Бобан Алексов живее 6 години во Данска: „Заминав 'на слепо', работа најдов случајно на Фејсбук, животот тука ми е поевтин“

Боби Алексов (37) од Скопје, 6 години живее во Оденсе, Данска. За себе вели дека е среќно разведен татко на 3 деца кој сака да ризикува и е горд што сосема случајно преземал чекор да замина и да работи во друга земја. 

bobi-aleksov-37-zivee-6-godini-vo-danska-zaminav-na-slepo-slucajno-najdov-rabota-na-fejsbuk-ovde-se-funkcionira-sovrseno-01.jpg

„По струка сум угостител и работам скоро 18 години како пица мајстор. Имам работено во многу ресторани и пицерии во Скопје и пошироко – ќе се сетите на Занзибар, Дал Фуфо, Баста, АлоАло, Пекара Коки.. Имав и моја пицерија пред многу години - Пицерија 23 во Козле, мотивот заради и кој дојде да се разочарам и ја напуштам Македонија“, вели Боби Алексов (37) од Скопје.

Во интервју за CRNOBELO.com споделува како Данска му станала дом:

Како се одлучивте да заминете во Данска? Беше ли тешко прилагодувањето и селидбата?

Оденсе е трет најголем град во Данска со преку 200 илјади жители. Изборот да заминам беше случаен и непредвиден.

Бев разочаран од моментот кога ми ја затворија пицеријата, што повлече многу дополнителни трошоци за мене. Опаднав и физички и психички. После тој момент решив да заминам – по природа сум авантурист, претходно имав живеено 1 година во Чешка, сакам промени и лесно се прилагодувам.

20220605_112952.jpg

Дојдов овде буквално „на слепо“. Имаше оглас за работа на една страница на Фејсбук, се слушнав со работодавачот, купив карта за авион и заминав да си ја пробам среќата. Тогаш поранешната сопруга и синот останаа во Скопје, јас отидов сам.

Пријателите и семејството не веруваа дека сум донел ваква одлука.

Првите неколку месеци не беше лесно, газдата – Балканец, не ми плаќаше според ветеното, си заминав, но после неколку месеци добив договор и подобри услови за работа, сместување во апартман со еден цимер за после 4 месеци да ја повлечам и фамилијата.

bobi-aleksov-37-zivee-6-godini-vo-danska-zaminav-na-slepo-slucajno-najdov-rabota-na-fejsbuk-ovde-se-funkcionira-sovrsenobobi-aleksov-37-zivee-6-godini-vo-danska-zaminav-na-slepo-slucajno-najdov-rabota-na-fejsbuk-ovde-s.jpg

За мене е лесно да се прилагодам секаде. Јас мислам дека и во Сахара да завршам ќе создадам оаза. Таков сум по природа што би рекле пријателите тука - да не сум постоел, требало да ме измислат. ?

Становите би рекол дека има и скапи и евтини – зависно што барате и каде сакате да живеете. Најголем проблем во селењето се депозитите што се плаќаат и тие изнесуваат и по неколку илјади евра.

Јас живеев во неколку различни места. Апартманите за студенти се околу 2.500 до 4.000 дански круни месечно или во евра тоа е од 300 до 520 евра за 25 до 40 квадрати.

Куќите или становите се од 600 до 1.000 евра месечно за од 65 до 100 квадрати и тоа зависи во кој дел од градот. Ако живеете заедно со партнер или фамилија и имате заеднички приходи не е скапо, но за сам тоа е многу.

Од прилагодувањето, тешко беше за синот да се адаптира во градинка, но постепено фати ритам и сега е одличен. Во меѓувреме во Данска ми се родија уште две деца, син и ќерка.

20210713_133134.jpg

Какви луѓе се Данците и дали е лесно да се прилагодиш на нивниот начин на живот? Што ви беше најчудно кога се преселивте?

Најчудно кога се преселив ми беше чистотата и системот кој функционира како саат во државата. Едноставно нема гужви и малтретирање, сѐ функционира од мобилен.

Има совршено организиран јавен превоз, но велосипедите се најзастапени во сообраќајот.

Јас живеам моментално во строг центар на Оденсе и плаќам 22.000 денари кирија за апартман.

boban-aleksov-zhivee-6-godini-vo-danska-zaminav-na-slepo-rabota-najdov-sluchajno-na-fejsbuk-zhivotot-tuka-mi-e-poevtin-005.jpg

Многу луѓе ќе кажат за Данците дека се ладни, сурови, без чувства, но јас би рекол дека се директни. Точно е дека се различни од нас. Не ги дискриминираат странците и се љубезни.

Точно е дека сакаат ред, дисциплина и перфекција - така се воспитани и ние странците сме тие со различни култури што им го рушиме системот, па затоа се лутат понекогаш. 

boban-aleksov-zhivee-6-godini-vo-danska-zaminav-na-slepo-rabota-najdov-sluchajno-na-fejsbuk-zhivotot-tuka-mi-e-poevtin-003.jpg

Дружбите им се обично за викенди, во деновите преку недела сакаат да одморат по работа.

Си ја сакаат слободата, сакаат да спортуваат. Ако сакате да се договорите да излезете на кафе или пиво во работен ден, мора точно да најавите со време, па ќе ви кажат дали ќе имаат простор да ве стават во план за дружење.

Искрено, јас уживам овде, лесно се прилагодив на нивните навики и начин на живот.

boban-aleksov-zhivee-6-godini-vo-danska-zaminav-na-slepo-rabota-najdov-sluchajno-na-fejsbuk-zhivotot-tuka-mi-e-poevtin-004.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg