Бошко Тасиќ, спортски новинар: „Балканот има најжестоки навивачи, интервјуто со Новак Ѓоковиќ ми е незаборавно искуство“

„Најмногу се смеам кога ќе помислам на составот на младата фудбалска репрезентација на Азербејџан кога при еден радио пренос салата ги направив имињата и презимињата на играчите при читање. Да ме разбереа тогаш со акламација ќе бев сменет од нивна страна моментално...“, се шегува Бошко Тасиќ на тема гафови во својата професија и открива детали како го организирал интервјуто со легендарниот Новак Ѓоковиќ.

boshko-tasikj-sportski-novinar-balkanot-ima-najzhestoki-navivachi-intervjuto-so-novak-gjokovikj-mi-e-nezaboravno-iskustvo-01.jpg

Бошко Тасиќ (39) од Куманово работи како спортски новинар повеќе од 22 години. Досега бил дел од многу медиуми и тоа радио Куманово, Сити Радио, радио Браво, Спортско Радио 903, Канал 4 Спортско Радио, Home Радио, Радио Слободна Македонија и дел од голем број на ТВ проекти, емисии, настани, соработки со спортските федерации и  тимови итн.

Кирил Лазаров, Столе Стоилов, Перо Антиќ се само дел од македонските спортски легенди со кои Бошко соработува и на чии успеси е навистина горд.

За CRNOBELO.com тој открива детали од кариерата како спортски новинар и коментатор:

Колку години работиш како спортски новинар? Кои се најзначајните натпревари кои си ги проследил во живо досега?

Веќе 22 години работам како професионален спортски новинар и сум дел од оваа професија. Искрено нема веќе спортски настан што го немам проследено или коментирано во живо. Имав среќа да се погодам речиси на сите големи натпреварувања, историски натпревари, настани за кои само може да се сонува да се биде дел од нив.

Останува уште да се биде дел од Олимписките игри, но се надевам дека и тоа ќе се случи.

boshko-tasikj-sportski-novinar-balkanot-ima-najzhestoki-navivachi-intervjuto-so-novak-gjokovikj-mi-e-nezaboravno-iskustvo-05.jpg

Што значи да се биде спортски коментатор? Што е потребно да се поседува?

Пред сè треба да се сака спортот, но и да се следи. Доколку некој не е вљубен во спорт, нема што да бара. Страста и љубовта кон спортот и пишаниот збор е тоа што ве турка понатаму.

Важна работа е и кој ќе ве воведе во оваа професија и правилно ќе ве едуцира. Голема среќа имав што секогаш имав околу себе одлични ментори, новинари кои правилно ме насочија во оваа работа и на кои навистина им сум благодарен за сè.

Привилегија е да се работи и соработува со такви доајени на новинарството од кои научив многу, а до ден денес со нив сум колега и пријател.

boshko-tasikj-sportski-novinar-balkanot-ima-najzhestoki-navivachi-intervjuto-so-novak-gjokovikj-mi-e-nezaboravno-iskustvo-02.jpg

За време на коментирање на спортски натпревари, те понесува ли некогаш еуфоријата, па потоа се каеш дека си кажал нешто што не требало?

Да, секогаш. Имало и ќе има. За мене не е нормално да коментираш или известуваш од некој голем меч или настан, а да нема барем тронка емоција или еуфоричност. Треба да се доживее моментот и да се пренесе како што треба на гледачот, односно слушателот, и тоа да му се допадне.

Срцето во тие моменти пулсира, адреналинот е на највисоко можно ниво, гласот затреперува и секогаш од тебе излегува најискреното во дадениот момент.

Сите што добро ме познааваат знаат дека не се каам за ниту една работа што сум ја направил или реченица што сум ја изустил и стојам секогаш 100 проценти позади тоа што го имам изговорено.

boshko-tasikj-sportski-novinar-balkanot-ima-najzhestoki-navivachi-intervjuto-so-novak-gjokovikj-mi-e-nezaboravno-iskustvo-03.jpg

Се прават ли грешки при коментирањето? Имаш ли некој лапсус досега?

Хахаха, да да. Тоа е незибежен дел од нашата професија. Колку и да внимаваш се случуваат лапсуси.

Јазикот понекогаш е побрз од умот. Имало гафови.

Најмногу се смеам кога ќе помислам на составот на младата фудбалска репрезентација на Азербејџан кога при еден радио пренос салата ги направив имињата и презимињата при читањето. Да ме разбереа тогаш со акламација ќе бев сменет од нивна страна моментално.

Коментаторите изнесуваат навистина многу факти за спортистите во текот на натпреварот… Како изгледа подготовката пред натпреварот? Имате ли запишано нешто?

Подготовката е најважната работа. За секој пренос мора да се подготвиш и да ги најдеш потребните информации и податоци.

Сега барем е лесно со интернетот. Буквално има сè и за секого.

Еден до два часа се доволни за да се дојде до потребните информации за да се подготвиш за мечот. Сè е запишано во нотесот, потцртано или забележано и се користи максимално при преносот.

boshko-tasikj-sportski-novinar-balkanot-ima-najzhestoki-navivachi-intervjuto-so-novak-gjokovikj-mi-e-nezaboravno-iskustvo-06.jpg

Кој спортови ги коментираш, а кој ти е омилен?

Низ годините наназад скоро и да имам сè коментирано или известувано.

Тимските спортови ги сакам. Ракометот ми е пасија, а и од таму некако патот ме одведе од самиот старт на кариерата и сум скоро цел живот до ден денес заљубен во него.

Нема да го изоставам фудбалот, но и кошаркарката пред сè поради мојот роден град Куманово, каде е најактуелен спорт.

boshko-tasikj-sportski-novinar-balkanot-ima-najzhestoki-navivachi-intervjuto-so-novak-gjokovikj-mi-e-nezaboravno-iskustvo-11.jpg

Најпознати спортски ѕвезди на кои си им земал изјави досега и искуството со нив…

Долга е листата. Нашата држава беше домаќин на многу важни спортски настани од разни спортови и продефилираа многу големи имиња и спортисти.

Не сум имал непријатна ситуација со ниту еден од нив во и надвор од нашата држава. Секогаш сите биле пријатни љубезни давале изјави или пак интервјуа.

За жал ковид ситуацијата нè парализира затоа што сега се оди преку Зум платформата и ја немаме таа микс зона, интервјуата со присуство на нивните тренинзи каде секогаш ја бараме ексклузивата или информацијата која ќе направи бум.

Сето тоа е сведено на минимимум поради мерките за заштита од Ковид и мора да се придржуваме до тоа.

boshko-tasikj-sportski-novinar-balkanot-ima-najzhestoki-navivachi-intervjuto-so-novak-gjokovikj-mi-e-nezaboravno-iskustvo-09.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Бобан Илиоски, светски шампион во кикбокс за CRNOBELO: „Жртвував многу за да стигнам до титулата“ „Долгогодишна напорна работа и голема жртва ме донесоа до титулата. Длабоко во с...
Сашка (38) е домаќинка од Куманово: „Кујната е моето царство, готвам секој ден, моето семејство е пр... „Среќна сум што моето семејство го цени тоа што сум домаќинка. Тие се пресреќни ...
Успешни Македонци низ светот: Драган Гелев е наш уметник во Швајцарија Драган Гелев од Штип речиси две децении живее и работи во Швајцарија, а неговите...
Драган Спасов Дац за CRNOBELO лексикон: „Во години сум кога и јас можам да бидам нечиј идол“ „Во младоста не бев по тепањето, но знаев да се одбранам ако некој ме нападнеше,...
Елена Јовческа, естраден уметник: „Свирам 4 инструменти, но гајдата ме прави препознатлива“ „Освен гајда понекогаш може да засвирам зурли и пијано. Салонот за убавина ми е ...
Бранко Попоски пред учеството на „Sparkasse Life Прв до врв“: „Сакам да ги поместам сопствените гран... „Верувам дека сум доволно физички подготвен за да ги преземам предизвиците на „S...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg