Искуство на Милош од Куманово: Заработете две просечни плати преку онлајн предавање англиски

За некого интернетот претставува простор за релаксирања и денгубење, а за друг можност да се дојде до некаква заработка. Зависно од поставената цел, на крај секој си го добива заслуженото.

predavajte angliski onlajn od doma i zarabotite svoi pari 2

Приказната на Милош Ангеловски – Мајло од Куманово зборува за тоа како еден спонтан разговор со една негова другарка ќе му овозможи да стане онлајн професор по англиски јазик за Филипинско-Јапонската компанија БИБО.

Искуство кое освен што секој месец му носи заработка, му овозможува и да допре до туѓи животни приказни, да се запознае со луѓе од Источна Азија и да стекне огромно знаење за нивниот јазик, култура, менталитет, начин на живеење и религија.

„Принципот на БИБО е многу едноставен. Тие регрутираат лица, односно идни професори кои треба да поминат низ низа интервјуа, тестови и тренинзи за да го докажат своето знање на англиски јазик, а од друга страна собираат луѓе, односно претплатници кои сакаат да го изучуваат јазикот и да ја користат платформата“, раскажува Милош Ангеловски – Мајло, кој ја работи оваа работа веќе 17 месеци и е многу задоволен.

„Платформата ги спојува професорите и ученици и претставува еден вид на медиум. Вработените работат кога сакаат, си отвараат слободни термини и учениците си ги закажуваат часовите. Лекциите траат 25 минути преку Скајп. Ученикот има 2 опции, да зборува со професорот (free conversation) каде што ќе ги вежба своите способности за слушање и зборување или да изучува материјали од специјално дизајнираната онлајн книга која платформата ја користи и автоматски е достапна за ученикот и професорот“.

Она што нему најмногу му се допаѓа е тоа што нема претпоставен или шеф, вработениот може да работи кого сака и колку сака.

Во просек, ако се работи по 7 часа дневно и триесеттина дена може да се заработи како две просечни македонски плати, што е одлична можност, ако се земе предвид дека сета должност се врши од дома, со лаптоп и слушалки.

predavajte angliski onlajn od doma i zarabotite svoi pari 3 

„До сега имам работено со ученици од сите возрасти, деца од 5 години, па сè до постари лица кои имаат над 60 години, и имам запознаено повеќе од 2000 луѓе“, споделува Милош.

„Еден од поинтересни моменти беше кога имав за студент еден релативно постар Јапонец и на почетокот на часот додека се запознававме ме убедуваше дека го знае текстот од почеток до крај на сите државни химни во светот. Го предизвикав дека нема шанси да ја знае химната на мојата земја, додека на мое неверување нè започна да пее Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата со неговиот јапонски акцент, го прекинав со смеење и чудење, а тој ме задеваше дали треба уште да продолжи“.

predavajte angliski onlajn od doma i zarabotite svoi pari 4

Милош Ангеловски - Мајло им препорачува на сите луѓе кои имаат добро познавање на англискиот јазик и кои сакаат да работата преку интернет да аплицираат и да пробаат да се вработат во БИБО, затоа што вложениот труд на крај се исплати.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg