Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ја завршам кариерата“
Истото сега се случува и со мојот син. Тој тренираше ракомет, но пред да се вратиме од Франција, ми рече: „Тато, јас одлучив да престанам да играм“.
Мене ми падна криво. Го прашав зошто решил така, па ми рече: „Мораш да ме разбереш и да ме поддржиш во одлуката, затоа што колку и да сум добар, никогаш нема да бидам како тебе, а сите ќе ме поврзуваат со тебе и ќе велат дека ме форсираш“.
Размислив за тоа што ми кажа и ја прифатив одлуката. Тој се откажа од ракометот, но е квалитетен во другите сфери во животот. Посветен е доста на училиштето и сигурен сум дека ќе биде успешен во сè што ќе прави.
А дали и ќерката Лана го наследи твојот спортски ген?
Таа тренираше професионално гимнастика во Франција, но тука нема такви услови за да продолжи, па сега оди на модерни танци. Но, има спортски ген во неа, ја бива.
Кои порази те болат повеќе, оние кога беше играч или овие сега како селектор на репрезентацијата и тренер на клубот?
Јас и кога бев играч секогаш бев продолжена рака на селекторот, затоа што сакав да помогнам. Добрата атмосфера во тимот е добар предуслов за успех и победа. Тоа го правев многу чесно, им помагав на сите.
А поразите, ме болат подеднакво и едните и другите. Нема некоја голема разлика – репрезентацијата ја чувствувам исто и како играч и како селектор.
Имаш ли време за себе надвор од спортот?
Сакам да пијам кафе во добро друштво, а бидејќи долго време бев отсутен од Македонија, убаво ми е кога ќе излезам некаде со сопругата, децата, со друштвото во ресторан на наша македонска храна и гледам да ги посетам сите добри ресторани низ земјава, а ги има многу.
За да се релаксирам еднаш до двапати неделно одам и до Водно.
А можеш ли слободно да се прошеташ по улица или те застануваат за сликање?
Ме препознаваат да. Чест ми е и мило ми е што е така, и јас секогаш сакам да ги испочитувам.
Од една страна со тоа се троши многу енергија, а од друга, кога ми прави некој чест, колку што можам и колку што ми дозволува времето, сакам да ја возвратам таа почит и љубов што ми ја искажуваат.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
Фото: Приватна архива / Фејсбук / Инстаграм