Сашка Брблиќ од Скопје одгледува померанци: „Често се породуваат со оперативен зафат, сакаат учење трикови“

Сашка Брблиќ од Скопје е сопственичка на првата одгледувачница за германски шпиц померанци во Македонија, „Македон Пом Стар“, регистрирана во FCI интернационалната кинолошка федерација.

Saska-Brblikj-od-Skopje-odgleduva-pomeranci-01.jpg

Во последниве неколку години во светот, интересот за овие кученца е зголемен бидејќи се одликуваат со необичен, уникатен изглед и прекрасен карактер. Расата во светски рамки ја популаризираше померанецот Бу (Boo), а неретко овие кученца личат на вистински, живи играчки кои наликуваат на мали мечиња.

По темпераментот овие кученца се мили, интелигентни и многу независни. Се одликуваат со смелост и се многу љубопитни за светот околу нив. Нивните мисли и однесување се многу поголеми, отколку нивната реална големина.

Идеални се за чување во домашен простор, бидејќи се карактеризираат со минијатурна големина, односно соодветно за германски шпиц померанци (German Toy Spitz – Pomeranian). Достигнуваат максимална тежина од околу 3kg и висина до 24cm и се одликуваат со уникатен карактер. Неодоливо убавите померанците се едни од најпосакуваните миленици во Македонија во последните години.

Saska-Brblikj-od-Skopje-odgleduva-pomeranci (3).jpg

Низ разговорот со Сашка дознавме многу интересни детали за померанците.

Померанците важат за среќни и авантуристички кучиња кои сакаат секогаш да се во центарот на вниманието, но и храбри бидејќи не се плашат да им се спротивстават на поголеми кучиња од нив. Дали ова тврдење е точно?

О, да, померанците се екстровертни миленици кои потсетуваат на мали кадифени мечиња. Секогаш се борат за внимание и љубов од сопствениците, а често пати се љубоморни на секое суштество околу нив доколку не се во центарот на вниманието. Нивните мисли и однесување се многу поголеми отколку што е навистина нивната големина.

Saska-Brblikj-od-Skopje-odgleduva-pomeranci (12).jpg

Кој е најголемиот предизвик при одгледување на померанец?

Самата одлука за одгледување на оваа прекрасна раса на миленици претставува огромен предизвик од повеќе гледни точки: прво, да се анализираат и пронајдат добри одгледувалишта кои имаат успех со своите примероци на реномирани изложби низ светот, голема посветеност и доследност при одгледување и нега, а посебно делот на одгледувањето на бебенцата за кои е потребно големо познавање и искуство.

Одгледувачот на померанци треба да вложи големо внимание, посветеност, трпение, пожртвуваност и знаење додека малите померанци израснат до периодот за првата вакцина.

Saska-Brblikj-od-Skopje-odgleduva-pomeranci (10).jpg

Од каде потекнуваат и колку изнесува нивниот животен век? Дали померанците имаат некоја посебна исхрана и нега?

Померанците потекнуваат од Померанија, област помеѓу денешна Германија и Полска по која всушност го добиле името на расата померанец.

Тие се долговечна раса на кученца со животен век до 16 години, под услов да потекнуваат од одгледувалишта кои немаат историја на болести на примероци со наследни болести (срцеви мани, блиско сродство, проблем со зглобови).

Saska-Brblikj-od-Skopje-odgleduva-pomeranci (2).jpg

Се подразбира дека соодветната нега и исхрана се предуслов за квалитетно кутре. Негата на нивното крзно (двојно крзно, подвлакно меко како памук и горен слој право и сјајно) е посебна наука, а тоа подразбира користење на специјализирана козметика (шампони, кондиционери и суплементи) кои се тешко достапни на нашите простори бидејќи најчесто потекнуваат од САД и западноевропските земји.

Секако, потребно е користење на висока квалитетна храна која содржи монопротеински протеин добиен од месо на лосос, пиле, патка или јагне и истата не смее да содржи пченка и пченица. По потреба, и во зависност во кој дел од развојот е кутрето, се вклучуваат и додатоци во исхраната како витамини, минерали, рибино масло и морски агли.

Saska-Brblikj-od-Skopje-odgleduva-pomeranci (18).jpg

Колку пати дневно шетаат и колку максимум километри може да изодат, со оглед на нивната големина?

Померанците се активни кученца и сосема доволно е играњето и трчањето во домашниот простор, но секако е важно да им се овозможат и прошетки во парк и природа. Притоа, сопствениците треба да имаат предвид дека се мали и немаат премногу енергија за движење, а исто така се чувствителни на топлина и пожелно е да се одбегнува многу топло време.

Обожаваат да играат и често се досадуваат ако не им се посвети доволно внимание. Затоа треба да им се даваат многу играчки соодветни за нив кои редовно ќе се обновуваат заради нивна разновидност.

Saska-Brblikj-od-Skopje-odgleduva-pomeranci (1).jpg

Saska-Brblikj-od-Skopje-odgleduva-pomeranci (7).jpg

Бидејќи се работи за мала раса на кучиња, како се одвива процесот на размножување померанците?

Најголем предизвик на одгледувачот претставува размножувањето на померанците. Самиот процес се изведува најчесто во контролирани услови на вештачко оплодување, а најчесто бебенцата се раѓаат преку оперативен зафат на мајката, имајќи предвид дека женките се ситни и мали и имаат проблем да се родат по природен пат.

Новородените бебенца се раѓаат најчесто меѓу 80 и 120 грама, но имало и кутриња по 160 грама кога оперативниот зафат е неизбежен.

Кај мајките најчесто нема доволно лактација на млеко за да се задоволат потребите на бебињата и тогаш е неопходно вклучување на вештачко млеко во нивната исхрана со специјализирана формула за мали раси. Овде улогата на одгледувачот е клучна знаејќи дека во првите денови кученцата треба да цицаат на секои два часа.

Процесот на вклучување на вакво млеко во исхраната на померанецот бара посебно знаење од одгледувачот заради можност од угушување на истото или недоволна количина на млеко потребна за правилен раст и развој.

Saska-Brblikj-od-Skopje-odgleduva-pomeranci (6).jpg

Saska-Brblikj-od-Skopje-odgleduva-pomeranci (4).jpg

Saska-Brblikj-od-Skopje-odgleduva-pomeranci (14).jpg

Saska-Brblikj-od-Skopje-odgleduva-pomeranci (16).jpg

Дали померанците се лесни за тренирање?

Една од омилените активности на померанците претставува тренингот со трикови. Сакаат да учат нови работи и уживаат да бидат во центарот на вниманието. Затоа подучувањето на трикови е совршен начин да се поврзете со нив, а на тој начин обезбедувате и физичка и ментална активност.

Померанецот треба да се награди за добро завршен тренинг или работа со вкусна закуска.

Saska-Brblikj-od-Skopje-odgleduva-pomeranci (20).jpg

Топ 5 работи што сите треба да ги знаат пред да земат померанец за милениче?

За потенцијалните нови сопственици кои би се одлучиле да имаат миленик померанец треба да ги имаат предвид следните работи:

1. Пред да се одлучат да имаат ваков миленик треба добро да се информираат за потеклото, секако и родителите за да бидат сигурни дека ќе имаат квалитетен и здрав миленик, да осигурат постојан контакт со одгледувачот за да имаат достапност на информации за правилен развој на миленикот.

2. Редовно посетување на професионален грумер за одржување на грациозното и преубаво крзно.

3. Померанецот (воопшто сите миленици), претставува член на семејство кој има век на живеење околу 16 години и не се жива играчка со краток рок. Затоа не земајте го миленикот ако навистина не сте подготвени да го дарите со љубов, а тој ќе ви возврати најмалку 100 пати повеќе.

4. Да бидат информирани и посветени за здравјето и негата на померанецот што е клучно за правилен развој на миленикот. 

5. И секако, да бидат посветени и полни со љубов и внимание кон нивниот Пом Пом.

Saska-Brblikj-od-Skopje-odgleduva-pomeranci (11).jpg

Бидејќи и самата чуваш померанци како домашни миленици, дали биле дел од некои натпревари, како се подготвувате за нив и имаат ли освоено награди?

Во изминатите години сме постојано присутни на национални и меѓународни изложби на кучиња каде имаме освоено повеќе награди доделени од многу различни судии од Македонија и странство кои се сатисфакција за да продолжиме понатаму со одгледување на уште поквалитетни примероци.

Се надеваме дека во претстојните години ќе бидеме дел од изложби на национално, регионално и меѓународно ниво имајќи предвид дека подготовката на померанецот за изложба бара голема посветеност и тренинг.

Saska-Brblikj-od-Skopje-odgleduva-pomeranci (19).jpg

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело / Фото: Приватна архива на С. Брблиќ

Би можело да ве интересира:

Благица Зикова, мајката на штипската четворка: „Трошиме по 25 пелени на ден, бебињата се мирни и спи... „Најтешко ми беше кога бев сама и немаше кој да ми помогне, па морав да ги храна...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg