Алекс Пуци (28), Македонка која била дел од кујната на ресторани со Мишелин ѕвезди: „Би сакала да готвам на Оскарите!“

Александра (28) и нејзиниот талент за готвење вистински ремек дела го забележавме на Инстаграм преку нејзиниот профил @alex_pucci_ . Алекс или како што пријателите ја нарекуваат Пуци (заради нејзината кадрава коса) е девојка која подготвува оброци за вистински гурмани и хедонисти кои сакаат да доживеат поинакво искуство со храната, да пробаат нешто ново, а да не мора да одат во странство.

makedonka-koja-bila-del-od-kujnata-na-restorani-so-miselin-zvedi-intervju-so-aleks-puci-bi-sakala-da-gotvam-na-oskarite-01.jpg

Има работено во некои од најдобрите ресторани кои поседуваат Мишелин ѕвезди и учено од врвни шефови (готвачи).

Со неа поразговаравме за нејзините искуства низ светот, за тоа како изгледа да се биде во кујната на ресторан со Мишелин ѕвезди, за нејзините моментални и идни проекти и секако – за тоа дали можеме да очекуваме нејзино катче некаде во нашава земја каде ќе може со задоволство да пробуваме нови вкусови.

Од каде љубовта кон готвењето? Што беше првото нешто што го зготви и успеа да се воодушевиш себеси?

Отсекогаш сум сакала да се моткам во кујна и да експериментирам нешто. Се сеќавам дека како помала, поточно некаде тинејџерските години сама си ги правев тортите за роденден.

Ми беше мерак да ги декорирам и украсувам. Имав еден период кога почнав да си пишувам блог за рецепти и да си готвам едноставни работи по дома. Подоцна сфатив дека сакам да се подобрам и почнав сѐ повеќе да се едуцирам и да навлегувам во тој свет.

Во моето семејство, нема некој кој професионално се занимава со готвење ама морам да се пофалам дека и мајка ми и татко ми се одлични готвачи. Кога се подготвува нешто дома секој од нас си ги распределува задачите за подготовка на храната и сме прав тим. Уште ресторан ни фали. ?

makedonka-koja-bila-del-od-kujnata-na-restorani-so-miselin-zvedi-intervju-so-aleks-puci-bi-sakala-da-gotvam-na-oskarite-18.jpg

Каде стекнуваш нови искуства и го унапредуваш својот талент за готвење?

Многу сакам да патувам и да пробувам и истражувам нови кујни, традиции и состојки од светот. Мислам дека на секој готвач му е потребно тоа. Да ги прошири своите видици и да ја разигра својата палета на вкусови.

Во текот на моите кулинарски авантури оние кои ми се меѓу поважните и подрагите и каде научив многу се во Шведска и Словенија, потоа пократко во Хрватска и Данска како и моето незаборавно кратко живеење во Дубаи и откривањето на светот на зачините и вкусовите од ориентот.

makedonka-koja-bila-del-od-kujnata-na-restorani-so-miselin-zvedi-intervju-so-aleks-puci-bi-sakala-da-gotvam-na-oskarite-03.jpeg

Која земја е кулинарски „рај“ за готвачите?

Кога станува збор за гастрономија и кулинарство ме воодушевува како работат во Скандинавските земји. Особено нивниот стил и иновативност. Секогаш биле напред со трендовите во кулинарскиот свет. Ми се допаѓа нивниот пристап и начин на работа, нивната смиреност и дисциплинираност.

Како изгледа да се биде во кујната на ресторан со Мишелин ѕвездички? Дали навистина се внимава на сè како на филмовите?

Да, навистина е како во филмовите, но не до толку со фрлање чинии во канта или кршење од глава. Но, навистина, притисокот и одговорноста е огромна.

Мораш да бидеш 110 проценти фокусиран посебно кога гостите пристигнуваат затоа што сите тие луѓе допатувале за да ја пробаат храната која ја нуди ресторанот и нема простор за грешка. Посебно во рестораните со повеќе ѕвезди.

Сè мора да биде беспрекорно. Војничка дисциплина, одлични шефови и пред се ментори кои се тука за да ти го покажат начинот до совршена храна, од собирање  и одбирање на најдобрите состојки, начин и техники на подготовка се до совршено сервирање на чинија.

Многу прецизност и челична волја бара оваа работа, и ја обожавам поради тој адреналин кој ти го дава во одредени моменти додека работиш во кујната.

makedonka-koja-bila-del-od-kujnata-na-restorani-so-miselin-zvedi-intervju-so-aleks-puci-bi-sakala-da-gotvam-na-oskarite-02.jpg

Мишелин рестораните во последните години се повеќе го практикуваат трендот на користење локални и свежи сезонски состојки. Сите состојки внимателно се одбираат и се настојува истите да бидат првокласни и со константен квалитет. Од  зачини, масла, зеленчук и овошје па се до риба, месо и млечни производи. Секаде многу се подржуваат локалните производители, земјоделци и фармери.  

Во текот на моето работење и пракса имав среќа да бидам дел од повеќе ресторани, некаде пократко некаде на подолг временски период, но навистина сум благодарна што имав прилика да се запознаам со многу инспиративни шефови од светот и што успеав да научам многу и да напреднам во полето. 

Од оние кои ми оставиле најголем впечаток би ги споменала Ресторан Frantzen во Стокхлом - Шведска, Ресторан Пелегрини во Хрватска, Хиша Франко во Словенија, Кокериет во Данска.

Колку време е потребно за да се направи совршена торта?

За да ја направам совршената торта многу време поминувам фокусирајќи се на деталите и декорациите кои заедно со подготовката на тортата ми одземаат скоро 2 дена и навистина вреди, посебно кога ќе ги видам среќните и задоволните реакции на клиентите.

makedonka-koja-bila-del-od-kujnata-na-restorani-so-miselin-zvedi-intervju-so-aleks-puci-bi-sakala-da-gotvam-na-oskarite-05.jpg

Сето тоа ме исполнува и ми дава мотивација и инспирација да продолжам.

Што би зготвила на саканата личност кога би подготвувала совршена вечера?

Многу сакам да готвам и да јадам риба и морска храна. Меѓутоа нашето поднебје има друга приказна и секогаш настојувам да готвам со локални и сезонски состојки.

makedonka-koja-bila-del-od-kujnata-na-restorani-so-miselin-zvedi-intervju-so-aleks-puci-bi-sakala-da-gotvam-na-oskarite-06.jpg

Немам омилен рецепт, едноставно многу ми е тешко да одберам зошто се ми е интересно, љубопитна сум да пробувам нови работи и за мене храната нема крај и ограничување во однос на комбинации и рецепти.

Кога би зготвила веројатно би била класика некоја кремава паста или ризото. Сигурен погодок. Италијанската храна е секогаш добра идеја за романтична вечера.

Што мора да има во едно совршено подготвено јадење?

Секогаш пред да готвам нешто ги истражувам профилите на состојките кои што би ги комбинирала за да добијам совршен спој на вкусови каде сè би било балансирано.

Зачините и билките ми се секогаш омилени состојки , дали тоа би било шафран или домашна мајчина душичка,  или пак свежи билки  од градината, за мене се еден важен сегмент при создавање на совршено јадење.

makedonka-koja-bila-del-od-kujnata-na-restorani-so-miselin-zvedi-intervju-so-aleks-puci-bi-sakala-da-gotvam-na-oskarite-07.jpeg

Кој шеф (готвач) ти е role model?

За омилен шеф не би можела да издвојам еден конкретно меѓутоа кога би морала да одберам на листата би биле Мауро Колагреко, Даниел Хум, Дан Барбер, Клер Смит и Доминик Крен.

За која позната личност би сакала да зготвиш нешто?

Леле тешко прашање. Не можам да се сетам на некој посебно, ама би било убаво да готвам за познатите на Оскарите. Зошто за еден кога можеш за сите?! Koлку нескромно од моја страна.

Кога би требало да одберам би го поканила писателот Сајмон Синек. Ептен ми е инспиративен и харизматичен лик.

makedonka-koja-bila-del-od-kujnata-na-restorani-so-miselin-zvedi-intervju-so-aleks-puci-bi-sakala-da-gotvam-na-oskarite-13.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Никола од Скопје живее во Русија: „Би сакал да се вратам во Македонија, но да имам достоен живот как... „Тука гасот е речиси бесплатен, а струјата е многу поевтина. Јас живеам во стан ...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Андријана Петрушовска пред финалето на „Гранд“: „Постои ривалство меѓу кандидатите, но секој е дојде... „Се трудам секогаш да сум стилски облечена, бидејќи сцената тоа го бара. А прива...
Александар Златановски работи како аранжер на колачи во Лајпциг: „Добро се заработува, но сакам да з... „Градот го нарекуваат 'младиот Берлин', бидејќи потсетува и по инфраструктурата ...
Калиопи за CRNOBELO: „Кога создадов свое семејство, сфатив колкава жртва правеле моите родители за м... „Заради мене целото семејство го напушти Кичево и се пресели во Скопје. Тоа се г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg