Даријан Трајанов и Марино Башиќ: „Сакаме светските трендови за креирање врвни спортисти да ги донесеме и во Македонија“

„Годинава луѓето ќе вежбаат повеќе “ – велат фитнес промоторот Даријан Трајанов и кондицискиот тренер Марино Башиќ кои преку заедничката соработка се обидуваат светските трендови за креирање врвни спортисти да ги донесат и во Македонија.

darijan-trajanov-i-marino-bashikj-sakame-svetskite-trendovi-za-kreiranje-vrvni-sportisti-da-doneseme-i-vo-makedonija-01.jpg

Даријан Трајанов (27) е магистер по јавно здравје, кој работи во областа на дигиталниот маркетинг, фитнес маркетинг, промотор на здрав начин на живот и генерален застапник на кондицискиот тренер Марино Башиќ од Хрватска за цела Македонија.

Во текот на своето работење во областа на здравјето и спортот има можност да запознае врвни експерти од јавното здравје, успешни светски спортски работници како на домашно, така и на меѓународно ниво.

darijan-trajanov-i-marino-bashikj-sakame-svetskite-trendovi-za-kreiranje-vrvni-sportisti-da-doneseme-i-vo-makedonija-03.jpg

Марино Башиќ е еден од најдобрите регионални, но и светски фитнес и кондициски тренери којшто во својата кариера работел и работи со светски познати спортисти како: Милош Раониќ, Каролина Плишкова, Филип Зубчиќ, Мирко Филиповиќ (Cro Cop), Анте Будимир и др.

Марино Башиќ е предавач и едукатор на многубројни светски настани поврзани со фитнесот и кондициската подготовка, фитнес претприемништвото.

Сопственик е на еден од најпознатите фитнес центри за работа со професионални спортисти и рекреативци во регионот, како и спроведување на фитнес едукации – Basic Gym One фитнес центарот во Загреб, како и основач на Basic Pro Coach сертификацијата и составот на тренинг Basic Training For life и воедно автор на две книги.

darijan-trajanov-i-marino-bashikj-sakame-svetskite-trendovi-za-kreiranje-vrvni-sportisti-da-doneseme-i-vo-makedonija-07.jpg

Во интервју за CRNOBELO.com Даријан и Марино говореа повеќе за фитнес трендовите во 2022-та година, за тоа што е неопходно што треба да се направи пред да почнете со вежбање, но и кои се најчестите грешки што фитнес тренерите ги прават во креирањето на програмите за новите клиенти.

Даријан дали сметаш дека спроведувањето на спортско медицински преглед треба да биде приоритет на секој еден рекреативец пред да започне со практикување одредена физичка активност?

Даријан: Голем број истражувања покажуваат дека физичката активност има придонес во унапредување на физичкото и ментално здравје, превенција од незаразни заболувања како и прекумерната тежина.

Меѓутоа многу е важно на кој начин се практикува физичката активност. Дел од луѓето знаат да ги надминат своите здравствени можности, практикувајќи активност која не одговара со нивната моментална здравствена и физичка состојба.

Поради тоа сметам дека секој поединец пред да започне со одредена физичка активност, а особено активност со висок интензитет да направи спортско медицински преглед.

Спортско медицинскиот преглед ни дава јасна слика за нашата здравствена состојба и колку физички напор можат да поднесат нашето тело и организам. Преку медицинскиот преглед може да се откријат одредени аномалии во организмот, истите да бидат превенирани и на тој начин да се избегнат несакани последици кои би го загрозиле здравјето на човекот.

Спортскиот медицински преглед ќе ни даде насока на кој начин да бидеме физички активни и со каков интензитет, а со тоа ќе бидеме чекор поблиску до подобро здравје, подобра форма и физичка издржливост.

darijan-trajanov-i-marino-bashikj-sakame-svetskite-trendovi-za-kreiranje-vrvni-sportisti-da-doneseme-i-vo-makedonija-05.jpg

Што е тоа што те поттикна да го промовираш фитнесот, како започна соработката со Марино Башиќ и која е целта на вашата соработка?

Даријан: Фитнесот и спортот се мој начин на живот долги години, нешто што ми дава енергија, го унапредува моето физичко и ментално здравје, придонесува за моја продуктивност и задоволство.

Навлегувајќи се подлабоко во сферата на јавното здравје, бев негативно изненаден од податоци кои укажуваа на високи бројки на лица со прекумерна тежина особено помладите, недоволно ниво на здравствена едукација, и голема стапка на физичка неактивност во Македонија.

За таа цел почувствував потреба да им помогнам на луѓето во унапредување на нивното здравје и поттикнување на здравствена едукација. Сакајќи да добијам квалитетно и стручно знаење од областа на фитнесот и физичката активност со коешто ќе придонесам за поздрав живот и промоција на фитнесот одлучив да стапам во контакт со Марино Башиќ.

Бев првиот Македонец кој беше дел од неговата сертификација – Basic Pro Coach во Загреб. Веднаш потоа бев дел од уште неколку негови семинари.

Низ целиот процес на едукација Марино целосно ме запозна со неговиот концепт на работа, со неговите соработници, со бизнис моделот во неговиот фитнес-центар во Загреб, како и со процесот на спроведување едукации за фитнес и кондициските тренери.

Совладувајќи ги голем дел од чекорите, како и по одличната комуникација која ја имаме со Марино, одлучивме да започнеме заедничка соработка и во Македонија. Целта на нашата заедничка соработка се однесува на унапредување на знаењето на фитнес и кондициските тренери, создавање на концепт на врвни спортисти, промоција на здравјето на секој рекреативец и професионален спортист.

Пред нас се интересни и важни проекти во делот на спортот, фитнесот, фитнес едукацијата и маркетинг на кои ќе работиме во следниот период.

Колкав е интересот кај тренерите од Македонија за едукациите на Basic Pro и што е тоа што Basic Pro Coach сертификацијата на Марино Башиќ им овозможува на тие коишто се дел од неа?

Даријан: Ме радува тоа што се повеќе тренери од Македонија се заинтересирани за едукациите на Марино Башиќ, што го препознаваат квалитетот и посветениот начин на работа од страна на Марино и целиот тим.

Концептот на едукациите е поставен во правец на тоа да секој тренер којшто е дел од нив да има пристап до квалитетни совети и информации во секое време, да има целосна поддршка и директна комуникација со Марино.

Basic Pro Coach сертификацијата, има за цел да ги собере на едно место квалитетните и препознатливи тренери од регионот. Да им помогне да бидат чекор напред и да ја подигнат својата работа на повисоко ниво. Дел од главните предности на Basic Pro Coach сертификацијата се директната комуникација и поддршка кои тренерите ги добиваат од Марино Башиќ и неговиот тим.

На овој начин тренерите добиваат ментор кој им помага во градење успешна работа, промоција, создавање сопствен бренд и ефикасна организација на работењето.

Благодарение на оваа сертификација тренерите добиваат можност за реализација на пракса во фитнес центарот Basic Gym One во Загреб каде што на самото место може да се запознаат со работата на фитнес центарот, начинот на подготовка и спроведување на групни и индивидуални тренинзи, работа со рекреативци и професионални спортисти, комуникација со клиенти, начин на продажба и промоција на услугите.

Од голема важност се маркетингшката и стручна поддршка кои ги добиваат тренерите, како и пристап до затворена Фејсбук група во која се реализираат дополнителни едукации од страна на врвни нутриционисти, спортски психолог, физиотерапевт, светски познати фитнес и кондициски тренери. На овој начин на тренерите им се овозможува долгорочно да напредуваат, да стекнуваат нови вештини, да бидат препознатливи и успешни во својата работа.

darijan-trajanov-i-marino-bashikj-sakame-svetskite-trendovi-za-kreiranje-vrvni-sportisti-da-doneseme-i-vo-makedonija-04.jpg

Колку кај нас е развиен концептот на градење на врвни спортисти?

Даријан: Соработувајќи со Марино и неговиот тим соработници – нутриционисти, спортски психолог, физиотерапевт, кондициски тренери коишто работат со врвни спортисти согледав дека создавањето на успешни спортисти е долготраен процес кој бара однапред дефиниран и долгорочен систем и начин на работа.

Подеднакво се посветува внимание на унапредување на физичката форма и ментално здравје на спортистите. Се пристапува професионално и стручно во начинот на исхрана, одморот и закрепнувањето, како и целиот однос помеѓу спортските работници и спортистите.

Кај нас во Македонија концептот на создавање врвни спортисти според мене е сè уште недоволно развиен и на ниско ниво. Во Македонија има талентирани спортисти од секој спорт, коишто можат да бидат во ранг со најдобрите во светот, но потребно е како држава и поединци да бидеме свесни дека во спортот и во младите спортисти мора да се вложува, многу да се работи, да се следат светските практики и најнови трендови кои даваат резултати.

Да се работи професионално во присуство на стручни лица како: нутриционисти, спортски психолози, фитнес и кондициски тренери, физиотерапевти и останати спортски работници бидејќи само како целина може да успееме во постигнување големи спортски успеси. Доколку и ние како земја посакуваме успех во спортот потребно е да се работи на создавање на победници уште од рана возраст – лидери со победнички менталитет коишто смело и сигурно ќе чекорат во водите на спортот и животот, и ќе бидат пример на идните генерации.

Мора да разбереме дека спортот е еден од најголемите и најдобри амбасадори на една држава и нација.

Марино која беше твојата цел за започнување на соработка со Даријан во Македонија и што е тоа што сакате да го постигнете преку вашата заедничка соработка и во Македонија?

Марино: Во Македонија има голем број млади тренери или оние кои сакаат допрва да бидат, но проблем е тоа што далеку се едукациите коишто се спроведуваат во Америка, Германија и многу други земји каде што фитнесот е на повисоко ниво во однос на организација, знаење и финансии.

Јас сакам да им го доближам сето ова и да ги менторирам бидејќи тоа ми недостасуваше кога бев на почетокот на мојата кариера како фитнес и кондициски тренер.

Имав голема желба да го унапредам моето знаење, но немав луѓе кои би можеле да ме насочат и да ми покажат многу работи кои тогаш би ми помогнале, би ми го олесниле и забрзале мојот пат.

Даријан беше првиот што направи чекор и дојде на сите мои едукации и на пракса во мојата сала – Basic Gym One во Загреб.

Бидејќи е запознаен со мојот начин на работа и работата на мојата сала, ги има поминато сите едукации, а покрај тоа има одлично знаење и човечки квалитети, беше нормален редослед да соработуваме и да се обидеме да направиме нешто во Македонија.

Досега ни оди одлично затоа што Даријан успеа да оствари контакти со многу тренери и им помогна во нивниот развој, а исто така планираме и многу други заеднички проекти во Македонија поврзани со фитнес, кондициска подготовка на спортисти, корпоративен фитнес и едукација на тренерите. Исто така, се надевам дека наскоро ќе дојдам во Скопје и ќе направиме некои од семинарите заедно.

darijan-trajanov-i-marino-bashikj-sakame-svetskite-trendovi-za-kreiranje-vrvni-sportisti-da-doneseme-i-vo-makedonija-08.jpg

На следната страна прочитајте кои се некои од грешките што фитнес тренерите ги прават...



Би можело да ве интересира:

Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...
Емилија Масларковска-Каневче, туристички водич: „Не сум сретнала странец кој не е воодушевен од Маке... „Омилени ми се туристите од Азија. Љубопитни се и сакаат да ја дознаат нашата ис...
Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“ „Роден сум во Штип и растен сум во бивша Југославија, каде сите маалски детски и...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg