Кјара, ќерката на Хелена Роза, за CRNOBELО: „Стефан сам го дизајнираше дијамантскиот прстен, побара благослов пред да ме запроси“
Доби прекрасен веренички прстен... Дали Стефан го купил или е можеби семејно наследство?
Стефан сам го искреира прстенот според дизајн кој си го замислил тој.
Тој беше целосно инволвиран во целото создавање на прстенот, го избра дијамантот, големината, скриениот ореол и видот на метал.
Прстенот е изработен од платина, со овален природен дијамант од 4.61 карати и скриен ореол со 0.35 карати.
Кому кажавте прво дека ќе се венчате? Како реагираа најблиските?
Стефан прво зборуваше со мајка ми и Игор и го побара нивниот благослов.
Во текот на целиот процес зборуваше со неговите родители, со сестра му и со моите.
Сите знаеја дека ќе се случи тоа и беа многу среќни за нас.
Повеќе беа изненадени моите најблиски пријатели во Македонија, баба ми и тетка ми Ребека.
Имате ли веќе планови за свадбата и кога би била таа? Дали ќе правите свадба на Нов Зеланд или можеби ќе има две свадби, една таму, една во Македонија?
И двајцата не сме најголеми љубители на свадби (посебно на големи свадби), па планираме да направиме мала интимна прослава со семејството и пријателите.
Свадбата ќе биде во Нов Зеланд, а потоа може и нешто мало во Македонија да направиме за оние кои нема да можат да присуствуваат тука.
Дали можеби ќе вклучите и некои наши адети во свадбата, или ќе се придржувате до западните традиции - сте разговарале ли за тоа?
Со оглед на тоа дека нема да правиме традиционална голема свадба, туку само мала прослава, ќе се придржуваме повеќе до западните традиции.
Но, доколку на свадбата присуствуваат моите најблиски од Македонија, дефинитивно ќе има некоја македонска традиција.
Стефан ги има видено и има слушнато за македонските традиции кога се во прашање свадбите, па дефинитивно е подготвен ха, ха, ха.
Размислуваш ли за венчаница и што би сакала да носиш?
Ми се допаѓаат венчаници, но за мене се „премногу“.
Затоа решив да креирам фустан по мој дизајн, направен по нарачка и во моментот зборувам со неколку македонски креатори.
Секако ќе биде бел, но поедноставен и повеќе во мој стил и вкус.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело