Одговори на најчестите прашања за корекција на усните со д-р. Роберт Стојовски, пластичен хирург

Еден од најпопуларните третмани за разубавување во светот во моментов е корекција/пополнување на усните.

odgovori-na-najcestite-prasanja-za-korekcija-na-usnite-so-dr-robert-stojovski-plasticen-hirurg-01.jpg

И секогаш постојат бројни прашања кои сакаме да ги знаеме пред да донесеме одлука за ваква интервенција.

Какви опции постојат за пополнување на усните, што е хијалурон, што ако не ни се допаѓа крајниот резулатат - нa најчесто поставуваните прашања на оваа тема ни одговори д-р. Роберт Стојовски, спец. пластичен хирург.

Кои се начините на кои може да се коригираат/пополнат усните?

Усните можат да се пополнат со игла или со канила. Mоже да се пополнат со хијалурон - што е најбезбеден и најчест начин на пополнување.

Исто така, постои можност и пополнување со силиконски имплант или со сопствено масно ткиво, но единствено со хијалуронот можеме да бидеме најпрецизни и доколку има некоја компликација би имале можност на едноставен начин да ја решиме или коригираме.

Што всушност претставува хијалуронската киселина?

Хијалуронската киселина  – гликоза миногликан е природна киселина во човековиот организам со највисока концентрација во зглобовите, очите и кожата. Хијалуронската киселина се врзува со водата во организмот и ја прави кожата млада, хидрирана и затегната.

Како што старееме организмот не произведува доволно хијалурон па така мускулите, коските и кожата губат волумен и стануваат се потенки. Ова губење на волуменот придонесува до создавање на линии и брчки најизразени на лицето, вратот и дланките, виснување на кожата и истенчување на усните.

Која е разликата помеѓу филери и ботокс и каде е нивната соодветна примена?

Ботоксот се употребува само за мимични регии, воглавно како што се мускулите на челото, околу очите, помеѓу веѓите, но секако често се употребува и за намалување и целосно стопирање на потењето во одредена регија, најчесто под пазуви и дланки.

Филерот се употребува секаде каде што имаме потреба од пополнување на волумен или корекција на некоја асиметрија најчесто на лицето (зголемување на јаболкници, корекција на назолабијални бори, корекција на брада, контурирање на вилица, зголемување на волумен на усни и корекција на форма на истите).

Колку време траат и на колку време е пожелно да се обновуваат?

Истите траат во зависност од брендот кој се употребува. Филерите со кои што јас работам траат повеќе од една година, додека ботоксот трае 3-6 месеци (не постои ботокс кој што трае подолго).

Колку време трае постапката на пополнување на усните и дали се чувствува болка? После колку време исчезнуваат отоците и црвенилото?

Јас практикувам да работам со три различни анестезии со што болката е сведена на минимум и постапката трае 10-15 минути.

Модринки, доколку ги има траат неколку дена, а доколку се појави оток истиот трае 24-48 часа, но постојат и медикаменти како да се ублажат истите.

Што во случај кога нема да го добиете она што сте го замислиле? Дали постои простор за корекција веднаш? Има ли „назад“?

Да, постои решение. Антидот на хијалуронската киселина се вика Хијалуронидаза и за 10 минути го топи хијалуронот и ја враќа устата или делот кој што се работи во првобитната состојба.

На следната страна одговори на прашањата за препораки кои треба да се почитуваат пред и по третманот, можни несакани ефекти, и какви усни се бараат во Македонија...



Би можело да ве интересира:

Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
„Нема бенефит од доењето, постои само ризик од недоење“: Наташа Ц. Тодосовска, специјалист за доење ... „Сите слики од доење кои ги гледаме на социјалните медиуми се најчесто од мајка ...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Штипјанките Патриција и Андреа (21) за CRNOBELO: „Дечковците порано нè мешаа зашто сме идентични бли... „Би било криминал да имаш идентична близначка, а да не го „злоупотребиш“ тоа во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg