Македонскиот музичар Young Dadi: „Кога за првпат го слушнав демото за ‘5 до 2’ знаев дека имаме нешто добро“

Неговите песни се слушаат насекаде, а рефренот на „5 до 2“ е посебно заразен и певлив. Young Dadi е од оние артисти кои не сака жанровски да се ограничува и кој во своите текстови го пренесува личното искуство од животот.

young dadi muzikata nema graniic a jas sakam da eksperimentiram i da ne se ogranicuvam 1

Во продолжение запознајте го подобро Young Dadi...

За CRNOBELO.com тој открива:

Кога песната „5 до 2“ се пушти во етер нејзината мелодија допираше од секаде, а посебно стана популарна на социјалните мрежи. Гледано од оваа перспектива очекуваше ли да создадеш потенцијален хит на годината во Македонија?

Кога за првпат го слушнав демото знаев дека имаме нешто добро. Долго време демото стоеше во „фиока”, а песната не ми излегуваше од глава. Сите блиски кои ја имаа слушнато бараа повторно да ја пуштам и да им ја пратам.

Па, да бидам искрен, очекував добра реакција и се надевав дека ќе им се допадне на луѓето, и многу ми е мило дека тоа се исполни.

young dadi muzikata nema graniic a jas sakam da eksperimentiram i da ne se ogranicuvam 4

Многумина велат дека најголемите хитови се раѓаат длабоко во ноќта – одеднаш, ненајавено, но се преслушуваат засекогаш. Како се создаваше „5 до 2“?

„5 до 2” ја направив доцна во ноќта на излегување од студиото на Лазар Цветкоски. Лазе сосема случајно го пушти битот и тој фанки грув ме врати пред микрофонот и за неполни 30 минути го имавме првото демо.

Откако почнав да работам со него, ми се отвори сосема нова димензија во креирањето музика, и секогаш кога ќе влеземе „во зоната” излегуваат многу интересни ствари. Огромен big up до Лазе!

Колку твоето минато е присутно во „5 до 2“ и генерално во песните што ги создаваш?

Се трудам секогаш во текстовите да пренесам мои лични искуства. Како во „5 до 2”, така и во најголем број од песните раскажувам за некои случки од минатото и моето секојдневие.

young dadi muzikata nema graniic a jas sakam da eksperimentiram i da ne se ogranicuvam 6

Многумина те доживуваат како млад хип-хоп артист кој направи ерупција на македонската музичката сцена, но како ти самиот ја опишуваш музиката што ја создаваш?

Можам да кажам дека мојата музика потекнува од хип-хопот и дефинитивно таа култура има голем удел во мојот начин на живот и во музиката која ја правам, но не би ја ставил мојата музика во таа бранша, не би ја ставил во ниту еден жанр.

Сметам дека музиката нема граници и дека тоа што го правам не би можел да го дефинирам во жанр бидејќи многу експериментирам и не би сакал да се ограничам.

young dadi muzikata nema graniic a jas sakam da eksperimentiram i da ne se ogranicuvam 7

Можеш ли да ни раскажеш како „Bestie“ стана „Wifey“?

Во денешно време се поретко има вистински и цврсти врски, па ние младите многу често знаеме другарски да се „плеткаме” без да покажеме емоција и да не сносиме последици кои ги носи самата врска.

„Bestie” е едно дежа ву кое многу пати ми се случило, а и на многу од нас, каде во тие другарски односи спротивната страна ќе се заљуби во тебе, а и двајцата знаете дека подобро е да сте другари.

За мене „Wifey” е израз за девојка која ми ги исполнува сите тие критериуми во мојата глава за совршен партнер. Од обично дружење може да никне голема љубов, па и „Bestie” може да стане „Wifey”.

young dadi muzikata nema graniic a jas sakam da eksperimentiram i da ne se ogranicuvam 8 copy

Можеби ова требаше да те прашам порано, но сега му дојде редот. Која е приказната зад името Young Dadi?

Името Јанг Дади потекнува од многу мала возраст. Уште како мал во градинка негувателките ме викаа Дади, нагалено од Давид.

Кога сакав да почнам посериозно со музика, размислував долго околу името па некако овој прекар ми беше најинтересен. Префиксот „Young” е додаден поради големото влијание од трап културата врз мене, каде фрази како „Lil”, „Big” и „Young” се многу чести во имињата на артистите од таа бранша во која всушност почнав да творам.

young dadi muzikata nema graniic a jas sakam da eksperimentiram i da ne se ogranicuvam 10

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg