Бобан Пешов речиси 30 години живее во Италија: „Тука сум пораснат, во Македонија повеќе се чувствувам како странец“

Бобан Пешов (36), по потекло од село Трсино, Виница, се преселил во Италија со своето семејство кога имал само 7 години. Живее во близина на Алба со сопругата Марјана, ќерката Грета (6) и синчето Енеа (1).

boban-peshov-ilustrator-vo-italija-01.jpg

Иако по професија е дипломиран архитект, работи како карикатурист и илустратор.

„Во Италија сум од 1996, живееме во близина на Алба. Имав неполни 8 години кога се преселивме заедно со моите родители и брат ми. По професија сум дипломиран архитект. Во Италија почнав во училиште од второ одделение, значи израснав овде и се приспособив одлично во средината.

Мојата сопруга се пресели во Италија за да студира овде. Напорни беа првите неколку месеци додека да го научи јазикот, но потоа адаптирањето одеше лесно. Заедно сме речиси 15 години“.

boban-peshov-ilustrator-vo-italija-03.jpg

Во интервју за CRNOBELO.com тој открива повеќе детали за животот и работата во Италија... 

Работите како илустратор на стрипови - колку се цени оваа работа таму?

Илустрирам стрипови, во овој момент работам на проект (графички новели со мои содржини и илустрации) со голема издавачка куќа, Tunué од Рим.

Овде продажбата на стрипови е голема, љубовта кон стриповите е посебна.

boban-peshov-ilustrator-vo-italija-19.jpg

Во Италија има голем број саеми од оваа област, а еден од најголемите на светско ниво е Lucca Comics.

Овој саем е најзначаен за мојата професија и голема шанса за сите почетници да се претстават пред голема публика и да стапат во контакт со најголемите издавачки куќи.

boban-peshov-ilustrator-vo-italija-13.jpg

Постојат ли стереотипи за Македонците во Италија? Дали некој сè уште ве смета за странец?

Можам да кажам дека јас повеќе се чувствувам како странец во Македонија, сепак тука сум пораснат. Најголем дел од стереотипите се поврзани со Југославија.

Во околината каде што живеам има многу Македонци. Сите сметаат дека сме вредни и чесни работници.

boban-peshov-ilustrator-vo-italija-14.jpg

За позитивните и негативните страни на Италија, Бобан вели:

„Италија е држава со голема историја на архитектура и уметност. Секој регион има посебна убавина. Единствено нешто на што не можам да се навикнам се некои луѓе кои промовираат негативни фашистички идеи.

Здравствениот систем фукнционира одлично, хигиената во Северна Италија е на некое ниво, за разлика од Јужна Италија и периферијата на големите градови како Рим и Наполи.

Има голема бирократија и институциите честопати се бавни. Многу е лесно да стекнете пријателства овде, секогаш се расположени за дружење“.

boban-peshov-ilustrator-vo-italija-02.jpg

Што ви е омилено од италијанската кујна? Дали би рекле дека готвите како Италијанец?

Обожавам да готвам италијански специјалитети, можам да се пофалам дека сум навистина добар во кујна. Наполитанската пица ми е омилена. Од време на време со сопругата знаеме да зготвиме и тавче гравче и зелник.

boban-peshov-ilustrator-vo-italija-04.jpg

5 работи кои секој треба да ги има на ум пред да се пресели во Италија?

- Овде има навистина голема можност за вработување во различни сектори.

- Храната е прекрасна.

- Здравството е загарантирано за секого.

- Има голем број Македонци кои ќе ви помогнат лесно да се адаптирате во околината.

- Италија е голема држава која нуди прекрасни места за одмор, релаксирање, култура и уметност.

boban-peshov-ilustrator-vo-italija-15.jpg

Колку често доаѓате во Македонија? Би се вратиле ли да живеете овде?

Во Македонија доаѓаме еднаш во годината, во летниот период. Немам некоја посебна носталгија бидејќи сум пораснат во Италија и сепак Македонија ми е втор дом.

Никогаш не се знае, но во моментов мојата иднина ја гледам во Италија.

boban-peshov-ilustrator-vo-italija-10.jpg

На следната страница уште неколку фотки од стриповите и илустрациите на Бобан:



Би можело да ве интересира:

Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Вероника Караколева, оперска пејачка: „Не јадам 3-4 часа пред настап, избегнувам комуникација за да ... „Толку ми е силна љубовта кон музиката што не можам да се замислам ниту еден ден...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg