Јелена Јованов Периќ: талентирана, успешна и искрена

jelena-jovanov-perikj-talentirana-uspesna-i-iskrena-01.jpg

Веќе трета сезона си дел од телевизиската серија „Преспав“ На што сметаш дека се должи успехот на серијата? На што те научи ова искуство?

Пронаоѓање на точен хумор, имплементирање во точни ситуации, негово дозирање, развивање, разбирање и транспортирање. Уиграна екипа која ужива во она што го работи. Публика која прифаќа да се насмее на сопствената мака во која сме сите заедно што влева надеж дека може и ќе нѐ биде. Не верував за себе дека можам да пливам во жанрот комедија и ненормално многу ме радува фактот дека таму пронајдов дел од себе си. „Јелена од Драчево“ стана своевидна институција и мило ми е што е еден од омилените ликови. Да насмееш некого од срце е најтешко, но колку исполнува таквото чувство во овие денови на сивило - тешко да опишам.

Те препознаваме по многу телевизсики и филмски улоги. Една од последните соработки е соработката со Милчо Манчевски на неговиот последен филм и тим од на наши, локални актери/ки? Како е да се работи со Милчо Манчевски? Каква беше енергијата на сет? Кажи ни нешто повеќе за улогата?

Мојата појава во „Врба“ е кратка и многу слатка. Барем за мене. Среќна сум што сум дел од таа приказна. Лесно, филигрански, полно со вистина и живот, смирено и со уживање. Така би го опишала сетот на Манчевски. Повеќе од ова ни не можам ниту сакам да споделам. Ќе ви го оддолжам задоволството за да уживате повеќе во филмот кога ќе излезе.

jelena-jovanov-perikj-talentirana-uspesna-i-iskrena-02.jpg

Што сѐ уште стои на твојата to-do-list?

Не сум автор на таквата. Го оставам животот, околностите и времето сами да ја пишуваат. На мене е да сум жива, здрава, спремна за сѐ што ќе наиде.

Која ти е најдрага улога од оние од почетоците? Дали сметаш дека те менуваат улогите кои ги играш?

Не можам да ги селектирам по мерна единица на милост, драгост, љубов. Подеднакво ја сакам секоја. Можеби можам да ја издвојам онаа од која започна се. Тоа е улогата на Бисера во „Демонот од Дебар Маало“ од Горан Стефановски во режија на Слободан Унковски. Се радувам на секој процес, посебно кога треба да влезам во чевли тотално не налик на моите. Го сакам, барам и уживам во моментот на оној личен ментален стреч кој секоја улога го носи, во гледањето на светот со други очи. Во разбирањето и соочувањето со проблемот поинаку од она што јас го знам како свое. Во бранењето на вистината, во давењето глас на безгласните, во јакнење на емпатијата. Понекогаш ќе се запрашам дали имам право на сето тоа, а публиката е таа која барем до сега го оправдувала тој мој позив. Им благодарам на секоја укажана поддршка.

jelena-jovanov-perikj-talentirana-uspesna-i-iskrena-03.jpg

Живееш во Загреб, работиш и патуваш постојано. Што значи ова за твоите пријателства?

Сè има свој данок па така и номадскиот живот. Лажните пријателства благодарение на дистанцата сами се исчистија, а вистинските останаа вистински, барем во мојот случај. Не секогаш поради обврските го добивам посакуваното време со нив кога сум во Македонија, но го давам својот максимум во личната организација да успевам во тоа. Во Загреб исто така имам свој круг на пријатели и немам чувство дека сум сама. Она што ништо не може да го замени се моите родители и фамилијата на брат ми кои неизмерно ми недостигаат. Но, колку и некогаш да е тешко сакам да верувам дека секој од нас со причина е таму каде што е. Така ми е полесно.

Како се разликува модата во Загреб од модата во Скопје? Дали се смени и твојот стил на облекување кога се пресели во Загреб? Што најмногу сметаш дека влијае на твојот стил на облекување?

Не гледам значајна дискрапанца помеѓу модата во Загреб и онаа во Скопје. Она што јас уште повеќе го прегрнав овде е опуштеноста и слободата во изборот на истата. Денот, приликата, расположението се оние што најмногу диктираат како ќе излезам од дома.

Како би го опишала твојот стил на облекување? Кое парче сметаш дека секоја девојка/жена мора да го поседува?

Веројатно тоа подобро и поточно би го издефиниран некој друг. Она што јас можам да го ставам во опис е спонтан, опуштен и во склад со приликите или пак неприликите. Знам некогаш да се „намонтирам“ (што би рекле Загрепчани) кога не се чувствувам најдобро. Тогаш аутфитот станува и мала ментална терапија. Ормарот ми е поприлично досаден со црни, бели и сиви парчиња на облека. Бојата ја сакам, но најчесто кај некој друг. Љубител сум на остри, строги и чисти кроеви. Без парфем се чувствувам некомлетирано. Со глава на раменици и свесна за она што е, секоја жена знае што најдобро и прилега и лесно доаѓа до она што треба да го поседува како облека.

jelena-jovanov-perikj-talentirana-uspesna-i-iskrena-04.jpg

Што ти дава самодоверба? Што те плаши приватно и професионално?

Самодоверба, храброст, сила. Пакет кој го добивам кога трезвено ќе се соочам и го прифатам сè она низ што поминувам (добро и лошо) и поодлучно продолжувам напред. Самотија е веројатно најздружена со мојот страв. Се трудам да го трансформирам. Некогаш успешно, некогаш не.

Кажи ни нешто повеќе за твојот следен проект?

Два долгометражни филма и две серии се она на што миговно работам во процес на пред продукција. За што точно станува збор сè уште немам зелено светло за споделување. Кога тоа ќе се случи со задоволство би седнале на нов возбудлив муабет.

jelena-jovanov-perikj-talentirana-uspesna-i-iskrena-05.jpg

jelena-jovanov-perikj-talentirana-uspesna-i-iskrena-06.jpg

jelena-jovanov-perikj-talentirana-uspesna-i-iskrena-07.jpg

jelena-jovanov-perikj-talentirana-uspesna-i-iskrena-08.jpg

jelena-jovanov-perikj-talentirana-uspesna-i-iskrena-09.jpg

jelena-jovanov-perikj-talentirana-uspesna-i-iskrena-10.jpg

jelena-jovanov-perikj-talentirana-uspesna-i-iskrena-11.jpg

Модел/ / Јелена Јованов Периќ

Облека/ / Марела

Фотографии/ / Јована Зука

Стајлинг/ / Јована Зука

Коса/ / Даниел Артевски (Beauty Hub 202)

Шминка/ / Васе Доковски (Beauty Hub 202)

Локација/ / Музеј за електрична енергија на ЕВН - Изложбен Центар Матка

Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg