Македонскиот музичар Young Dadi: „Кога за првпат го слушнав демото за ‘5 до 2’ знаев дека имаме нешто добро“
Која ти е омилена песна што сакаш да ја изведуваш во живо?
Обожавам кога ја пеам “Molly”, а на последниот Skopje Shake настан за првпат ја изведов „5 до 2”, само неколку денови откако излезе. Се наежив од добрата реакција од публиката и сум бескрајно благодарен за поддршката!
За што никогаш не би пеел во своите песни?
За работи кои не ги живеам.
Омилено место за настапување?
Ако треба да одберам едно би рекол Д - Фестивал, поради самата енергија која ја носи македонската фестивалска публика.
Проблемите се неизбежен дел од нашето постоење. Што е она што го сметаш како препрека во македонската музичка сцена?
Кај нас има многу талентирани артисти кои прават многу квалитетна музика, но мислам дека многу лесно остануваат демотивирани поради одредени препреки кои ги налага самата „игра”.
Меѓусебни соработки, вложувањето во себе, бегање од комфорот и чесно и реално градење на кариера се работи кои фалат, а конзистентноста е клучна во создавање на квалитетна сцена. Треба да се гледа големата слика и со многу работа и меѓусебна поддршка тие препреки ќе се надминат и сцената ќе стане поцврста.
Мора постојано да се надоградуваме за да ги засведочиме промените што ги сакаме. Кој е најдобриот совет што го имаш добиено од некого, а ти има помогнато во кариерата?
Верувај во тоа што го правиш, слушај се себеси, твојот глас е тоа што ќе те одведе далеку.
Што да очекуваме од Young Dadi во следниот период?
Дефинитивно има проект во најава. Секако и многу нови синглови.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Автор: Е. Х. | Црнобело