Мартина Блажеска: Мојот прв албум е круна на целокупната досегашна работа

За неа пишуваат светските медиуми, млада, згодна и талентирана. Гитаристката Мартина Блажеска од Охрид секојдневно ги освојува симпатиите и чекор по чекор се пробива во светот на светската музичката индустрија.

intervju so martina blazeska 01

Од големи сни - до нивното остварување, од девојка која сака да ги милува жиците на гитарата за да создаде звук кој ќе предизвика хармонија за луѓето околу неа - до издавање на својот прв албум. Иако постојано зафатена со низа обврски, сепак успеавме да ја украдеме на кратко и да дознаеме за најновите случувања во нејзината кариера како и плановите за иднината.

Имавме можност да прочитаме дека се крчка нешто свежо и ново, кога може да го очекуваме долго најавуваниот албум?

Албумот ќе биде во продажба од 10-ти април.

Како ќе може обожавателите да стигнат до албумот, на кои музички платформи планираш да го пласираш и дали ќе има музичка куќа во Македонија преку која ќе се дистрибуира албумот?

Албумот ќе биде во продажба дигитално на сите музички платформи: Spotify, Apple Music, iTunes Store, Pandora, Amazon, Deezer, Google Play... Сега за сега нема музичка куќа преку која ќе се дистрибуира албумот во Македонија.

Колку композиции ќе се најдат на твојот албум и дали ти се потпишуваш како комплетен автор на сите од нив?

Албумот има пет композиции и јас сум комплетен автор на музиката и текстот на сите од нив.

На кое тло и во кое студио се снимаше албумот?

Албумот се снимаше во Германија. Снимањето и продукција во студиото на Мартин Милер, a мастеринг во студиото на Torsten Solberg - Heartware Studios.

Какви композиции може да очекуваме во твојот албум?

Композициите се поп, фолк и инди. Аранжманите се со фокус на гитара, синт звуци и инструменти во живо.

Која беше главната мотивација за нивната креација? Дали има композиции посветени на некоја конкретна личност или едноставно преувладуваат генерални чувства?

Дефинитивно преоволадуваат генерални чувства. Инспирација беа секојдневни ситуации од мојот живот, социјални случувања и разновидна природа.

intervju so martina blazeska 02

Избрана си да бидеш еден од десетте гитаристи кои ќе настапуваат на “Berkle Commencement Concert”, за да им доловиме на читателите, што тоа значи за еден млад артист како што си ти?

Тоа е едно од најголемите достигнувања за мене како студент за Беркли и општо во мојата кариера. Покрај моето дипломирање во мај, имам привилегија да настапам на завршниот концерт за генерација 2018. Ќе свирам гитара за Rosanne Cash, ќерка на Johnny Cash. Сцената ќе ја делам со Nile Rodgers и Esperanza Spalding што за мене е вистински сон. Концертот ќе биде во Аgganis Аrena во Бостон на 11ти мај.

Ти си промотор на еден од најпознатите брендови за гитари, Ibanez Guitars и твоето лице се најде во едни од најпознатите музички списанија „Guitar und Bass” во Германија и „Guitarist Magazine” во Холандија, што сè опфаќа твојот ангажман како нивно заштитно лице?

Како артист за Ibanez Guitars, првенствено ги промовирам нивните гитари во моите видеа и на моите настапи. Покрај тоа снимам демо видеа каде ги прикажувам детално гитарите кои ги свирам и снимам реклами за истите. Често тие реклами се наоѓаат на панели во музички продавници и во списанија како горе наведените.

Какви спомени ти се будат кога ќе се спомне твоето радио шоу, каде што работеше како водител?

Прекрасни спомени. Шоуто се вика „Groovylicious” и главни стилови на музика за истото се acid jazz и funk. Покрај тоа што имав комплетна слобода да се забавувам зад микрофонот и да одбирам супер композиции, научив многу за тие стилови на музика.

Веќе пет години живееш и работиш во САД, ти се случува да не ти текнува некој македонски збор кога треба да го употребиш македонскиот јазик за комуникација или да ти забележат твоите блиски дека зборуваш македонски со американски акцент?

Ми се случува многу често. Мојот приватен и професионален живот е веќе комплетно на англиски јазик што навистина ми отежнува кога треба течно да го зборувам мајчиниот, македонскиот. Најголема разлика се забележува во мојата интонација. Англискиот интонира поинаку и моето семејство се шегува на моја сметка кога често им звучам смешно зборувајќи со таа интонација.

Како се снајде кога првпат стапна во непознат град на возраст од само 17 години, кои беа предизвиците со кои се соочи?

Уште не ми е јасно од каде ја добив таа храброст и сила за сама да се преселам во Лос Анџелес на тие години. Еве ќе го издвојам првиот школски ден; се симнав на погрешната автобуска станица и се изгубив во комплетно непознато соседство. Немав телефон за контакт и мораше директно да барам помош од луѓето кои живееа таму. Беше тешко, беше непознато, но беше и забавно. Чекорењето низ Hollywood, Venice, Melrose и тн. ми се едни од најубавите спомени.

intervju so martina blazeska 03

Често патуваш, летајќи од Европа за САД, како се снаоѓаш сама со сите тие куфери и дополнителната музичка опрема, бидејќи знам дека често патуваш со две гитари, има ли џентлмени кои нудат помош или тоа баш машки сама сè носиш на свои рамена?

Да те поправам, баш ЖЕНСКИ сама сè носам на свои рамена (се смее). Сега летањето ми е само рутина. Со оглед на тоа што живеам сама, сама и се снаоѓам за сè.  Со тоа повеќе ја ценам сопствената работа и труд.

Би се вратила ли да живееш во Македонија, ќе останеш во САД или можеме да очекуваме некоја сосема нова локација каде што би сакала да продолжиш да твориш?

Јас сум дете на светот. Може да се очекува нова локација, еве да речеме некаде во западна Европа.

Кои се твоите очекувања од иднината?

Публика, албуми, концерти, турнеи, музика, музика и музика.

На кого можеш да сметаш секогаш кога ти е потребна поддршка?

На самата себе.

Тренираш ли редовно за да го одржуваш твојот физички изглед, со оглед на тоа дека во минатото беше единствената девојка во групата, која тренираше аикидо?

За да го одржам мојот физички изглед пешачам секојдневно. Исто така практикувам јога скоро веќе една година.

intervju so martina blazeska 04

Што би препорачала на сите оние кои имаат големи сни?

Да не се двоумат во истите и да бидат истрајни кон својата визија. Да веруваат во нив и да ги направат тие соништа свое секојдневие и опсесија затоа што само така универзумот заедно со мозокот ќе најдат начин за тие големи сни да се остварат.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“ „Роден сум во Штип и растен сум во бивша Југославија, каде сите маалски детски и...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Благица Зикова, мајката на штипската четворка: „Трошиме по 25 пелени на ден, бебињата се мирни и спи... „Најтешко ми беше кога бев сама и немаше кој да ми помогне, па морав да ги храна...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Бродски љубовни приказни: Србинот Ненад и Перуанката Дафне, Карен од Мексико и Роман од Венецуела Врските на брод се познати по својот краток рок на траење, многу авантури за едн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg