Сара и Јана, сестри од Скопје на кои хобито им стана мал бизнис: „Сликаме со акрилни бои, во Македонија уметноста се цени“

Дали сте завршиле курсеви за сликање или пак сте самоуки?

Самоуки сме во оваа сфера. Малку талент и малку работа на себе, најчесто преку гледање видеа на YouTube се тајната за успех.

Недостатокот на курс и некое формално образование го надополнуваме со постојано учење и работа, бидејќи според мене талентот сам по себе не е доволен за резултатите кои сакаме да ги постигнеме.

sara-i-jana-sestri-od-skopje-koi-svoeto-hobi-go-pretvorija-vo-mal-biznis-slikame-so-akrilni-boi-i-platno-vo-makedonija-umetnosta-se-ceni-14.jpg

Може ли лесно да се стекнат нови информации за нови техники на цртање денес?

Во денешно време сè е лесно достапно на интернет, а за љубопитните тоа е извор на инспирација.

Она што ми е мене посебно интересно е техниката на истурање/прелевање на бои (pouring technique) која со вистинските производи создава уникатни уметнички дела, при што две исти слики не може да се создадат.

Поради тоа е уникатна сама по себе.

Освен класично цртање на платна денес се цртаат разноразни керамички или стаклени производи како саксии, шолји за кафе и слично.

Со дигитализацијата и цртањето добива едно преродување во форма на digital art.

Постојат разни апликации кои дозволуваат експериментирање во овој нов правец, еден период работев и со дигитални слики (кои се дел од моето портфолио и гордо ги чувам) но и тој интерес брзо се изгуби.

sara-i-jana-sestri-od-skopje-koi-svoeto-hobi-go-pretvorija-vo-mal-biznis-slikame-so-akrilni-boi-i-platno-vo-makedonija-umetnosta-se-ceni-17.jpg

Со какви материјали најчесто работите?

Основни материјали кои ги користиме се акрилни бои и платно.

Некогаш знаеме да експериментираме со различни техники и материјали за сликање како пастелни или дрвени бои, лавиран туш и слично, но примарно сликаме со акрилни бои.

Четки, шпатули и други алатки се дел од нашата работа.

sara-i-jana-sestri-od-skopje-koi-svoeto-hobi-go-pretvorija-vo-mal-biznis-slikame-so-akrilni-boi-i-platno-vo-makedonija-umetnosta-se-ceni-14_copy.jpg

Која е најголемата слика што досега сте ја изработиле, а која ви била најголем предизвик?

Најголема слика што ја имаме до сега изработено е со димензии 80×100 cm. Ако добро се сеќавам сликата ја работев околу две недели, секој ден по доаѓање од работа.

Иако големите слики се дел од нашето портфолио, најчесто работиме со помали димензии околу 50×50 cm, според барањата кои ги добиваме.

sara-i-jana-sestri-od-skopje-koi-svoeto-hobi-go-pretvorija-vo-mal-biznis-slikame-so-akrilni-boi-i-platno-vo-makedonija-umetnosta-se-ceni-18.jpg

Секоја нова слика е предизвик сама по себе, пред нас има бела површина која треба да ги исполни очекувањата на клиентите, она што за нас лично е најважно.

Ако морам да одвојам една слика која ми претставуваше особен предизвик е оваа апстракција на платно, пред сè, поради фактот што ова беше нов стил кој за првпат го цртав на поголемо платно. Неизвесноста од финалниот резултат до самиот крај беше присутна, за да на крај коментарите кои ги добивме беа потврда за добрата работа, а во исто време и охрабрување за нас да продолжиме со континуирано подобрување.

sara-i-jana-sestri-od-skopje-koi-svoeto-hobi-go-pretvorija-vo-mal-biznis-slikame-so-akrilni-boi-i-platno-vo-makedonija-umetnosta-se-ceni-10.jpg

Што би им порачале на оние луѓе што сакаат да се занимаваат со уметност, но прифатиле вработување само заради стравот од неизвесното?

Зависно од тоа дали се гледа кон уметноста како кон хоби (пасија) или професија. Ако гледате на уметноста како хоби и нешто што го правите во слободно време, тогаш таа оди во прилог кон вашата „стабилна работа“ како во нашиот случај.

Време секогаш се наоѓа за нешто што те прави среќен.

Но, доколку размислувате за професионално насочување кон уметноста, тогаш посветувајќи го слободното време на истражување и развивање на вашата пасија е неопходно.

Неизбежно дека неуспехот е можен, и стравот секогаш ќе биде присутен, но за почеток добар совет е да се работи на создавање портфолио паралелно со примарната работа, а со тек на време постепено да се разгледаат можностите за скратено работно време (или freelance) сè додека не стигнете до точка каде уметноста ќе стане примарна работа.

sara-i-jana-sestri-od-skopje-koi-svoeto-hobi-go-pretvorija-vo-mal-biznis-slikame-so-akrilni-boi-i-platno-vo-makedonija-umetnosta-se-ceni-12.jpg

sara-i-jana-sestri-od-skopje-koi-svoeto-hobi-go-pretvorija-vo-mal-biznis-slikame-so-akrilni-boi-i-platno-vo-makedonija-umetnosta-se-ceni-21.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Тони Зен за татковството: „Синот Јасен ме смени на подобро“ „Со Јасен сме како другари. Ако не оди во градинка, цел ден сме заедно, башка и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg