Ристе Спироски, фотограф од Охрид: „Американци дојдоа за запросување кај нас, девојките мислат дека сум турист со апарат“

„Во последните две години се почесто фотографирам запросувања. Најчесто партнерот бира да бидеме дискретни и се договараме неколку месеци однапред. Бидејќи Охрид е познат по туризмот, никоја од нивните партнерки досега не забележала дека има фотограф“ – раскажува за CRNOBELO.com, Ристе Спироски, фотограф од Охрид.

riste-spiroski-fotograf-od-ohrid-amerikanci-dojdoa-za-zaprosuvanje-kaj-nas-devojkite-mislat-deka-sum-turist-so-aparat-01.jpg

Првиот хонорар од фотографија го заработил на 13 години кога фотографирал фудбалски настан, на 14 години негова фотка завршила на CNN, а денес освен што снима астрономски појави, ги фотографира и романтичните запросувања во Охрид.

riste-spiroski-fotograf-od-ohrid-amerikanci-dojdoa-za-zaprosuvanje-kaj-nas-devojkite-mislat-deka-sum-turist-so-aparat-02.JPG

Ристе Спироски е млад фотограф од Охрид, кој на 21 година може да се пофали со голем број успеси.

Во интервју за CRNOBELO.com раскажува како на 12 години се вљубил во фотографијата, а неговите фотки од астрономските појави веќе биле објавени и од НАСА.

Освен тоа, Ристе е фотографот што често ја има честа да ги фотографира двојките што се дојдени во неговиот град за да приредат романтично запросување, па ни раскажа како изгледа целиот процес од негова перспектива.

Дали момчињата бараат дискретност од него, како успева тоа да го постигне и секако, дали со фотографијата може да се обезбеди пристоен живот во нашава земја?

Во продолжение проследете го целото интервју со него:

Кога ја откри љубовта за фотографијата? Се сеќаваш ли на првиот миг кога за првпат посака да се занимаваш со фотографија?

На околу 11 години, во основно училиште, за време на училишна претстава видов како еден од родителите снима со DSLR камера и трипод.

Бев фасциниран како го доловува тој момент и како луѓето го почитуваа неговиот простор за снимање.

По некое време, почна цел времеплов на Фејсбук да ми се преплавува со фотографии од охридски фотографи кои беа дополнителна инспирација.

Моите дома беа среќни што пројавив интерес во уметноста, иако никој во семејството не се занимава со тоа.

riste-spiroski-fotograf-od-ohrid-amerikanci-dojdoa-za-zaprosuvanje-kaj-nas-devojkite-mislat-deka-sum-turist-so-aparat-03.jpg

Колку време фотографираш? Се сеќаваш ли кога го заработи првиот хонорар од фотографија и што направи со него?

Фотографирам од септември 2015-та година.

Десет дена по мојот дванаесетти роденден, моите родители ми помогнаа да ја купам мојата прва професионална камера која ми служеше како единствена камера до пред 4 месеци, односно беше моја алатка цели 9 години.

А првиот хонорар ќе го паметам засекогаш, кога три дена фотографирав фудбалски настан со екипи од регионот и Европа, во летни жешки температури, на само 13 години.

Ми послужи како огромна мотивација за понатаму.

riste-spiroski-fotograf-od-ohrid-amerikanci-dojdoa-za-zaprosuvanje-kaj-nas-devojkite-mislat-deka-sum-turist-so-aparat-04.jpg

Како почна твојата приказна со фотографирање астрономски појави и дали се сметаш за НАСА фотограф? 

Еден ден би сакал да знам што значи да се биде НАСА фотограф, но чувството да бидеш препознаен од НАСА е неописливо.

Во 2020-та година, случајно прочитав на интернет дека на небото била видлива комета.

Стануваше збор за кометата NEOWISE.

За среќа, се наоѓав во близина на с. Пештани и кратко после залезот, кога почна да се стемнува, ја наместив камерата и сликав долга експозиција.

На екранот се појави кометата.

Направив добра композиција со едрилицата, езерото и кометата и во рок од дваесеттина минути бев готов.

Само што заминав дома, ја испратив фотографијата во што е можно повеќе медиуми и секако на веб страната NASA’s Astronomy Picture of the Day.

Следниот ден ја видов фотографијата на APOD профилите на социјалните мрежи. Тоа беше голем успех за тие мои 17 години тогаш.

riste-spiroski-fotograf-od-ohrid-amerikanci-dojdoa-za-zaprosuvanje-kaj-nas-devojkite-mislat-deka-sum-turist-so-aparat-05.jpgКометата NEOWISE и Охридско Езеро после залез

Колкупати досега се случило НАСА да објави дел од твоите фотографии и дали си објавувал фотографии и на друго место?

Досега двапати мои фотографии завршиле на профилите на NASA’s APOD, не како фотографијата на денот, но влегле како избор за истото.

riste-spiroski-fotograf-od-ohrid-amerikanci-dojdoa-za-zaprosuvanje-kaj-nas-devojkite-mislat-deka-sum-turist-so-aparat-08.jpg

Последно во мај 2022 година кога го фотографирав затемнувањето на месечината од Охрид, а фотографијата наликуваше на Сатурн, каде облакот потсеќаше на прстените на планетата.

За прв пат моја фотографија објавена на Twitter заврши на CNN уште кога имав 14 години, во 2017 година кога го фотографиравме метеорскиот дожд Персеиди.

riste-spiroski-fotograf-od-ohrid-amerikanci-dojdoa-za-zaprosuvanje-kaj-nas-devojkite-mislat-deka-sum-turist-so-aparat-09.jpg

Оттогаш ни прерасна во традиција секоја година да го фотографираме.

Досега мои фотографии завршувале во медиуми како Space.com, Earthsky, CNN, Yahoo news, MSN, Sky & Telescope и други.

riste-spiroski-fotograf-od-ohrid-amerikanci-dojdoa-za-zaprosuvanje-kaj-nas-devojkite-mislat-deka-sum-turist-so-aparat-06.jpg Делумно затемнување на месечината фотографирано од Охрид

Колку време најдолго си чекал да ја фатиш вистинската фотка? Ти се случило ли некогаш да пропуштиш некој момент, па да се каеш...

Зависи од настанот, но онаа фотографија што ја ловам секогаш ја имам замислено веќе во главата штом пристигнам на локацијата.

Прашање на време е дали и кога таа фотографија ќе се оствари.

Најдолго сме го чекале вториот пат, метеорскиот дожд Персеиди во 2019, кога од 22 часот чекавме до 05:30 наутро да уловам композиција со метеор, шатор и планината.

Мојата камера во тоа време немаше опција за timelapse мод, па тоа ми беше додатен проблем, затоа што не можев да доловам метеор во композицијата, сѐ до утрото кога во последните три обиди, третата фотографија имаше метеор на неа.

Се случува често да пропуштам како што се случува и да уловам, но самиот чин да излезеш од дома и да пробаш да фотографираш е доволно да научиш како е да се биде фотограф.

Секое фотографирање те подобрува така што анализираш, учиш, разбираш.

riste-spiroski-fotograf-od-ohrid-amerikanci-dojdoa-za-zaprosuvanje-kaj-nas-devojkite-mislat-deka-sum-turist-so-aparat-10.jpgМетеорски дожд Персеиди фотографиран од Охрид (Август 2019)

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Французинката Олга 2 пати го посети Скопје: „Македонците се прекрасен народ“ „Ми се допадна културата, мешавина помеѓу оксидент и ориент, природата, византис...
Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg