Бојан Маровиќ: „Никогаш не сум имал девојка од Македонија, имаше ситуации, ама не се вложив доволно“
- Детали
- недела, 26 март 2023
„Тошка е мој пријател и така ќе биде додека сум жив. Деца бевме и сонувавме. Сакавме и живеевме за музиката. Неговото патување запре, но тој останува вечен во песните и во нашите срца“, вели црногорскиот пејач Бојан Маровиќ во интервју за CRNOBELO.com и додава: „Во Македонија го имав мојот прв солистички концерт во 2005 година, во Универзална сала. Верувај ми, сè уште сум таму кога и да ги затворам очите“.
Црногорскиот музичар Бојан Маровиќ (39) е еден од оние пејачи што постојано се враќаат во Македонија.
Својот прв настап во Скопје го имаше пред скоро 20 години и вели, уште тогаш се почувствувал како да е дома.
Македонската публика, пак, две децении подоцна, и понатаму оди на неговите настапи и ги пее хитовите со кои се прослави, „Više te nema“ и „Tebi je lako“.
Роден е во Подгорица, а завршил факултет за виолончело во Белград. Вели, нема постојана работа, пее, свири и среќен е.
Во интервју за CRNOBELO.com Бојан со многу емоции зборува за работите што го врзуваат за Македонија, за пријателството со Тоше Проески, но и за животот и кариерата...
Често доаѓаш во Македонија. Што те тера постојано да се враќаш тука?
Македонија е земјата каде што го имав мојот прв солистички концерт во 2005 година, во Универзална сала. Верувај ми, сè уште сум таму кога и да ги затворам очите.
Дали ти приоѓаат девојки во кафулиња, во клубови? Колку нивните понуди се безобразни или сè е во нормални граници?
Живеам нормално, како и сите други. Често доаѓаат да се сликаат или разговараат. Тоа е голема почит, да бидам искрен. Само тоа можеш да го побараш од сè срце, да добиеш љубов за тоа што го работиш.
Дали си бил некогаш во врска со девојка од Македонија?
Никогаш не сум била во врска со девојка од Македонија. Имаше моменти, но едноставно, никогаш немав доволно време и не бев доволно посветен за тоа да се случи.
Каков е твојот љубовен статус во моментов? Дали си во врска или сè уште сингл?
Секогаш ја чувам приватноста за себе, не ми се допаѓа некој да влегува во моите четири ѕида. Доволно е што се разголувам низ песната, а статусот ќе го видите наскоро кога ќе излезе новата песна.
Не толку одамна првпат отворено проговори за загубата на татко ти и за растењето без него, за поврзаноста со мајка ти и брат ти… Како ги преброди тие некои најтешки моменти во тинејџерските години?
Таков е животот, те учи на сè на овој или на оној начин. Треба да бидеш свесен дека треба да се трудиш и да работиш на себе дури и кога ти е најтешко. Боли сè, но на крајот ти му возвраќаш со својот став.