Ивана Здравкова работи како оперска пејачка во Австрија: „Во песните од Дизни најдов надеж и магија за време на карантинот“

Учествувала на шоуто за таленти на Драган Вучиќ, студирала соло пеење, работи како оперска пејачка во Австрија, а снима кавери на песните од Дизни – поразговаравме со Ивана Здравковка, која со својот талент за пеење и ангелски глас ја освојува оперската публика во Австрија.

ivana-zdravkova-raboti-kako-operska-pejachka-vo-avstrija-vo-pesnite-od-dizni-najdov-nadezh-i-magija-za-vreme-na-karantinot-01.jpg

Оперската пејачка Ивана Здравкова (32) студирала соло-пеење во Грац, денес работи како оперска пејачка во Баден, Австрија, а слободното време по периодот на карантинот заради светската пандемија го користи за да снима видеа со нејзини интерпретации на песните од цртаните филмови на Дизни и ги објавува на нејзиниот YouTube канал.

Во разговор за CRNOBELO.com ни откри повеќе интересни детали за себеси, како преку учеството во шоуто за таленти „Мак Ѕвезди“ со Драган Вучиќ, учествувала на Радискиот фестивал во Охрид и како стигнала до вработување во Баден, во непосредна близина на Виена.

ivana-zdravkova-raboti-kako-operska-pejachka-vo-avstrija-vo-pesnite-od-dizni-najdov-nadezh-i-magija-02.jpg

Како започна да се занимаваш со музика – дали отсекогаш сонуваше дека ќе пееш во опера и дали свириш и на некој инструмент?

Моите родители се оперски пејачи кои работат во МОБ и дејци на фолклорната и чалгиска сцена, така што кај нас дома секогаш се пеело и свирело разни стилови.

Дел од детството го поминав во Австралија, каде поблиска ми беше поп-музиката, па сонував да станам како мојот идол Бритни Спирс и балерина.

Дури во училишниот хор во Скопје ми се приближи оперското пеење и одлучив тоа да продолжам да го учам и студирам.

Учествуваше во шоуто за таленти „Мак Ѕвезди“ кај Драган Вучиќ, колку години имаше тогаш и дали тоа учество те охрабри понатаму да се занимаваш со музика?

Јас на шоуто имав 19 години, така што веќе бев на факултет по соло пеење. Но шоуто ми беше прекрасен начин да пеам различни стилови, а меѓу другото Драган Вучиќ и ми подари песна „Ден за нас“ од Младен Марковиќ и настап на Радискиот фестивал во Охрид, за што сум многу благодарна.

Како дојде до тоа денес да работиш во театарот Баден?

Во тој период се имав вратено од студии од Грац, во Македонија, со цел да останам. Но, некако надежите за вработување во МОБ беа многу мали и морав да најдам солуција.

Видов дека има отворен конкурс во Баден и се пријавив, несигурна дали воопшто би сакала повторно да живеам во Австрија. Но, диригентите на аудицијата беа одлучни дека само мене сакаат да ми дадат договор, па прифатив.

Дали лесно се навикна на животот во Баден – што најмногу ти се допаѓа, а што најмногу ти пречи таму?

Тоа што веќе сум живеела во Австрија имаше неколку предности, јазикот и познаниците и пријателите во блиската Виена.

Но, сепак, оддалеченоста од семејството и на почетокот чувството на осаменост доста преовладуваа.

ivana-zdravkova-raboti-kako-operska-pejachka-vo-avstrija-vo-pesnite-od-dizni-najdov-nadezh-i-magija-04.jpg

Дали може да се живее од музика? Се заработува ли доволно за нормален живот со работата како оперска пејачка во Баден?

Да, се заработува доволно, но секогаш постои опасноста да се остане без ангажман, бидејќи не постои вработување за стално, така што никогаш не може еден уметник да се чувствува сигурен дека нема да остане без работа.

Кога не би била во Баден, каде би сакала да настапуваш?

Секогаш ми е мило да настапувам на македонската сцена, а инаку немам посебни желби каде да настапувам, во главно да можам да си ја работам професијата без разлика каде!

ivana-zdravkova-raboti-kako-operska-pejachka-vo-avstrija-vo-pesnite-od-dizni-najdov-nadezh-i-magija-05.jpg

Освен што пееш во опера имаш и твој YouTube канал каде објавуваш песни од филмовите на Дизни, поп песни, македонски народни песни. Како дојде до идејата да објавуваш вакви видеа?

Тоа се случи спонтано во периодот кога Австрија се затвори и објави локдаун.

Јас во Дизни песните најдов надеж и магија која го подигнуваше расположението, па од потребата да продолжам со креативно творење, и покрај прекинот на работењето, решив да ги снимам тие песни, а воодушевувањето од страна на другите предизвика да продолжам со снимање на дизни песни.

Дали освен со опера, некогаш планираш да се обидеш и со некој друг жанр на музика? Дали размислуваш да почнеш да снимаш и популарна музика?

Всушност операта и оперетата се мојата професија, но ме исполнува кога пеам различни стилови, ја сакам народната музика, мјузиклите, поп музиката, старите џез стандарди кои многу звучат како Дизни песни.

Така што сигурно и понатаму ќе ги пеам сите тие стилови, на различни настани, а и поп песна би било дефинитивно една од можностите.

ivana-zdravkova-raboti-kako-operska-pejachka-vo-avstrija-vo-pesnite-od-dizni-najdov-nadezh-i-magija-06.jpg

Погледнете неколку видеа од YouTube каналот на Ивана:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ивана К. Чурлевска живее во Финска: „Кога Финец ве договара за кафе, очекува да му кажете точно врем... „Кога првпат на гости ни дојдоа Финци, јас секако дека имав подготвено вечера, а...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg