Каква мајка, таква ќерка – Нашите балерини Марија и Стефанија се доказ дека гените се чудо

Балерините Стефанија Гаштарска (23) и Марија Крстевски (43) се доказ дека гените се чудо. Двете се неверојатно талентирани, а многумина ги мешаат дека се сестри. „Мајка ми кога првпат ме виде како настапувам, заплака и ми рече дека сум родена за на сцена“, вели Стефанија за CRNOBELO.com.

kakva-majka-takva-kjerka-nashite-balerini-marija-i-stefanija-se-dokaz-deka-genite-se-chudo-01.jpgфото: Мартин Трајановски за Fashion Group

Стефанија Гаштарска (23) е балетски уметник, дипломирана на Болшој балетската Академија во Москва, солист првенец во Перм Опера и Балет во Русија.

Марија Крстевски (43), мајка на Стефанија и Давид, е солист во Македонската Опера и Балет, дипломиран балетски педагог и репетитор, како и сопственик на балетското студио „АРАБЕСК“.

Двете се неверојатно талентирани и во себе носат огромна љубов кон балетот.

За CRNOBELO.com Стефанија споделува:

„На прашањето дали талентот е наследен, во нашиот случај повеќе од очигледно е „ДА“, а дали тој талент ќе се развие правилно зависи од повеќе фактори, поддршката од дома, правилното насочување, среќа, упорност, многу работа, големи соништа, визија, верба во себе и најважно од сè верба во Бога.

За среќа, јас сето тоа го имав.

Мајка ми пред сè ми е најголемата поддршка и најголем фан уште во периодот кога освен желба и визија, немав некои физички предиспозиции за балерина (бев полничко девојче затоа што бев голем гурман).

Мајка ми уште првиот пат кога ме виде на сцена, на мои 9 години, се расплака (а не е некој што е лесно кршлив кога се емоциите во прашање).

Толку беше трогната што од тој момент ми кажа „Ти си дете родена за на сцена“ и од тој момент почна нашата борба и трнлив пат кон успехот.

Ова не сакам да звучи како клише, туку навистина поминавме трнлив пат, но веројатно немаше да бидам ова што сум денес да не ме исчеличи животот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Успешни Македонци низ светот: Марија (29) од Скопје е сопственичка на салон за нокти во Ротердам  „Холанѓанките се негувани и вежбаат сите од 7 до 77 години. Сите прават но...
Три сестри од Скопје продаваат облека oд втора рака: „Спонтано ни дојде идејата за свој бизнис“ „Во Македонија, трендот за купување облека од втора рака расте сè повеќе. Секое ...
Успешни Македонци низ светот: Руки Чуки oд Скопје нацрта мурал на трговски центар во Лондон „Како студент на Ликовната академија во Скопје паметам дека 2007-ма беше годинат...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Сања е самохрана мајка со своја фарма во с. Четирце: „Мотив за бизнисот ми беше мајка ми да не се см... „Порано бев осудувана што сум самохрана мајка. Осудите беа од типот дека тоа сум...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg