Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови“

А кога се расправате, за што ви се најчесто несогласувањата?

Мене сè уште ме нервира нејзината трапавост, ама па најмногу и ѝ ја сакам.

Во принцип, ние сме многу различни луѓе, како плус и минус сме, ама тоа и треба да биде така во животот.

Има моменти кога јас нешто не можам да направам, таа го прави, и обратно.

А најмногу се караме за снаодливоста, зашто има моменти кога јас знам да се снајдам повеќе, таа не знае.

Ама, пак ќе кажам, ако се снаоѓаме во истите работи и не се снаоѓаме во истите работи, ќе имаме проблем.

Ама, да знаеш, ние многу ретко се караме.

stefan-lazarov-za-ljubovta-so-marta-me-nervira-nejzinata-trapavost-ama-pa-toa-go-sakam-najmnogu-kaj-nea-03.jpg

Кој прв попушта кога ќе се скарате?

Таа попушта прва, ха, ха.

stefan-lazarov-za-ljubovta-so-marta-me-nervira-nejzinata-trapavost-ama-pa-toa-go-sakam-najmnogu-kaj-nea-12.jpg

Раскажи ни нешто повеќе за запросувањето. Каде се случи? Имаше ли испланирано до детаљ или беше спонтано?

Вие објавивте меѓу првите тогаш. Запросувањето беше во Барселона на Камп Ноу.

Многу беше магично, барем за мене, иако сите ми викаа: „Дали си нормален да ја запросиш на фудбалски натпревар?“

Ама, ако ја прашаш Марта, ќе ти каже дека ѝ беше многу уникатно искуство.

Тоа ни беше прво патување во Барселона. И сакав да ја запросам таму зашто за Барса навивам од дете, па моите соништа се остварија тој ден.

А со оглед на нејзината реакција, аплаузот што го добивме, па и интервју дадовме за Barca TV и сè беше објавено во медиумите - едноставно, енергијата беше прекрасна и ни значеше многу.

stefan-lazarov-za-ljubovta-so-marta-me-nervira-nejzinata-trapavost-ama-pa-toa-go-sakam-najmnogu-kaj-nea-13.jpg

Најинтересен момент беше што таа воопшто не очекуваше да ја запросам. Ни имав конкретен план, ни и најавив.

Беше август и ми текна преку ноќ. Си реков: „Јас ќе ја барам, крај“.

Другарите ми викаа: „Чекај друже, не си нормален, немаш стан, кај ќе живеете?“, плус во тој момент не заработував нешто многу.

Ама, мој совет за сите млади е: Направете го чекорот, Господ ќе ви ги намести коцките.

Плус, Камп Ноу моментално се гради и ќе треба да поминат година-две да се догради. Ако не ја побарав тогаш, идејата ми пропаѓаше, ќе требаше да чекам да наполнам 30-31 година.

Купив прстен, а ги зедов со мене другар ми Васил Мандаровски и Дејан Пауновски - Паки, да ми помогнат при изборот.

Прстенот го скрив во патика и кога требаше да одиме на утакмица се договорив со Мандар тој да го земе прстенот за да не го види Марта, зашто на влегување на стадионот може да ме претресат.

Па тој влезе од едниот влез, јас од другиот.

stefan-lazarov-za-ljubovta-so-marta-me-nervira-nejzinata-trapavost-ama-pa-toa-go-sakam-najmnogu-kaj-nea-14.jpg

Уште една интересна работа е што до 44-та минута јас заборавив дека треба да ја барам за жена.

Јас бев фасциниран од стадионот, првпат го гледам во живо тоа што сум го гледал од дете на ТВ.

Кога се сетив дека треба да ја барам, ми се пресекоа нозете.

Со нас беше уште еден другар и со него се качив до местата кај што точат пиво и продаваат грицки и му викам: „Брат, ја не ја барам“. Ме фати паника.

Рачунај, јас што немам трема никогаш - се испаничив.

Му реков: „Дај ќе ја барам на плоштад после, пак сме у Барселона“, а тој ми рече: Дај да испушам една цигара да размислам“.

И ми текна дека пушење цигара трае 3-4 минути, времето ми тече, почнува второ полувреме.

Го земав прстенот, се симнав, клекнав на колено, го направив тоа што го направив, го видоа сите во Македонија и еве сме - маж и жена.

stefan-lazarov-za-ljubovta-so-marta-me-nervira-nejzinata-trapavost-ama-pa-toa-go-sakam-najmnogu-kaj-nea-29_2.jpg

Пред да ја побараш за жена, сте разговарале ли за брак, деца, иднина, заедничка старост, да си исчувате внуци?

Да, сме зборувале. Мислам дека во секоја сериозна врска за тоа се разговара.

Нас нè спои многу короната. Ние не живеевме заедно, сами, до пред 6 месеци.

И откога се земавме живеевме малку со моите.

Ама, ако си 5 дена во неделата заедно, и некој спие кај тебе, исто како да живеете заедно.

Сме зборувале за деца, многу сакаме двајцата да имаме деца, сакам фамилија, сакам моите и нејзините да се дружат, да имаме семејни ручеци.

Отсекогаш сум го сакал домот и верувам дека ќе бидеме добри родители.

Чекаме уште една работа годинава да ни се среди и мислам дека следно на што ќе поработиме, е тоа.

stefan-lazarov-za-ljubovta-so-marta-me-nervira-nejzinata-trapavost-ama-pa-toa-go-sakam-najmnogu-kaj-nea-02.jpg

Направивте голема свадба со многу пријатели, адети... Дали работите беа онакви какви што ги планиравте и колку бевте задоволни?

Искрено, и подобро. Таква енергија, не дека е моја свадба, ама не сум осетил на друга свадба. Ние сме млади, родителите ни се млади, пријателите ни се млади…

Кога сум одел на свадби, околу полноќ веќе гледаш дека пола од луѓето се спремаат да си заминат.

Кај нас во 1 беше полно и сопственикот на ресторанот ми рече: „Терајте до 3, на мој трошок, дај да останеме“, ама јас дадов збор дека ќе одиме во диско.

Ние си поминавме преубаво и тоа искуство мислам дека двајцата ќе го паметиме.

stefan-lazarov-za-ljubovta-so-marta-me-nervira-nejzinata-trapavost-ama-pa-toa-go-sakam-najmnogu-kaj-nea-10.jpg

Освен да си избереш костум, колку беше вклучен во целата организација, изборот на музиката, украсите за масите, поканите, или сè ѝ препушти на Марта?

Интересна приказна со ресторанот е што, тие ми се јавија како што се вративме од Барселона. Ми покажаа разговор од Вибер дека планираат кампања со мене и Марјана Станојковска.

Ми рекоа: „Ова е невозможно, не можеше да е поидеална ситуацијата. Нормално, нема да е Марјана, ќе биде Марта, ајде да правиме кампања“.

И така се договоривме дека ќе правам свадба кај нив, покрај кампањата.

Братучед ми Перо Митаноски од Дојран ни ја направи целата декорација, за музика беа задолжени Балкан бенд.

Мајка ми организираше за кај нас дома, на Марта нејзините си правеа планови за кај нив.

Татко ми е музичар, па и со музиката беше лесно. Секој си знаеше што да прави, а на нас ни беше многу олеснето.

Сакам да кажам, неколку „гранки“ ги работеа професионалци и не требаше да се мешам.

Костимот ми го направија од Signori, а во венчаницата не се мешав.

stefan-lazarov-za-ljubovta-so-marta-me-nervira-nejzinata-trapavost-ama-pa-toa-go-sakam-najmnogu-kaj-nea-15.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg