Прошетка по скопските улици и убавините на Македонија низ објективот на Стефан Катранџиски
- Детали
- сабота, 26 декември 2020
„Фотографијата за мене претставува уметност креирана од колаборација помеѓу двајца уметници, фотографот и фотографираниот. Замрзнување момент полн со емоции кој ќе се памети со децении“, се зборови на Стефан Катранџиски, дваесетгодишен уличен и портрет фотограф од Штип, кој студира графички дизајн на Меѓународниот Балкански Универзитет (IBU) во Скопје и е голем обожавател на автомобилизмот.
Неговиот Инстаграм профил @stefzn_ ќе ви овозможи една виртуелна прошетка низ многу познати и интересни локации.
Стефан отсекогаш сакал технологија. Како мал омилено нешто кога одел по свадби на родните му било да снима. Често се случувало камерманите да имаат некоја мала резервна камера за секој случај и Стефан ќе ја побарал и ќе ја снимал дури и целата свадба.
Како растел, тоа почнало сè поретко и поретко да се случува, ама неговата жед за најновата технологија никогаш не згаснала.
https://www.instagram.com/p/CG0CTVULsJK/
„Некаде во 2014 година, на мои 14 години, ми купија LG G3, што тогаш имаше најдобра камера од сите телефони на маркетот, и почнав да фоткам онака рандом низ мојот роден град и сфатив дека уживам правејќи го тоа.
Ги научив минималните основи со тој телефон и потоа го заменив телефонот со Samsung S7 Edge кој имаше мануелна камера, која ми овозможи да научам за брзина на бленда, ISO, баланс на бела боја и сите тие технички ствари кои создаваат една фотографија“, раскажува Стефан.
https://www.instagram.com/p/CGaLWsQBOEz/
Тој почнал да објавува свои фотографии во групи на Фејсбук и добивал одлични коментари, па на тој начин се одлучил да продолжи понатаму.
Потоа почнале да му пишуваат фотографи за обработка на нивните фотки, тоа го работел како фриленс, и откако проучил илјадници фотки во Lightroom, почнале да го викаат како втор фотограф на фотосесии, свадби, настани...
https://www.instagram.com/p/CF9512FBlXM/
„Најголемото знаење се добива со текот на времето, колку повеќе фотографираш – толку повеќе учиш. Како фотограф кој е сè уште во почетна фаза би кажал дека фотографите учат цел живот, затоа што не секогаш се истите услови, освен ако не се работи за студио.
Во слободно време „дремам“ на YouTube и ги следам Peter McKinnon (класика), Chris Hau и NorthBorders од кои црпам инспирација.
Во моментот располагам со следнава опрема: Nikon Z6 – тело, Samyang 14 mm f/2.8 – широкоаголен објектив, Nikkor Z 24-70 mm f/4 S – најостриот китленс што постои и Nikkor Z 50 mm f/1.8 S – nifty fifty – објектив кој треба да го има секој фотограф“, додава Стефан.
https://www.instagram.com/p/CDb9js5h7VC/
Неговата совршена работна атмосфера изгледа вака: „3am, coffee, lights out, just me and the brightness of my monitor“ (3 часот наутро, изгаснати светла, само јас и светлината од мојот монитор):
Речиси сите фотографии ги средува во Lightroom, од Lightroom некои одат директно на експорт, а некои поминуваат низ фаза на ретуширање во Photoshop.
Стефан секогаш ги користи и препорачува да се користат најновите верзии на овие два програма за да се олесни работата. Исто така и за камерата и објективите, доколку има достапно ажурирање за софтверот, да се направи и тоа.
https://www.instagram.com/p/CC6QZSmBrfR/
„Најважно нешто, што би го кажал секој професионален фотограф е направи сè што можеш за да ја приспособиш сцената што поблиску до идеалност, што помалку работа во Photoshop – толку подобро, затоа што не секогаш ќе можеш перфектно да „фотошопираш“ нешто надвор од фотографијата.
Најголемата грешка која ја правев кога почнував да фотографирам беше искривениот хоризонт, не обрнував внимание на тоа воопшто, и ја научив лекцијата на потешкиот начин. Така да препорачувам да го исправите апаратот што е можно повеќе за помалку да треба да сечете во постпродукција.
https://www.instagram.com/p/B-7Da6ahE_8/
Фотографирањето во RAW формат (по можност 14-bit) исто така би го препорачал како нешто задолжително, затоа што не ви одзема време нагодувањето на балансот на белата бела при фоткањето, тоа може да го наместите со еден клик во Lightroom.
Имате слобода за местење на светлината без губење на деталите исто така во Lightroom“, советува Стефан.
https://www.instagram.com/p/B9jqf-ehG33/
Тој додава дека „дремење“ на YouTube и фотографирање што е можно повеќе се задолжителни нешта за да се стане подобар фотограф.
Вели дека нема резултати од седење дома. Исто така експериментирањето му помогнало многу за да добие добри резултати, кога има услови да експериментира го прави тоа.
https://www.instagram.com/p/B8_bpOVhX4L/
„Најмногу сакам да фоткам случајни работи, го земам апаратот, идам по улица и фоткам емоции, случки и сè на што можеш да наидеш додека си надвор. Во поголем град, како Скопје, тоа е многу позабавно затоа што има поголем број на луѓе во споредба со Штип. Кога престојувам во Скопје барем еднаш во неделата го правам тоа, ставам слушалки, го земам апаратот и идам да фоткам…“, споделува тој.
https://www.instagram.com/p/B7YiSEOBag9/
Омилени места за правење фотки му се скопските улици, автобуски постојки и места каде што луѓето брзаат. Исто така, сака да фотографира и со други улични фотографи низ скопските улици, затоа што секогаш се споделуваат совети и е сосема поразличен амбиент, не е толку монотоно како што знае да биде кога си сам.
Омилени другарчиња за фоторафирање му се @cv_angie и @pavleski_1.
https://www.instagram.com/p/B8ZQTgshAxU/
„Не знам дали се смета како „случка“, но благодарение на фотографијата успеав да запознам премногу луѓе кои се супер и со кои едвај чекам да патувам и да ја истражам нашава мала, но богата Македонија.
Имало доста случки низ скопските улици, се случува да дојдат Македонци и да ни зборуваат на англиски, мислејќи дека сме странци, им даваме Instagram и гледаат македонски имиња и почнуваат „Еи, абе вие наши сте?“ затоа што кај нас е многу ретка улична фотографијата. Исто така доаѓале рандом луѓе да се сликаат со нас, со истата умисла дека сме странци“, раскажува Стефан.
https://www.instagram.com/p/B6Icn44h5s5/
Иако бројката на славни личности кои ги има фотографирано (настани/фотосесии) не е многу голема, сепак му претставувало големо задоволство.
Ги има фотографирано Andrew Meller, Саша Ковачевиќ, Филип Фишер, Амадеус бенд, Галоски, Антониа Гиговска, Филип Божиновски, Виктор Апостоловски, DJ Гоце, DJ Nikifor, DJ Shorty P…
Во моментов има договорено соработка со издавачката куќа LAKAS‘ Creative Lab за снимање на видеоспот за песна кој ќе биде преполна со визуелни ефекти. А за во иднина, да ја прошета нашата Македонија.
https://www.instagram.com/p/B-kBET2hWW2/
Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело