Кристина од Скопје чува британски кратковлакнест мачор: „Оваа раса е одлична со деца, се продаваат по цена од 350 до 1.200 евра“

Проблемите со забите, како што се гингивитис и расипување на забите, се исто така вообичаени, што ја прави важна редовната грижа за забите.

Дополнително, нивната „тешка“ градба понекогаш може да предизвика проблеми со зглобовите, како артритис, како што стареат, и иако не се со рамно лице, некои британски кратковлакнести мачки може да доживеат помали респираторни проблеми.

Со соодветна грижа, редовни посети на ветеринар и внимание на исхраната и тежината, овие мачки можат да водат долг, здрав живот.

kristina-najdovska-chuva-britanski-kratkovlaknest-machor-10.JPG

Каква храна му даваш на мачорот? Што може да јаде, а што не? Има ли некои посебни потреби во однос на исхраната или главно се храни како повеќето мачки? Која му е омилената храна?

Блу никогаш не посегнал по храна оставена на маса, ниту некогаш ние сме му дале да проба. Пребирлив е во однос на храната, но секогаш консумирал високопротеинска храна.

Повеќе од година дена е на посебна медицинска исхрана, поради проблеми кои му се појавија со варењето на храната.

Јаде исклучително хипоалергена и гастроинтестинална храна.

За жал, награди повеќе не смее да јаде, кои инаку му беа омилени. Во зависност како ќе набавам, замена за награда добива пробиотска паштета.

Заради заштита на бубрезите, пие филтрирана вода која ја менуваме неколкупати во денот.

kristina-najdovska-chuva-britanski-kratkovlaknest-machor-21.JPG

Дали е кастриран?

Поради нивниот карактеристичен изглед, посебно за мажјаците е убаво еднаш да бидат парени.

Блу има потомство, но после тоа веднаш го кастриравме.

kristina-najdovska-chuva-britanski-kratkovlaknest-machor-16.JPG

Каков карактер има – дали си игра или е помрзлив од другите мачки? Како се однесува со други луѓе – дали е друштвен или можеби се крие кога ќе ти дојдат гости? Како се однесува со деца?

Честопати знаеме да се пошегуваме и да кажеме дека дома имаме питбул. Кога и да го видите, Блу спие.

Сите куќарки, перници и слично што му ги купивме, никогаш не ги проба. Има неколку негови места и ако се зафатени, доаѓа и буквално те брка од место…

Секогаш нè пречекува на врата. Кога некој доаѓа, Блу навестува - и да спие, станува и застанува пред врата.

Гости во принцип не сака, односно не сите му се по мерак, ако не се погоди енергијата со гостинот, се става некоја бариера меѓу нив.

Ако некој му одговара, доаѓа и му легнува, дали на чанта, палто или едноставно ти се закачува на чорап.

kristina-najdovska-chuva-britanski-kratkovlaknest-machor-5.JPG

Не е дружељубив, додека нема корист или сака храна/ужина, тогаш е како куче - каде сум јас, таму е и тој. Мјаука само кога тој сака, или кога му е досадно во 4 сабајле.

Со близнаците и се сака и не се сака. Со едниот близнак не се сакаат, односно и двајцата се плашат еден од друг, а со другиот близнак имаат некоја посебна конекција.

Секогаш спие во нивно присуство. Кога беа мали, спиеше на ќош на кревет за едната шепа да е во едното креветче, а другата шепа во другото креветче.

После патување, кога не сме биле дома неколку дена, спие во собата на близнаците заедно со нив, или доаѓа и како да е човек, става глава на мојата перница.

Обожава да спие на штотуку перени алишта или ќебиња.

kristina-najdovska-chuva-britanski-kratkovlaknest-machor-03.JPG

Дали мачорот бара посебна ментална стимулација, со одредени играчки? Со што сака да си игра најмногу?

Ластичиња за коса околу него и цел ден ќе си игра.

Има и неколку кадифени мечиња кои му се најдобрите другари, и кога ќе ги скриеме мечињата неколку дена тажи, апстинира од јадење и пиење вода.

Доста играчки му купувам, но некако близнаците си играат повеќе со нив наместо Блу. Исто сака многу да си игра и со врвки од патики, ама затоа треба некој да го игра.

kristina-najdovska-chuva-britanski-kratkovlaknest-machor-09.JPG

Има ли големи разлики во карактерот и грижата помеѓу машки и женски мачиња од оваа раса? Зошто избра машко?

Женските мачки во принцип се повеќе грижливи и сакаат повеќе да се галат од мажјаците.

Додека бев бремена, Блу ниту еднаш не легна до мене, а уште помалку во скут, додека женските мачки се цело време околу трудниците, се галат.

А, зошто машко маче… како што и погоре напомнав, мажјаците имаат поголема глава од женките, а од ова раса мажјаците се баш мечиња мали.

Друга причина е што сум многу жалослива, па ако имав женско маче, никогаш немаше да се откажам од мачињата кога ќе се омачеше.

kristina-najdovska-chuva-britanski-kratkovlaknest-machor-07.JPG

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Скопјанката Марија чува бенгалска мачка: „Се продаваат и по 1.400 евра, но јас ја вдомив бесплатно“ „Бенгалите се хибрид од домашни и азиско леопардски мачки. Изгледаат како вообич...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“ „Роден сум во Штип и растен сум во бивша Југославија, каде сите маалски детски и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg