Мајката на Фрида (5), колекционерка на очила: „Ќерка ми има 150 пара очила во сите бои, тие ѝ се омилен моден додаток“
Всушност, скоро сите и се купени без футроли, затоа што доминираат пластични и небрендирани очила.
Најголем дел од очилата ни се подарени, од продавници кои Фрида ги рекламирала, но ако забележиме некои кои ни се допаѓаат, а ги немаме, ги купуваме без размислување.
Во колекцијата имаме очила од 200 денари, а имаме и од 5.000 денари.
Доминираат евтини очила, кои се носат краткотрајно, за да не ги оштетат очите на децата.
Кога Фрида и Мика имаат потреба од подолго носење на очила, тогаш носат од очилата со квалитетно стакло и висока заштита.
Најскапи во колекцијата се очилата Ray-Ban, купени на попуст од околу 5.000 денари.
Лично, сметам дека моите деца треба да имаат еден-два пара квалитетни очила, но за повеќе од тоа апсолутно нема потреба, затоа што генерално децата помалку внимаваат, па може лесно да ги уништат или изгубат.
Ова најмногу го сфатив кога Фрида на свои 4 години доби на подарок Ray-Ban очила, па еден месец подоцна ги изгубивме на плажа.
И јас сум голем љубител на очила за сонце и сметам дека очилата се убав аксесоар, кој многу придонесува во добриот аутфит.
Кај децата тоа ми е посебно симпатично. Не мора да е кој знае како детето облечено, но кога би носело очила или капче, веднаш поинаку е впечатокот за тоа дете (барем за мене)“.
Повеќе фотографии од колекцијата на Фрида на следната страница...
Би можело да ве интересира:





