Кјара, ќерката на Хелена Роза, за CRNOBELО: „Стефан сам го дизајнираше дијамантскиот прстен, побара благослов пред да ме запроси“

„Кога го запознав Стефан бев во долгогодишна врска и го гледав само како пријател. Тој отпосле ми кажа дека за него тоа дефинитивно било љубов на прв поглед, а дента откако ме запознал, не престанал да им зборува за мене на неговите родители и пријатели“, вели Кјара Гоља за почетокот на љубовта со нејзиниот свршеник.

kjara-kjerkata-na-helena-roza-za-crnobelo-stefan-sam-go-dizajnirashe-dijamantskiot-prsten-pobara-blagoslov-pred-da-me-zaprosi-01.jpg

Кјара Гоља (25), ќерката на поранешната водителка Хелена Роза, по три години врска, неодамна се сврши со своето момче Стефан Пауни (25).

Пред десетина години, Кјара од Скопје се пресели во Оукленд, Нов Зеланд. Иако живееше со семејството, пред две години таа и Стефан почнаа да живеат заедно.

Во Оукленд, Кјара во моментов го завршува вториот факултет (студира право), а истовремено работи како администратор во компанија за недвижности.

kjara-kjerkata-na-helena-roza-za-crnobelo-stefan-sam-go-dizajnirashe-dijamantskiot-prsten-pobara-blagoslov-pred-da-me-zaprosi-10_copy.jpg

Нејзиниот свршеник Стефан е директор на Ray White Commercial, една од најголемите компании за недвижности, која располага со големи земјишта за комерцијална градба и нови големи градби.

Кјара, за разлика од својата мајка Хелена, не сака да е многу во центарот на вниманието и води мирен живот со момчето.

Во разговор за CRNOBELO.com, таа сепак ни ја раскажа љубовната приказна со Стефан, што ја привлекло кај него, како ја изненадил со запросувањето (иако го очекувала) и какви им се плановите за свадбата.

kjara-kjerkata-na-helena-roza-za-crnobelo-stefan-sam-go-dizajnirashe-dijamantskiot-prsten-pobara-blagoslov-pred-da-me-zaprosi-06.jpg

Прочитајте го интервјуто со Кјара:

Неодамна твоето момче те побара за жена. Дали беше изненадена или очекуваше дека ќе те запроси?

Јас бев инволвирана во процесот од почеток.

Заедно посетивме неколку продавници за накит, но тој стоеше зад целиот дизајн на прстенот, јас само му дадов неколку идеи.

Очекував дека ќе ме запроси некаде после август, но дефинитивно ме изненади кога ме запроси во јуни.

Така што, иако ја имав предвид веридба, не ја очекував сега.

kjara-kjerkata-na-helena-roza-za-crnobelo-stefan-sam-go-dizajnirashe-dijamantskiot-prsten-pobara-blagoslov-pred-da-me-zaprosi-05_copy.jpg

Како изгледаше самиот момент на запросување?

Првично Стефан имаше огромен план што требаше да стане реалност во септември, но кога го видел готов прстенот, веќе не му се чекало.

Дента пред да ме запроси ме праша дали имам некоја желба за тоа како би сакала да изгледа запросувањето.

Јас му кажав дека не сакам да биде некој голем спектаткл, бидејќи имам видено доста запросувања онлајн кои не ми се допаѓаат (што би се рекло на англиски - ми се кринџ ха, ха).

Важно ми беше само Луна да биде присутна во моментот кога ќе се случи тоа - Луна е нашето куче, американски стафорд териер.

kjara-kjerkata-na-helena-roza-za-crnobelo-stefan-sam-go-dizajnirashe-dijamantskiot-prsten-pobara-blagoslov-pred-da-me-zaprosi-26.jpg

Дента на запросувањето немав никакви очекувања, ниту пак чувство дека ќе се случи нешто.

Беше петок и обично со Стефан знаеме да излеземе на вечера во град. Тој ми се јави и ми кажа дека резервирал место во некој ресторан и дека сака да ме изненади.

Почнав да се спремам, и најсмешниот дел е што имав „ментал брејкдаун“ бидејќи не знаев што да носам, посебно што Стефан ми кажа дека ќе сме оделе на пијачка пред вечерата.

И таква, нервозна, му се жалам на Стефан преку телефон, и тој ми вика: „Ај дојди да ми помогнеш со вратата, имам неколку работи што треба да ги внесам“.

kjara-kjerkata-na-helena-roza-za-crnobelo-stefan-sam-go-dizajnirashe-dijamantskiot-prsten-pobara-blagoslov-pred-da-me-zaprosi-04.jpg

Изнервирана ја отворив вратата, а тој држеше букет од бели рози (потоа ми кажа дека ги побарал сите бели рози што ги имале во цвеќарата).

Ми беше мило што ми купил рози бидејќи бев во лошо расположение, а кога го тргна букетот, видов дека го држи прстенот.

Го погледнав и го прашав: „Не можеше да чекаш?“ Ми одговори „Да“ и ми кажа дека зборувал со мајка му, со мајка ми и сите му кажале дека е битно да ме запроси кога тој сака, а дека не е битно како.

Потоа клекна на едно колено и ме праша дали ќе се омажам за него и, нормално, кажав „Да“.

Тоа беше моментот, немаше некоја голема организација со фотографии и слично, туку беше кај нас дома, спонтано, смешно и слатко (а и Луна беше таму, што за мене беше најбитно).

После запросувањето излеговме на пијачка и вечера, и сите околу нас нè прашуваа дали штотуку сме се вериле, бидејќи беше многу очигледно.

kjara-kjerkata-na-helena-roza-za-crnobelo-stefan-sam-go-dizajnirashe-dijamantskiot-prsten-pobara-blagoslov-pred-da-me-zaprosi-18.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Фитнес моделот Стефан Спирковски кампуваше на вториот крак во Грција: „Најважно ми е да е чисто, шат... „Нема поубаво од камп и добро друштво, плажата ти е постојано на дофат и ноќи по...
Барбара Поповиќ за CRNOBELО: „Имам италијански корени, ќе пеам на Сан Ремо“ „Од македонските музичари најблиска сум со Иван Јованов од Либеро бенд. Тој ми е...
Дарко Илиевски за татковството: „Синот првата ноќ по раѓањето беше на мониторинг - јас не му ја испу... „За синот Матео, идејата за името беше на сопругата, а неговото средно име го из...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg