Маринела Николоски: „Се породив во државна болница во Германија, кај Германците по 20h светилките се исклучени“
Какво темпо на живот водат локалците? Имаат ли интересни навики од секојдневието?
Темпото на живот е многу брзо.
Локалците имаат една навика пред да одат на работа во раните утрински часови излегуваат да трчаат, па и на -20°C или да ги прошетаат нивните кучиња (кои им се на место број еден), а навечер во работни денови после 20 часот тешко е да се види запалена светилка кај германското население.
Висок ли е стандардот на живот?
Во нашата република да, за другите не знам.
Има ли многу мигранти? Од кои земји?
Мигранти има буквално од целиот свет, моментално најмногу од Украина.
Што е најсилниот адут на местото во кое живеете?
Развиената индустрија. И сите историски места што се во наша близина.
Би се вратиле ли да живеете во Македонија некогаш?
Засега не размислувавме, а за во иднина можеби.
Повеќе фотографии од Маринела и семејството:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело