беше мртва трка.

И денес комуницираме, знаеме да испиеме кафе понекогаш, да си честитаме за некои наши успеси на социјалните мрежи.

kire-lazarov-so-karolina-bevme-partneri-za-matura-poradi-pogreshna-dijagnoza-mislev-deka-porano-kje-ja-zavrsham-karierata-04_copy_copy.jpg

И со сопругата Љубица си од средношколските денови. Како почна вашата љубовна приказна?

Се запознавме во Битола. Живеевме блиску, во иста област во градот. Се дружевме повеќе друштва, а кога се измешавме, некако подобро се запознавме.

Таа учеше во медицинското училиште, јас во гимназија.

kire-lazarov-so-karolina-bevme-partneri-za-matura-poradi-pogreshna-dijagnoza-mislev-deka-porano-kje-ja-zavrsham-karierata-17.jpg.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg