Кристина од Скопје чува британски кратковлакнест мачор: „Оваа раса е одлична со деца, се продаваат по цена од 350 до 1.200 евра“
Дали го изнесуваш надвор? Дали се плаши кога е во автомобил (на пример за на ветеринар) или можеш да го возиш и без транспортер? Дали си патувала некаде со него?
Блу е баш домашно маче, излегува само по потреба, односно тоа се само неколку ситуации, кога оди на ветеринар или кога одиме на месец/два надвор од Скопје.
Кога патуваме е стриктно во транспортер, и тој е безбеден зошто знае дека е негова средина, а и ние сме сигурни дека нема да се случи некој немил настан.
Сепак е мачка, а тие се чувствителни и на најмали промени и кога чувствуваат опасност или се исплашени, секако дека во своја одбрана може да нападнат.
Како помал не се плашеше од носење на ветеринари, но после кастрацијата, тоа е веќе друга приказна, сега од него се плашат на ветеринар (хаха).
Во поново време е мирен, но само кај двајца ветеринари, д-р Никола Буневски и д-р Кристина, се надевам така и ќе остане.
Инаку, во некои ситуации користам и спреј за мачки за опуштање, за да не му е стресна ситуацијата.
Мачките како животни не сакаат промени, и секоја промена им предизвикува стрес.
Дури и кога го носиме со нас на некое патување, без разлика што неколкупати веќе бил на тоа место и мирисот е негов, првиот ден му е за адаптација и е доста вознемирен.
Што би ги советувала оние кои размислуваат да вдомат мачка од оваа раса?
Да имам услови и време би имала сигурно барем уште едно маче од оваа раса.
Многу се мирни, паметни и принципиелни.
Иако многумина ќе кажат дека „мачките не се тренираат“, Блу како мал е трениран и воопшто не е бељаџија, се качува и ги остри ноктите само каде е место за тоа (иако во поново време му дозволив и на една стара фотелја, за да можам побрзо да си купам нова).
Со деца е многу мирен и е премногу приврзан за домаќините.
Повеќе фотки од Блу во продолжение:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Софија Спирова | Црнобело