Ивет (30) од Скопје: „Син ми имаше 6 месеци, бев без работа и од машината за шиење на мајка ми добив идеја за свој бизнис“

„Ја избришав правта од старата машина за шиење на мајка ми и почнав со истражување. Ги познавав основите на шиењето, како функционира машината, некои почетни чекори на кои мајка ми ме научи кога бев многу љубопитно дете. Но, далеку од тоа дека бев подготвена за ваков предизвик...“, ја започнува својата приказна Ивет за CRNOBELO.com, која денес е сопственик на мал бизнис за меки рачно изработени куклички, со француски шарм.

ivet-30-od-skopje-sin-mi-imashe-6-meseci-bev-bez-rabota-i-od-mashinata-za-shienje-na-majka-mi-mi-dojde-ideja-za-svoj-biznis-01.jpg

Ивет Царо Илјази (30) од Скопје, по професија дипломиран психолог, работи како Copy и Content Writer, но веќе три години е сопственик на мал бизнис за изработка на кукли.

Нејзиниот бренд „Caroline Handmade“ претставува куклено катче на онлајн просторот, кое презентира рачно кроени кукли.

Ивет ја споделува својата приказна за CRNOBELO.com:

„Секоја кукличка е приказна самата за себе. Куклите се целосно меки и изработени од текстилни материјали – лен, американ, кепер, тул.

ivet-30-od-skopje-sin-mi-imashe-6-meseci-bev-bez-rabota-i-od-mashinata-za-shienje-na-majka-mi-mi-dojde-ideja-za-svoj-biznis-16.jpg

Ликовите се везени и цртани. Имаат должина од 35 сантиметри.

ivet-30-od-skopje-sin-mi-imashe-6-meseci-bev-bez-rabota-i-od-mashinata-za-shienje-na-majka-mi-mi-dojde-ideja-za-svoj-biznis-19.jpg

Концептот не е нов, впрочем, на таков начин и се изработувале куклите во минатото. Но, Caroline кукличките имаат еден гламурозен допир, што ги прави одличен подарок и украс.

ivet-30-od-skopje-sin-mi-imashe-6-meseci-bev-bez-rabota-i-od-mashinata-za-shienje-na-majka-mi-mi-dojde-ideja-za-svoj-biznis-03.jpg

Caroline Handmade започна за мене како потреба за промена. Мојот син имаше само 6 месеци, јас во моментот бев без работа и ми беше потребно на некаков начин да ја искажам својата креативна енергија.

ivet-30-od-skopje-sin-mi-imashe-6-meseci-bev-bez-rabota-i-od-mashinata-za-shienje-na-majka-mi-mi-dojde-ideja-za-svoj-biznis-22.jpg

Ја избришав правта од старата машина за шиење и почнав со истражување.

ivet-30-od-skopje-sin-mi-imashe-6-meseci-bev-bez-rabota-i-od-mashinata-za-shienje-na-majka-mi-mi-dojde-ideja-za-svoj-biznis-14.jpg

Ги познавав основите на шиењето, како функционира машината, некои почетни чекори на кои мајка ми ме научи кога бев многу љубопитно дете. Но, далеку од тоа дека бев подготвена за ваков предизвик.

ivet-30-od-skopje-sin-mi-imashe-6-meseci-bev-bez-rabota-i-od-mashinata-za-shienje-na-majka-mi-mi-dojde-ideja-za-svoj-biznis-24.jpg

Еден месец подоцна, по безброј изгледани видеа, туторијали, го скроив шаблонот за првата Caroline кукла.

ivet-30-od-skopje-sin-mi-imashe-6-meseci-bev-bez-rabota-i-od-mashinata-za-shienje-na-majka-mi-mi-dojde-ideja-za-svoj-biznis-23.jpg

Признавам, имав сериозни неуспеси – долги раце, дебели нозе. Таман ќе погодам сѐ во врска со пропорционалноста на телото, ќе направам сериозна утка со косата или ликот, или целосно ќе го згрешам фустанот и сѐ морав да правам одново.

ivet-30-od-skopje-sin-mi-imashe-6-meseci-bev-bez-rabota-i-od-mashinata-za-shienje-na-majka-mi-mi-dojde-ideja-za-svoj-biznis-26.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg