Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и моите деца“
- Детали
- вторник, 09 јули 2024
„Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едноставно, а за мене толку привлечно“, Тамара во интервју за CRNOBELO.com искрено зборува за љубовта со саканиот Лука и каков однос има тој со нејзините деца.
Тамара Тодевска повеќе од една година е во врска со архитектот Лука Радовиќ.
Откако се заедно, пријателите на Тамара, но и јавноста, забележува дека таа не ја трга насмевката од лицето и дека е среќна со Лука покрај себе.
Често одат на патувања, сами или со децата на Тамара, споделуваат заеднички фотографии, но создаваат и спомени кои им го прават секојдневието поубаво.
За љубовта со Лука, како тој ја освои и што го прави посебен, Тамара раскажа за CRNOBELO.com:
Како и кога почна љубовната приказна со Лука? Како се запознавте? Дали се познававте од претходно или тоа беше љубов на прв поглед?
Со Лука сме заедно нешто повеќе од една година.
Имаме некои исти пријатели, познаници и така некако „се роди“ нашата приказна.
Со што те освои?
Искрено, сметам дека освојувањето треба да биде секојдневно и тоа е она со што ме освои тој.
Непосреден е, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едноставно, а за мене толку привлечно.
Која ти е најубавата карактеристика на Лука, некој квалитет што го поседува и што го прави поинаков од останатите (и идеален партнер за тебе)?
Внимателен е, грижлив, со многу љубов се однесува кон мене и кон моите Хана и Дарен. И тоа ми е особено важно.
Дали е романтичен? Сака ли да те изненадува?
Ауу да. Многупати и без конкретна причина. Некогаш е тоа вечера, некогаш дружба со заеднички пријатели или патување за време на викенд.
А, еден од најубавите и најдраги подароци е клавирот, од кој честопати и не можам да се одвојам.