Јутјуберот Бобан Бошевски од Битола - има 14 години, интернационални награди и веќе 8 години свири клавир

Приказните за светските Јутјубери често знаат да им го свртат вниманието на луѓето, посебно на помладите кои нетрпеливо чекаат нови и интересни видеа. Македонската Јутјуб сцена во последниве година-две засведочи едно популаризирање на светскиот тренд, кој со забрзано темпо се прошири и кај нас.

boban bosevski negativnite komentari se mojata inspiracija3 2

Многумина го знаат по неговиот канал IB Production со 14 илјади следбеници, a всушност станува збор за долгокосиот Бобан Бошевски од Битола, кој има само 14 години и веќе осум години свири на клавир, со две интернационални награди зад себе.

„На 22 јануари 2016 година го формирав јутјуб каналот“, раскажува Бобан, кој се впуштил во виртуелниот свет без да има посебни сознанија и реални очекувања.

„На почетокот каналот го водев на англиски јазик, но после неколку месеци пауза согледав дека треба да се префрлам и да се обраќам на македонски јазик. На овој начин функционирам веќе година и пол и воопшто немам желба да престанам“.

boban bosevski negativnite komentari se mojata inspiracija3 4

Секој нов ден за Бобан претставува поинаков предизвик, можност да дојде до интересна идеја и истата да ја реализира во видео. Личното надоградување и остварените соработки му овозможуваат полесно да се соочи со животните ситуации, кои иако понекогаш му изгледаат застрашувачки, сепак наоѓа сила и волја да се соочи со нив.

„Мотивацијата ја црпам од секојдневието, од сиот збир на случки и моменти што ми доаѓаат во пресрет. Тука слободно можам да ги набројам и моите блиски пријатели, соработниците и луѓето кои ме следат“, споделува Бобан, кој на својот канал сака да го прикаже сопствениот живот, да ги забавува луѓето и да им изнуди насмевка на лицата.

„Моментално моето внимание е насочено кон серијалот со трик прашања, кое воедно ме и инспирира да создавам уште такви видеа“.

https://www.youtube.com/watch?v=NRFROpa-wVU&t=6s

Кога станува збор за нови визуелни остварувања, Бобан најчесто ги следи реакциите на гледачите и ако содржината им се допаѓа продолжува да твори во тој правец. Најчесто бараат од него да имаа видео со некаков предизвик, да споделува животни стории и да снима видеа со прашања и одговори.

https://www.youtube.com/watch?v=x-RdE5W0aaQ&t=2s

„Секоја работа е пропратена со негативни коментари“, кажува Бобан, кој понекогаш соработува и со други јутјубери. „Имам група на луѓе кои ми даваат безусловна поддршка уште од самиот почеток, но и такви поединци, на кои им сметам. Без разлика од сè ги сакам конструктивните критики, често ги анализирам за да извлечам нешто ново и да бидам уште подобар во иднината. Едноставно речено негативните коментари се мојата инспирација“.

boban bosevski negativnite komentari se mojata inspiracija3 1

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg