Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови“

Ја виде венчаницата пред свадбата?

Да, на слика ја имав видено. Ама имавме многу незгодна ситуација 5 дена пред свадбата - ѝ ја промашија венчаницата на местото каде што ја правеше.

Ја спаси Коцарева, со тоа што ѝ направи прекрасна венчаница за неколку дена.

Реално, мојот стрес траеше до 5-6 дена пред свадба. Последните денови ми поминаа во пиење, славење и чекање да дојде денот.

stefan-lazarov-za-ljubovta-so-marta-me-nervira-nejzinata-trapavost-ama-pa-toa-go-sakam-najmnogu-kaj-nea-20.jpg

А ергенска забава?

Немаше. Само Стефан Лазаров немаше 'момачко' во оваа држава.

Прашај ги моите другари зошто не ми организираа, ха, ха. А, Марта имаше девојачка забава.

Искрено, јас чекам мекици. Јас ќе славам кога ќе ми каже Марта дека е трудна и кога ќе се роди бебето.

stefan-lazarov-za-ljubovta-so-marta-me-nervira-nejzinata-trapavost-ama-pa-toa-go-sakam-najmnogu-kaj-nea-18_copy.jpg

Дали сте романтични? Си подготвувате ли мали изненадувања, слатки вечери, работи со кои ја одржувате страста и љубовта?

Ако лажам ќе кажам да, ама искрено, не.

Ако некој е малку поромантичен во врскава, тоа е Марта.

Не сум нешто романтичен тип, и искрено, последниве 2 години сме многу посветени на работата и имаме некоја цел која во следниве 2-3 години нè оттрга од тие романтики.

Но, нормално дека си наоѓаме време за себе, за вечера, дружење со луѓе.

Јас не излегувам многу, не практикувам ресторани. Повеќе сакам да си седнеме дома со блиски луѓе.

stefan-lazarov-za-ljubovta-so-marta-me-nervira-nejzinata-trapavost-ama-pa-toa-go-sakam-najmnogu-kaj-nea-19.jpg

Марта е постојано со тебе и се гледа дека ти е голема поддршка во кариерата. Колку ти е важно нејзиното мислење за тоа што го работиш и имате ли спротивставени мислења понекогаш?

Искрено, многу ретко се случува да има различно мислење од мене.

Јас не сум тип на маж кој ќе ти каже нешто во последен момент, туку со месеци однапред зборувам, планирам, и ние реално долго дискутираме за нешто, особено кога е работата во прашање.

Пак ќе кажам, фала му на Бога, ние многу ретко се караме, немаме притисок еден од друг и баш поради тоа работите што ги планираме ни успеваат.

stefan-lazarov-za-ljubovta-so-marta-me-nervira-nejzinata-trapavost-ama-pa-toa-go-sakam-najmnogu-kaj-nea-08.jpg

Дали е Марта љубоморна?

Воопшто, навистина воопшто не е љубоморна. Имаме работено многу на тоа поле.

Види, во Македонија ѕвезди нема, а кога ќе кажам популарна личност, не сакам луѓето да ме разберат погрешно, дека јас се дигам во облаци, но ме знаат и познаваат.

И тоа само по себе си носи многу повеќе муабет и лаги отколку за луѓе што не ги познаваат.

Многупати имало ситуација да ѝ кажат дека сум ја изневерил, дека сум бил со некоја некаде, но сите тие муабети биле невистини.

Затоа и денес ако чуе нешто, знае дека не треба да е љубоморна, дека треба да ми верува. Ние си веруваме 100% еден со друг.

stefan-lazarov-za-ljubovta-so-marta-me-nervira-nejzinata-trapavost-ama-pa-toa-go-sakam-najmnogu-kaj-nea-21.jpeg

По една година брак и 8 откако ви почна врската, дали и понатаму учите работи еден за друг?

Многу, да. Според мене, животот, бракот и заедницата се секојдневно растење.

Човек се менува кога сака да напредува, кога има амбиции.

Јас сум многу поразличен човек денес од она што бев пред 5 години, а и таа.

Можеби да сме се запознале сега, немало да имаме заеднички интереси и да се заљубиме како првиот ден.

Кога имаш животен партнер не треба да работиш на себе само 50%, туку 100%.

Ако немаш разбирање, ако не се учиш од секојдневните промени, не треба да бидеш ни заедно со некој.

stefan-lazarov-za-ljubovta-so-marta-me-nervira-nejzinata-trapavost-ama-pa-toa-go-sakam-najmnogu-kaj-nea-04.jpg

Што се смени најмногу откога се венчавте (на подобро или полошо)?

Прво се смени тоа што сега живееме заедно, го поминуваме денот еден со друг, многу повеќе се зближивме од претходно.

Сега знаеш дека тоа е тоа 100%, ние сме заедно и сега немаш опција за разделба - јас и Марта ќе сме секогаш јас и Марта.

Не дека и пред некоја година било поинаку, но сега го имам човекот со кој јас ќе направам сè - и фамилија, и успеси и падови. Ние сме едно.

Сега само го чекам денот кога ќе се појави некој Стефан јуниор или јуниорка.

Немам ништо против девојче, но ќе бидам искрен - сакам да е првото машко.

stefan-lazarov-za-ljubovta-so-marta-me-nervira-nejzinata-trapavost-ama-pa-toa-go-sakam-najmnogu-kaj-nea-25.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg