Љубовната приказна на Светлана и Мики Црнокрак: „Паднав врз Мики на писта, тоа беше почеток на нашата љубов“
Кој е поромантичен - ти или Мики? Која е најубавата романтична работа што ја направил за тебе, или ти за него?
Како и да е, ние жените сме секогаш поромантични. И нормално, го очекуваме истото и од мажите.
Јас повеќе обрнувам внимание на тоа, отколку Мики.
Сме имале многу романтични случувања и работи, но секогаш најубавите биле кога се случувале ненадејно, без причина, па дури и ситници да се...
Во секој случај, ни годат.
Колку години сте во брак? Како и после толку години ги одржувате љубовта, страста, почитувањето? Што, според тебе, е важно за успешен брак?
Во брак сме 27 години, а плод на нашата љубов се нашите ќерки Моника и Нина.
Освен љубовта и страста, со текот на годините многу се важни и разбирањето, довербата, почитта, поддршката, како и взаемната комуникација, работата, разговорите, советите за сè што заеднички поминуваме низ животот.
Заедно секогаш сме посилни на секое поле!
Повеќе фотографии во продолжение:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело