Даријан Трајанов и Марино Башиќ: „Сакаме светските трендови за креирање врвни спортисти да ги донесеме и во Македонија“

Даријан дали може да ни споделиш неколку совети кои би биле корисни за фитнес и кондициските тренери, сопствениците на теретаните и фитнес центрите за успешна промоција на услугите и споделување содржина на социјалните медиуми?

Даријан: Еден од основните чекори за успешна промоција на услугите и споделување содржина на социјалните медиуми е анализа и дефинирањето на публика, односно кому се обраќаме и кои се нашите вистински клиенти.

Дефинирањето на публиката може да се одреди според неколку елементи како: пол, возраст, образование, професија, држава, град, активности, интереси, начин на живот и др.

Врз основа на тоа која е нашата публика и каде таа е застапена потребно е да одберете на кој канал ќе бидете активни (Instagram, Facebook, LinkedIn, Tik Tok, Youtube и др.), каде ќе ја пренесувате вашата порака и содржина. Следниот чекор е пренесувањето на вистинска порака во вистинско време.

Пораката којашто ќе биде споделена треба да биде да има вредност за публиката, а значајно е и времето во кое таа порака е споделена. Исто така треба да се анализира времето во кое публиката е најактивна и посветува поголем дел од своето време на некој од социјалните медиуми.

За да се воспостави контакт и однос со публиката потребно е создавање на креативна содржина којашто ќе го привлече вниманието на публиката и во којашто потенцијалните клиенти ќе бидат едуцирани преку совети и информации.

Потребно е да се фокусирате на проблемите со коишто се соочува вашата публика и да размислите како може да им помогнете со вашите совети. На пример креирање на содржина поврзана со совети за поголема активност за време на работното место, како да се храниме за време на патување, работа, како да се подобри мобилноста на нашето тело, како да се остане во форма и за време на празници и одмори и др.

Потрудете се пренесувањето на пораката или споделување на содржината да ја направите преку видео формат, бидејќи видеото многу подобро ве опишува, ве приближува до вашиот клиент и ви овозможува да остварите подобра комуникација и доверба со нив.

View this post on Instagram

A post shared by Marino Basic (@marinobasic)

Кои се фитнес трендовите за 2022-година и како тие трендови се менуваат, дали по барање на клиентите или на инструкторите?

Марино: Како што кажав и во претходниот одговор вие му давате на клиентот тоа што на него му треба и тоа што го сака.

Можеби клиентот не сака да работи вежби за мобилност, но тоа му треба и истовремено сака да работи вежби за бицепс коишто не му требаат, меѓутоа сака да ги работи. Така што и двете вежби треба да му ги додадете во неговиот тренинг.

Во однос на фитнес трендовите мислам дека луѓето ќе вежбаат повеќе, ќе се зголеми бројот на луѓе кои ќе вежбаат индивидуално и полуиндивидуално со тренер.

Пилатесот и јогата ќе го зголемат бројот на клиенти, исто така ќе се зголеми бројот на луѓе кои трчаат маратони и полумаратони, а мислам дека ќе се намали бројот на луѓе кои вежбаат високоинтензивни групни тренинзи како Кросфит бидејќи не е одржливо покрај секојдневните животни и работни обврски толку силно да се тренира.

Ќе се зголеми интересот за пешачење, планинарење, како и рекреативно занимавање со спорт како триатлон, powerlifting. Меѓутоа ова е мое мислење. Може да биде и различно.

Што треба да знаат рекреативците кога почнуваат со одредена физичка активност: дали се доволни само редовните вежби или потребно е да направат посебни усогласувања во начинот на живот и исхраната за да се постигнат саканите резултати?

Марино: Тренингот е промена на животниот стил, а не само на физичкиот изглед и подигнување на физичките способности.

Целта е вежбањето, тренингот и правилната исхрана бидат ваше секојдневие и главна цел да биде здравјето (физичко и ментално), долгиот животен век и процесот против стареење (anti aging).

Во твојата кариера работиш и си работел со светски познати спортисти како: Милош Раониќ, Борна Чориќ, Каролина Плишкова, Филип Зубчиќ, Мирко Филиповиќ (Cro Cop), Анте Будимир, можеш ли да ни споделиш дел од твојата соработка со нив и што е тоа што ги поттикнува постојано да бидат на врвот и покрај тоа што веќе постигнале огромни спортски успеси? 

Марино: Врвен спортист се раѓа и создава. Исто така таму каде што завршува тешката физичка работа започнува професионалниот спорт. Сите тие се посебни, инаку не би постигнале врвни резултати.

Мислам дека главната работа којашто ги разликува од останатите е тоа што веруваат во успех и за нив не постои опција Б. Единствено што прават е тоа што бараат начин како да ја постигнат својата цел. Може да кажеме се придржуваат до мислата: „Победниците бараат начин, а губитниците причина“.

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...
Емилија Масларковска-Каневче, туристички водич: „Не сум сретнала странец кој не е воодушевен од Маке... „Омилени ми се туристите од Азија. Љубопитни се и сакаат да ја дознаат нашата ис...
Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“ „Роден сум во Штип и растен сум во бивша Југославија, каде сите маалски детски и...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg