Бојан Маровиќ: „Никогаш не сум имал девојка од Македонија, имаше ситуации, ама не се вложив доволно“

Колку ти помогна тоа што ја сподели твојата приказна во јавноста? Дали луѓето кои биле во слична ситуација ти пишуваа, ти приоѓаа, те тешеа, споделуваа свои искуства, те прашуваа за совет?

Ма какво олеснување… Секој што ме познава добро знае дека тој момент од мојот живот ме направи човек создаден од најсилниот материјал.

Но и човек кој многу лесно може да се витка и да е корисен. Јас сум човек кој знае да страда и да се радува, да се весели и да ја разбере тагата, да сака и да биде сакан и да го цени тоа.

Така што, кога Бог ќе ми затвореше една врата, секогаш ми отвораше друга и подобра. За мене не постои „не може“. Има само да одиме понатаму и уште повеќе.

bojan-marovikj-nikogash-sum-nemal-devojka-od-makedonija-imashe-situacii-ama-ne-se-vlozhiv-dovolno-02.jpg

Како музиката се вклопи во целата приказна? Дали можеби пишуваш песни како начин да го извлечеш од себе најдоброто, најлошото, најсреќното и најтажното?

Музиката е моето сè. Тагувам и живеам и се радувам со неа. Пишувам во моментот кога ќе се случи нешто и од тоа правам нешто што е реално и добро. Го сакам тоа што сум и тоа што го правам.

bojan-marovikj-nikogash-sum-nemal-devojka-od-makedonija-imashe-situacii-ama-ne-se-vlozhiv-dovolno-04.jpg

Ти си меѓу оние јавни личности кои не кријат дека имале проблем со опаѓање на косата, а потоа кажа и дека направи трансплантација… Дали ти требаше долго да се одлучиш на тој чекор? Колку си задоволен од изгледот сега?

Имав отповеќе време и затоа го направив сето тоа. Никогаш не го криев тоа, а може сите да видат дека и сега се потстрижувам кратко, едноставно, имам многу помалку работа околу косата. Луѓето се многу професионални и многу се океј.

bojan-marovikj-nikogash-sum-nemal-devojka-od-makedonija-imashe-situacii-ama-ne-se-vlozhiv-dovolno-11.jpg

Што си помислуваш кога денес ќе се видиш во огледало, а потоа ќе погледнеш слики од пред десетина години? Дали во својата рефлексија и денес го гледаш тој шармер кој беше миленик на публиката?

Го гледам Бојан кој може многу повеќе, и Бојан кој е зрел и подготвен. А оној Бојан од пред десет години… хмм… му благодарам што не попушти, што истраја дури и кога многумина го оспоруваа и се откажаа.

bojan-marovikj-nikogash-sum-nemal-devojka-od-makedonija-imashe-situacii-ama-ne-se-vlozhiv-dovolno-13.jpg

Ти беше близок пријател на Тоше Проески. Со него пееше на последниот концерт во Скопје, а по неговата смрт често одиш во Крушево… Какви спомени те врзуваат за Тоше?

Тошка е мој пријател и така ќе биде додека сум јас жив. Деца бевме и сонувавме. Сакавме и живеевме за музиката, а го учевме занаетот од најдобрите.

Сакавме успех во живот и постигнавме многу. За жал, неговото патување запре, но тој останува вечен во песните и во нашите срца.

bojan-marovikj-nikogash-sum-nemal-devojka-od-makedonija-imashe-situacii-ama-ne-se-vlozhiv-dovolno-03.jpg

Кои се твоите планови за во иднина, поврзани со твојата кариера? Дали подготвуваш нова песна, можеби албум?

Иднината е во мои раце, наскоро следува нова песна и неколку проекти кои ќе го направат овој човек уште побогат.

bojan-marovikj-nikogash-sum-nemal-devojka-od-makedonija-imashe-situacii-ama-ne-se-vlozhiv-dovolno-08.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg