Интервју со водителката Јована Костадиновска: „Денот ми започнува во 6 часот, во емисија ни има паднато камерман“

За себе вели дека денот го започнува во 6 часот и открива како ѝ изгледа еден ден измешан со работни и семејни обврски, а споделува и необични случки од снимање, како таа кога им паднал камерман - водителката Јована Костадиновска одговара на прашања за својот живот за CRNOBELO.com.

intervju-so-voditelkata-jovana-kostadinovska-denot-mi-zapochnuva-vo-6-chasot-vo-emisija-ni-ima-padnato-kamerman-01.jpg

Јована Костадиновска е асоцијација за утрински човек, знае да каже дека се буди со позитивна енергија и подготвена за работа од рано наутро.

Во светот на телевизијата е веќе долги години. Нејзината енергија и ведрина ја забележуваме во саботната емисија „Ја сакам Mакедонија“ на Сител Телевизија.

Таа за CRNOBELO.com одговара на неколку прашања поврзани со нејзиниот приватен и професионален живот:

Колку време сте на телевизиските екрани? Од кога ја започнувате вашата кариера?

Почнав на 18 годишна возраст и не верувам дека некогаш ќе можам да се одвојам од телевизијата. Всушност од кога знам за себе сакам да се занимавам со јавни настапи, уште во средношколските денови настапував во театар, но телевизијата е магија.  

Се занимавате со водителство, што претставува медиумот за вас?

Да се занимавам со водителство, но тоа само по себе не претставува чин на појавување и презентирање на некоја информација, тоа е еден поголем процес во кој се подготвувате добро на одредена тема, поминуваат часови во читање, подготовки пред секоја емисија. Тоа ја прави посебна и единствена мојата работа, зад неа стојам јас и мојата креативност.

intervju-so-voditelkata-jovana-kostadinovska-denot-mi-zapochnuva-vo-6-chasot-vo-emisija-ni-ima-padnato-kamerman03.jpg

Сите ве познаваат како ТВ лик, но малкумина знаат и дека сте професионален инструктор по аеробик. Дали можеби тоа е тајната на вашиот изглед?

Да дефинитивно останувам поборник на здравиот начин на живот во секој поглед. Се занимавав професионално со аеробик, но и покрај тоа што веќе не е дел од моите работни обврски засекогаш е дел од мојот начин на живот, па не знам дали е тајната, но дефинитивно со созревањето си покажа дека има удел па и денеска кога сум мајка еве се заблагодарувам на себе што сум стекнала такви здрави, спортски навики.

Мајка сте на две дечиња, многу рано почнувате со работа. Како изгледа вашиот работен ден?

Јас сум ранобудник за цел живот,  мојот ден започнува во 06.00 ч наутро но во зависност од работните обврски знае и некој час порано. Убавината во рано стартувањето на денот е што подоцна имате цел ден пред вас. Кафе, училиште, градинка, телевизија за старт, а потоа обврските си го одредуваат течението, но дефинитивно кој рано рани две среќи граби.

Водите емисии во живо, се случува ли вие да имате трема? Може ли да издвоите момент, случка за паметење, пријатна или непријатна?

За трема многу често ме прашуваат, и одговорот е НЕ апсолутно никаква трема, чуствувам само една убава возбуда и адреналин.

Кога е емисија во живо сè може да се случи, па така и гостин ни се онесвести, камерман падна со се камерата во раце, се случувале и лапсузи... има многу, но кога имате поддршка од добар тим, како тимот во режијата зад мене, шоуто продолжува, а гледачите уживаат!

intervju-so-voditelkata-jovana-kostadinovska-denot-mi-zapochnuva-vo-6-chasot-vo-emisija-ni-ima-padnato-kamerman04.jpg

Од каде ја црпите мотивација? Што е она што можете да го издвоите како мотив?

Мотивацијата ја имам постојано, нема поголема мотивација од таа да си ја сакаш работата и да ја работиш со љубов и жар. Мотивот или темата за работа кај нас новинарите е потрагата по приказни, секојдневието, сè она што нè опкружува, она што ние кога би се ставиле во улога на гледач сакаме да го слушнеме и видиме.

Телевизиската работа има свои предности, но и мани. Како се справувате со критиките?

Во секој поглед сакам да ги слушнам. Лошата критика доколку е издржана знае да биде и ветер во грб, особено за човек кој сака да напредува и вложува во себе. За добрите критики сум бескрајно благодарна зошто ми ја одржуваат насмевката на лицето.

Како уредник во емисијата „Ја сакам Македонија“, како е да се уредува и води емисија во едно поинакво време на пандемија?

За целиот тим ова е еден голем предизвик со кој се соочивме и подготвени го прифативме. Потрагата по информација и одговор секојдневно е борба, но убавината на професијата е да стасаш прв до неа и да ја пренесеш. Во секој случај, се чувствувам благодарна што имам зад себе медиум кој ни даде огромна подршка и пред сè услови за работа.

Како новинар, овој период го доживувам како голем предизвик. Се сеќавам кога се случи поплавата во Стајковци во 2016-та година па земјотресот потоа, побрзав да купам гумени чизми и да тргнам на терен, со нетрпение чекав да видам каде се одредува силината на земјотресите, и денеска во сè уште ек на пандемија ставам маска и го прифаќам предизвикот на работата.

Кога сме на прагот на 2020-та што ќе посакате за следната година?

Ќе си посакам здравје, мир и спокој за мојот и секој дом, секое семејство во Македонија, и ова ќе помине, важно е да извлечеме поука и уште похрабро во новата 2021 година.

intervju-so-voditelkata-jovana-kostadinovska-denot-mi-zapochnuva-vo-6-chasot-vo-emisija-ni-ima-padnato-kamerman-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg