Симона од Штип e книгољубец, со повеќе од 350 наслови во домашната библиотека: „Сара Џио е мојата омилена авторка“
Кој ти е омилен странски, а кој домашен автор?
Сара Џио е убедливо мојата омилена странска авторка. Мислам дека она што Џио ја издвојува е тоа што успева да направи да се чувствувате како да сте дел од приказната.
Книгите на Џио се повеќе од само читање, тие се доживување. Ако сте љубител на емотивни, пријатни и убаво напишани романи, Сара Џио е автор кој дефинитивно треба да го знаете.
Со својот препознатлив стил на спојување на романса, мистерија и историски елементи, Џио ги освои срцата на читателите ширум светот.
Ако сте љубител на книги кои сакате да ве оставаат со топло, слатко чувство, романите на Сара Џио мора да се прочитаат.
Морам да напоменам и дека една од книгите на Џио тоа е „Со љубов од Лондон“ е вистинскиот виновник или инспирација што си отворив профил за книги на Инстаграм.
Во книгата главниот лик Валентина Бејкер, која воедно беше библиотекарка и љубител на книги, имаше свој книжевен профил на Инстаграм кој и се викаше „booksbyval“, па откако ја прочитав книгата веднаш седнав и си направив профил за книги кој се вика „books_bys“.
Колку чини твојата колекција? Ти носат луѓето книги за подарок?
Кога ќе застанам пред мојата домашна библиотека и ќе ја погледнам во целина, сфаќам колку многу сум инвестирала во моето книжевно светилиште.
Изградбата на домашна библиотека според мене e најкорисната и најубавата инвестиција којшто секој книгољубец може да ја направи.
Според мене секоја книга претставува свое уникатно богатство. Не можам да кажам точна цена, затоа што навистина не можеш да ставиш цена на радоста и знаењето што го носат самите книги.
Плус, сакам да мислам дека вредноста на мојата библиотека е повеќе за приказните и спомените, отколку за вистинската сума во денари.
Некако е смешно, но секој пат кога додавам книга во мојата колекцијата, не ми е како да трошам многу одеднаш, но гледајќи ја целата работа, тоа е убава мала инвестиција во знаење, забава и бегство. И верувајте, дека никогаш нема да престанам да купувам книги.
Се обидуваш ли на другите да им ја пренесеш својата љубов кон книгите?
Мојата љубов кон книгите е навистина голема. Има нешто во нив што ми го плени срцето.
Секој пат кога ќе отворам нова книга, се чувствувам како да зачекорувам во свет полн со бескрајни можности.
Обожавам како секоја книга носи различно искуство. Тоа е љубов која никогаш не згаснува и затоа оваа љубов најмногу од сé би сакала да ја пренесам на моите деца.
Сите книги кои ги имам дома еден ден ќе останат на моите деца за кои искрено се надевам дека ќе ја наследат љубовта кон книгите од мене и ќе ја продолжат традицијата на мајка им.
А, додека да пораснат моите деца, сега за сега, мојата љубов кон пишаниот збор се трудам максимално да ја пренесам кон сите оние кои ме следат на мојот книжевен профил и секојдневно ми се голема поддршка за она што го работам.
Со нив секојдневно споделуваме мисли, препораки, рецензии, критики и сé што е поврзано со книгите и морам да кажам дека ми се повеќе од фамилија. Верувам дека ја чувствуваат мојата љубов кон книгите и преку мојот книжевен профил како што и јас ја чувствувам нивната.
Книгите некако можам да кажам дека го заземаа моето срце и мислам дека тоа никогаш нема да се промени. Тоа е љубов голема, која ќе ја разбере само вистинскиот книгољубец.
фото: Инстаграм
Прочитајте и Светлана од Скопје: „Имам колекција од 754 книги дома, татко ми ми ја пренесе љубовта кон читањето“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
Би можело да ве интересира:





