Маринела Николоски: „Се породив во државна болница во Германија, кај Германците по 20h светилките се исклучени“

Има ли многу Македонци? Се дружите ли?

Да, како што напоменав има доста Македонци кои се од нашиот град Прилеп и многу кои со тек на времето ги запознаваме од другите градови од Македонија.

Во слободно време, кога не е добро времето надвор, со пријателите бидејќи скоро на сите ни се децата на иста возраст одиме во игротеки, кафетерии, ресторани, а кога е добро времето зависи од денот - на прошетка во шума, парк, зоолошка.

marinela-nikoloski-se-porodiv-vo-drzhavna-bolnica-vo-germanija-kaj-germancite-po-20h-svetilkite-se-isklucheni-10.jpg

За време на викендите, бидејќи има места каде што е дозволено да се прави скара, некогаш се собираме таму, некогаш одиме до градовите кои се околу нас, (ги има доста) или до најблиските држави, како што се Франција и Швајцарија, или на гости во некои од другите републики, а најчесто до Баварија затоа што таму веќе живеат две мои блиски другарки.

marinela-nikoloski-se-porodiv-vo-drzhavna-bolnica-vo-germanija-kaj-germancite-po-20h-svetilkite-se-isklucheni-11.jpg

Доколку добро го организираш времето можеш да си живееш најнормален живот, не само дома работа или работа дома.

За среќа, до нашата куќа е градскиот базен, а во лето доста време поминуваме таму.

Се дружиме и со неколку фамилии од Португалија и Бразил.

marinela-nikoloski-se-porodiv-vo-drzhavna-bolnica-vo-germanija-kaj-germancite-po-20h-svetilkite-se-isklucheni-04.jpg

Каква е климата? Страшни ли се зимите?

Кога станува збор за климата, таа е многу поразлична од Македонија и сè уште се навикнуваме.

Многу е влажен воздухот, често врне оваа година и немавме баш многу топли денови (лето). И зимава, исто така, е доста студена.

marinela-nikoloski-se-porodiv-vo-drzhavna-bolnica-vo-germanija-kaj-germancite-po-20h-svetilkite-se-isklucheni-02.jpg

Што од начинот на живот најмногу ви се допаѓа таму, а што најмалку?

Најмногу ми се допаѓа културата, таа е на место број еден, јавниот превоз функционира беспрекорно и навремено, чисти автобуси, возови.

Бездомни животни воопшто и нема, како кај нас по улица да се види куче или маче, сите се згрижени.

marinela-nikoloski-se-porodiv-vo-drzhavna-bolnica-vo-germanija-kaj-germancite-po-20h-svetilkite-se-isklucheni-06_copy.jpg

Не ми се допаѓа тоа што како и во сите големи држави во поголемите центри, за жал, се случуваат понекогаш немили настани коишто ги гледате или читате во медиумите.

И не е добро тоа што доколку има некој државен празник кој се паѓа во ден четврток, институциите - градинки, училишта го поврзуваат и петок (продолжен викенд), а за жал овде немаме баби и дедовци да ни ги чуваат децата и мора некако да се снаоѓаме.

marinela-nikoloski-se-porodiv-vo-drzhavna-bolnica-vo-germanija-kaj-germancite-po-20h-svetilkite-se-isklucheni-15.jpg

Како им функционираат институциите?

Институциите се многу организирани, буквално секаде е со термин и го нема она нашето влегување преку пријатели или чекање ред во колони.

marinela-nikoloski-se-porodiv-vo-drzhavna-bolnica-vo-germanija-kaj-germancite-po-20h-svetilkite-se-isklucheni-16.jpg

За здравството воопшто немам поплаки затоа што тука се породив во државната болница во Боблинген и можам да кажам дека сè е на високо ниво.

marinela-nikoloski-se-porodiv-vo-drzhavna-bolnica-vo-germanija-kaj-germancite-po-20h-svetilkite-se-isklucheni-13.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Сашо од Битола за животот на Флорида: „Кога си далеку од дома сè ти недостига – но, не знам дали би ... „Бидејќи работев на брод, беше лесно да извадам туристичка виза и да дојдам посл...
Младен од Валандово: „Почнав како чистач, денес сум директор на брод, таму ја запознав сопругата од ... „Претходната година се венчавме во Македонија, имавме прекрасна свадба, но ги ис...
Давид (Јанг Дади) за CRNOBELO лексикон: „Откачувам на 'Лична карта' во кафеана“ „Еднаш земав да се бричам со на татко ми бричот на мои 3-4 години, и останатото ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg