Сара и Јана, сестри од Скопје на кои хобито им стана мал бизнис: „Сликаме со акрилни бои, во Македонија уметноста се цени“

„Многу често добивавме пораки од пријатели и членови од семејството да нацртаме нешто за нив или за некој нивни близок, најчесто за некој повод, кога сфативме дека сликите што ги објавуваме на социјалните мрежи може да се продадат, хобито се трансформира во мал бизнис“ – раскажува во интервју за CRNOBELO.com Сара Костадиновска, која заедно со нејзината сестра Јана, решиле да отпочнат мал бизнис со сликање уметнички дела.

sara-i-jana-sestri-od-skopje-koi-svoeto-hobi-go-pretvorija-vo-mal-biznis-slikame-so-akrilni-boi-i-platno-vo-makedonija-umetnosta-se-ceni-01.jpg

Сара и Јана Костадиновски од Скопје се две сестри кои делат иста пасија кон уметноста.

Сара (23) е дипломиран економист при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, и моментално работи во сектор финансии во странска фирма во Скопје, а Јана (17) е трета година во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје.

Тие две освен што се сестри, заедно работат на создавање уметнички дела, а нивната љубов кон уметноста придонела да креираат мал бизнис „The painting Duo“.

sara-i-jana-sestri-od-skopje-koi-svoeto-hobi-go-pretvorija-vo-mal-biznis-slikame-so-akrilni-boi-i-platno-vo-makedonija-umetnosta-se-ceni-02.jpg

Во интервју за CRNOBELO.com Сара и Јана раскажуваат како дошле до идеја за тоа да го започнат својот мал бизнис, колку е исплатливо да се занимавате со уметност во Македонија, но и ни откриваат повеќе детали за тоа како своето хоби успеале да го претворат во работа што им носи дополнителни приходи.

sara-i-jana-sestri-od-skopje-koi-svoeto-hobi-go-pretvorija-vo-mal-biznis-slikame-so-akrilni-boi-i-platno-vo-makedonija-umetnosta-se-ceni-04.jpg

Проследете го интервјуто со Сара и Јана во целост:

Од каде љубовта за уметноста и од каде најчесто ја црпите инспирацијата за уметничките дела?

Сара: За да ви одговорам на ова прашање треба да се вратам назад уште во детството. Уште кога памтам за себе знам дека ме фасцинирало сè она што е креативно, a малку посериозно почнав со цртање на модни илустрации во периодот кога бев средно и кога за подарок го добив првиот сет од дрвени боици со 120 нијанси.

Ова ми беше голем поттик и инспирација да продолжам со цртање. Еден подолг период цртав со дрвени боички и имам огромна колекција на цртежи од тогаш, некогаш цртав и за време на часовите додека бев средно па често добивав коментари од професорите дека сум го „утнала школото“.

Со тек на времето интересите ми се менуваа и почнав да експериментирам со разни техники и материјали, за да денес го исполнувам слободното време со сликање платна.

Одвреме-навреме знам да се вратам на дрвените боици и да додадам некој цртеж во колекцијата.

sara-i-jana-sestri-od-skopje-koi-svoeto-hobi-go-pretvorija-vo-mal-biznis-slikame-so-akrilni-boi-i-platno-vo-makedonija-umetnosta-se-ceni-05.jpg

Јана: Јас памтам дека сестра ми ми ги црташе цртежите по ликовно во основно училиште. Немав некакви интереси кон тоа поле како помала, мразев кога требаше да цртам па потоа да бојам и секогаш работев во неред.

Со текот на времето под ненамерно влијание на Сара почнав да цртам со неа.

Изминатите неколку години почнавме да сликаме и платна заедно, истовремено работејќи на две слики кои тематски се поврзани.

Инспирација ни е секојдневието, мотиви од природата, убавите бои на зајдисонцето, Pinterest…

sara-i-jana-sestri-od-skopje-koi-svoeto-hobi-go-pretvorija-vo-mal-biznis-slikame-so-akrilni-boi-i-platno-vo-makedonija-umetnosta-se-ceni-06.jpg

Во продолжение на прашањата одговара Сара:

Како дојдовте до идеја да започнете мал бизнис со продажба на уметнички слики?

Нашата работа почна сосема спонтано и природно.

Она што нè натера да го преземеме финалниот чекор, да го трансформираме нашето хоби во мал бизнис, е побарувачката која ја имавме.

Многу често добивавме пораки од пријатели и членови од семејството да нацртаме нешто за нив или за некој нивни близок, најчесто за некој повод како роденден, матура, некој поголем празник и слично.

Моментот кога сфативме дека сликите што ги постираме на социјалните мрежи може да се продадат, беше поттик хобито да се трансформира во мал бизнис.

sara-i-jana-sestri-od-skopje-koi-svoeto-hobi-go-pretvorija-vo-mal-biznis-slikame-so-akrilni-boi-i-platno-vo-makedonija-umetnosta-se-ceni-08.jpg

Постои ли интерес во Македонија за уметнички слики? Какви слики најчесто се бараат?

Дефинитвно да. Има интерес за уметнички дела во вистинска смисла на зборот, најчесто тоа се апстракции кои подоцна ги красат просториите на клиентите.

Исто така голем интерес има и за слики во поп-арт стил и анимирани ликови.

Морам да издвојам дека анимираните ликови ми се меѓу поомилените за цртање (Круела Де Вил, Бетмен и слично).

Голема побарувачка има и за портрети, и најчесто поставуваното прашање кое го добиваме е токму ова: дали цртаме портрети, и нашиот одговор на ова е дека не се пронаоѓаме во овој стил на слики пред сè поради комплексноста.

sara-i-jana-sestri-od-skopje-koi-svoeto-hobi-go-pretvorija-vo-mal-biznis-slikame-so-akrilni-boi-i-platno-vo-makedonija-umetnosta-se-ceni-07.jpg

Може ли во Македонија да се живее од уметност или пак е неопходно да имате и друга работа што ќе ви обезбеди егзистенција?

Како уметници–аматери кои почнавме да го водиме овој мал бизнис како втора работа, малку потешко е да се замисли егзистенција без дополнителни извори на приход.

Она што е сигурно дека ако станува збор за сериозна работа со уметнички дела, или во други зборови професионално занимање со сликање, тогаш дефинитивно да, со оглед на тоа дека уметноста знае да биде добро ценета кај нас.

sara-i-jana-sestri-od-skopje-koi-svoeto-hobi-go-pretvorija-vo-mal-biznis-slikame-so-akrilni-boi-i-platno-vo-makedonija-umetnosta-se-ceni-11.jpg

Вие сте две сестри, дали има и некој друг во семејството од кого го наследивте талентот за сликање?

Не, никој од нашиот потесен круг на семејството нема интерес кон сликањето, барем од она што знаеме.

Но, затоа најголем критичар е нашиот татко, ги забележува најситните детали и секогаш добиваме искрена критика од него, позитивна, а некогаш и негативна.

sara-i-jana-sestri-od-skopje-koi-svoeto-hobi-go-pretvorija-vo-mal-biznis-slikame-so-akrilni-boi-i-platno-vo-makedonija-umetnosta-se-ceni-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Тони Зен за татковството: „Синот Јасен ме смени на подобро“ „Со Јасен сме како другари. Ако не оди во градинка, цел ден сме заедно, башка и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg