Д-р Драгана Емел Маркоска, педијатар: „Магија за имунитет нема – не давајте антибиотик сами и не трчајте во амбуланта на секоја настинка“

Здраво дете може да биде болно 7-8 пати годишно. Нормално е тоа, важно е да не се претерува со суплементација и терапии на своја рака на родителите. Во овој период на настинки, кој ми се чини како да трае 2 години, здравата исхрана, чистиот воздух и соодветна витаминосуплементација може да го поттикнат здравјето на децата, но не постои магија“ - вели за CRNOBELO.com д-р Драгана Емел Маркоска која работи како матичен педијатар. 

d-r-dragana-emel-markoska-pedijatar-magija-za-imunitet-nema-ne-davajte-antibiotik-sami-i-ne-trchajte-vo-ambulanta-na-sekoja-nastinka-01.jpg

Во периодот на есенско-зимски настинки и вируси, родителите секогаш се загрижени за здравјето на своите деца, за тоа што може да направат за да ги заштитат и да им го зајакнат имунитетот, но и како да им ги олеснат симптомите. 

Д-р Драгана Емел Маркоска, која работи како педијатар повеќе од 7 години (моментално работи во ПЗУ Јуниор мед), а лекар повеќе од 15 години, за CRNOBELO.com зборува на оваа тема, споделува совети за родителите, открива работи кои многумина ги мачат. 

Дали треба да се оди во ординација за секоја блага настинка или може детето прво да се следи во консултација со лекар? Дали треба веднаш да се даваат антибиотици и други суплементи и препарати за намалување на симптомите на детето?

d-r-dragana-emel-markoska-pedijatar-magija-za-imunitet-nema-ne-davajte-antibiotik-sami-i-ne-trchajte-vo-ambulanta-na-sekoja-nastinka-03.jpeg

Како може да се зајакне имунитетот и дали може да се влијае на тоа, но и што да се прави во деновите кога воздухот е загаден? 

Во продолжение целото интервју со д-р Драгана Емел Маркоска за CRNOBELO.com...

Кои се најголемите предизвици со кои се соочувате како матичен лекар? Колку некогаш е тежок односот со сите деца-пациенти, но и родители? Ве бараат ли во секое време, достапни ли сте или сепак успевате да ги одделите приватниот и професионалниот живот?

Самото живеење како матичен педијатар е предизвик. Знаете, јас треба да балансирам помеѓу мојот приватен живот и професионалниот.

Колку си го сакам приватниот живот, толку си ја сакам и работата. Јас мислам дека за сето тоа да функционира мора да се испреплетат тие два дела и само така може да се извлече максимумот од двата дела.

Ако размислуваме за односот меѓу родителите и мене и детето мислам дека ја имам таа привилегија, па би можела да кажам, да со сите родители имаме добар однос.

Знаете и тие и јас сакаме иста цел, а тоа е здраво дете.

Во сезоната на настинки, вируси и грипови, како родителите да ги заштитат децата? Има ли нешто што може да се зема превентивно? Некои суплементи или домашни рецепти за зајакнување имунитет?

Сезоната на настинки јас имам впечаток како да започна пред две години и не запре. Постојано има некакви нови форми на вируси, бактерии…

Магија за подигнување на имунитетот нема, ама сепак можеби комбинацијата на здрав начин на исхрана со одредена витамино-суплементација и престој на свеж воздух да ја подобриме здравствената состојба на детето.

d-r-dragana-emel-markoska-pedijatar-magija-za-imunitet-nema-ne-davajte-antibiotik-sami-i-ne-trchajte-vo-ambulanta-na-sekoja-nastinka-06.jpg

Има ли некој препорачан минимален внес на витамин Д во есенскиот и зимскиот период?

Внесот на витаминот Д зависи од возраста на детето. Но, најчесто се движи од 1000-2000 ИЕ дневно, во консултација со лекар.

Дали малите деца треба да започнат првпат да одат во градинка во есенско-зимскиот период? Како може да се заштитат малите деца од одеднаш преголема изложеност на бактерии и вируси, ако претходно биле чувани дома?

Точно, есенско-зимскиот период е период кога има најголем број на вируси, ама да речеме вистинско време кога треба да се тргне во градинка за најмалку да се разболува детето - НЕМА.

Знаете, детето треба својот имунитет да го гради постепено. Што би значело тоа? Тоа би значело во целост да не се изолира од своите врсничиња и ако не оди во градинка.

Треба да се дозира дружба со врсниците. На пример, секој ден да се дружи на игралиште со одредени дечиња.

Се разбира дека тоа треба да се здрави деца кои исто така се излезени надвор.

Да се ограничи во есенско-зимскиот период престој во затворени, загушливи простории, со цел да се избегне зараза со одредени вируси.

d-r-dragana-emel-markoska-pedijatar-magija-za-imunitet-nema-ne-davajte-antibiotik-sami-i-ne-trchajte-vo-ambulanta-na-sekoja-nastinka-.jpg

Дали децата треба да поминуваат време надвор, дури и кога е поладно? Колку и како играта на отворено, валкањето по игралишта или во природа е поврзана со имунитетот?

Секако треба престој на отворено, тоа е можеби и најважно за децата. Секако тоа се подразбира кога е чист воздухот и кога загадувањето не е многу изразено.

Децата кога се надвор се среќни, весели и се излачуваат хормоните на среќа кои го поттикнуваат имунитетот. Исто така и сонцето го поттикнува излачувањето на витамин Д кој има важна улога во имуниот систем на детето.

Валкањето е исто така добра работа за децата. Тоа баш за родителите и не е така лесно, ќе имаат за перење повеќе алишта.

Но, со самото валкање надвор, децата доаѓаат во контакт со одредени бактерии, но во мала доза и тоа е доволно за да се поттикне имуниот систем за одбрана, ама е недоволно за да настане болест.

Од што зависи дали некои деца се „поболежливи“? Колку е нормално и очекувано децата постојано да се разболуваат?

Ова е според мене една од најболните теми за родителите. Во смисла: Моето дете е болно, а на мојата другарка не е. Што таа прави, а јас не?

Мора да знаеме дека секое дете е индивидуално и секое дете има свој имун систем. Нема магична формула за добар имун систем.

Треба само да си го следиме детето и во комбинација со советите на матичниот педијатар, да се обидеме да го направиме имуниот систем на детето поотпорен.

Нормално е децата да се разболуваат, важно е да не претеруваме со различни суплементација, терапии на своја рака, туку тоа да го правиме во соработка со педијатарот.

Здраво дете може да биде болно 7-8 пати годишно.

Важна улога во сè ова има и возраста на детето, кога почнало да оди во градинка, каква е неговата ухранетост, дали има дополнителни состојби и сл.

d-r-dragana-emel-markoska-pedijatar-magija-za-imunitet-nema-ne-davajte-antibiotik-sami-i-ne-trchajte-vo-ambulanta-na-sekoja-nastinka-07.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg