Ивет (30) од Скопје: „Син ми имаше 6 месеци, бев без работа и од машината за шиење на мајка ми добив идеја за свој бизнис“

Првите неуспешни кукли ги чувам и денес. Стојат на полица кај сестра ми во соба и сведочат за мојата упорност кога нешто навистина сакам да успее.

ivet-30-od-skopje-sin-mi-imashe-6-meseci-bev-bez-rabota-i-od-mashinata-za-shienje-na-majka-mi-mi-dojde-ideja-za-svoj-biznis-27.jpg

Кога ја зедов во раце првата Caroline кукла, која го носи името Madeline, бев пресреќна. Се чувствував како повторно да имам 5 години. Таа детска радост ја чувствувам и денес, секогаш кога ќе завршам со изработка на кукла.

ivet-30-od-skopje-sin-mi-imashe-6-meseci-bev-bez-rabota-i-od-mashinata-za-shienje-na-majka-mi-mi-dojde-ideja-za-svoj-biznis-30.jpg

И оттука почнува оваа моја бајковита приказна. Моделите се нижеа еден по друг, мојата инспирација наоѓаше секогаш различни извори – моментална сезона, некоја емоција или расположение, самите материјали со кои работам.

ivet-30-od-skopje-sin-mi-imashe-6-meseci-bev-bez-rabota-i-od-mashinata-za-shienje-na-majka-mi-mi-dojde-ideja-za-svoj-biznis-11.jpg

Секоја кукличка си има свое име. Бидејќи и моето име е француско, решив и на голем дел од кукличките да им ставам француски имиња, како Madeline, Margo, Mary, Adeline, Amélie, Camille, Fleur, Odette, Veronique.

ivet-30-od-skopje-sin-mi-imashe-6-meseci-bev-bez-rabota-i-od-mashinata-za-shienje-na-majka-mi-mi-dojde-ideja-za-svoj-biznis-04.jpg

Освен веќепостоечките модели кои клиентите може да ги порачаат, во многу пригоди сум изработувала и кукли по нарачка – на пример, да наликува на девојчето за кое е наменета, или да биде комбинација од два модели.

ivet-30-od-skopje-sin-mi-imashe-6-meseci-bev-bez-rabota-i-od-mashinata-za-shienje-na-majka-mi-mi-dojde-ideja-za-svoj-biznis-18.jpg

Јас сум голем љубител на кукли, но и генерално на играчки кои можат да му помогнат на детето да ги искаже своите емоции.

ivet-30-od-skopje-sin-mi-imashe-6-meseci-bev-bez-rabota-i-od-mashinata-za-shienje-na-majka-mi-mi-dojde-ideja-za-svoj-biznis-25.jpg

Играта со кукли е многу добар начин да се развие емпатија и да се дознаат емоциите и чувствата на децата. Преку играта со кукли, децата најпрво комуницираат гласно, а потоа ги интернализираат туѓите пораки и чувства. Ова е многу важен момент за развивање на социјална и емоционална интелигенција.

ivet-30-od-skopje-sin-mi-imashe-6-meseci-bev-bez-rabota-i-od-mashinata-za-shienje-na-majka-mi-mi-dojde-ideja-za-svoj-biznis-29.jpg

Освен тоа, бидејќи децата играат на глас, преку играта со кукли детето често ги имитира ситуациите од секојдневниот живот, па родителот може многу да дознае за тоа што детето видело, слушнало, почувствувало во текот на денот.  

ivet-30-od-skopje-sin-mi-imashe-6-meseci-bev-bez-rabota-i-od-mashinata-za-shienje-na-majka-mi-mi-dojde-ideja-za-svoj-biznis-02.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg