Гените се чудо: Татко и син од Тетово се вљубеници во музиката, восхитија и на „Никогаш не е доцна“
- Детали
- среда, 19 февруари 2025
Тони Тушев на 10-годишна возраст започнува да свири на гитара, а на 16-годишна возраст го формира својот рок-бенд, но на 35 години се откажал од музиката. Сега, на 54 години, се натпреварува во шоуто „Никогаш не е доцна“. Настапи со син му, кој тргнал по неговите музички стапки и воодушеви.
Тони Тушев (54) е учесник во музичкото шоу „Никогаш не е доцна“. Тој уште со првиот негов настап во првиот круг го воодушеви жирито и ги освои симпатиите на публиката и гледачите крај малите екрани.
Во вториот круг на шоуто, освен самостоен настап, имаше и настап во дует со неговиот син Даниел Тушев со безвременскиот хит „У љубав вјере немам“ и ги освоија срцата на жирито, публиката и гледачите пред малите екрани.
Тони Тушев своето музичко патешествие го започнува на 10-годишна возраст, запознавајќи ја гитарата како инструмент, кој го привлекува неговото внимание и активно почнува да вежба и да го совладува тој инструмент.
На 16-годишна возраст го формира својот рок-бенд, со кој учествува на многу музички настани низ земјата.
На 19-годишна возраст заедно со своите пријатели го формираат вокално инструменталниот состав „Амбасадори“, со кој настапуваат на секакви пригоди, а во кој Тони Тушев е вокален солист и гитарист.
Со активно занимавање со музика престанува на 35-годишна возраст, поради обврските кои произлегуваат од неговиот приватен семеен бизнис во сферата на автомобилизмот.
По неговите стапки продолжува неговиот син Даниел Тушев (29), кој исто така почнува активно да се занимава со пеење, односно да настапува во клубовите во Тетово од негова 15-годишна возраст.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





