Тони Зен за татковството: „Синот Јасен ме смени на подобро“

„Со Јасен сме како другари. Ако не оди во градинка, цел ден сме заедно, башка и со Алф (кучето) - банда сме ептен. Сум приметил дека сака да се дружи со дечиња, интеракцијата му е поважна отколку реквизитите“, вели Тони Зен за CRNOBELO.com за татковството.

toni-zen-za-tatkovstvoto-sinot-jasen-me-smeni-na-podobro-od-mene-mu-e-inaetot-01.jpg

Тони Петковски години наназад во јавноста е познат и како Тони Зен.

Но, последниве неколку години тој се одѕива и на „тато“ - збор кој е резервиран за неговиот петгодишен син Јасен.

Малото момче и Тони не се само татко и син, туку и одлични другари, вели познатиот музичар за CRNOBELO.com.

Во разговорот Тони ни раскажа за татковството, предизвиците со кои се соочува откако се родил Јасен, како го поминуваат времето заедно, а ни откри и чиј карактер наследил синот - неговиот или од мајка му.

toni-zen-za-tatkovstvoto-sinot-jasen-me-smeni-na-podobro-od-mene-mu-e-inaetot-13.jpg

Прочитајте го интервјуто:

Какво беше чувството кога првпат го виде синот, се сеќаваш ли на тој момент?

Се сеќавам на моментот, секако. Чувствата не се опишуваат, интензивни се, среќата и радоста поготово.

Дали можеби присуствуваше на неговото раѓање?

Не, не присуствував на породувањето на сопругата.

toni-zen-za-tatkovstvoto-sinot-jasen-me-smeni-na-podobro-od-mene-mu-e-inaetot-12.jpg

Дали ти беше страв да го земеш во раце на почетокот?

Искрено, ми беше страв. Се сеќавам дека во моментот кога првпат го земав во раце, почнав да се тресам од возбуда, најверојатно и паника ме снајде, затоа што држам во рацете нешто што е многу драгоцено и ранливо во исто време.

Малку го придржав и ѝ го вратив на сопругата, но по некое време се стабилизирав и слободно можев да го држам во раце без да ми се повтори стравот.

Колку ѝ помагаше на сопругата во обврските со Јасен?

Ѝ помагав постојано. Многу често го преоблакав, бањав... Не толку на почетокот, но додека помагав, учев исто така, за потоа да можам и сам да се снаоѓам.

toni-zen-za-tatkovstvoto-sinot-jasen-me-smeni-na-podobro-od-mene-mu-e-inaetot-18.jpg

А си станувал ли ноќе за да го заспиеш?

Да, многу нормално.

Дали Јасен сака да му читаш приказни? Која му е омилена?

Мајка му повеќе му читаше приказни, јас многу ретко. А омилена му е „Волкот и трите прасиња“.

toni-zen-za-tatkovstvoto-sinot-jasen-me-smeni-na-podobro-od-mene-mu-e-inaetot-10.jpg

А дали понекогаш знаеш да му подзапееш нешто?

Да, и он на нас знае да ни запее, ха, ха.

Научи ли приспивни песни поради него?

Научив, да. Искрено, многу од музиката што ја слушавме додека растеше Јасен беа детски песни, меѓу кои и приспивните.

Јас му ОМ-кав кога требаше да го заспијам понекогаш - за чудо, заспиваше на AUM мантрање, има нешто смирувачко во тој звук.

toni-zen-za-tatkovstvoto-sinot-jasen-me-smeni-na-podobro-od-mene-mu-e-inaetot-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg